Naples & Amalfi Coast I 8ми Март 2020

Неапол

Име на сместување
Држава
Дестинација

NAPOLI & AMALFI COAST!

Авионска програма

06.03 - 09.03.2020

(4 дена / 3 ноќевања)

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината, родниот град на прочуениот архитект Бернини...Град кој изобилува со култура, театри, оперски куќи, статуи и споменици ... Град – музеј на отворено, чие што централно јадро е под заштита на УНЕСКО. Град, за кој што неможе да се раскаже, едноставно МОРА ДА СЕ ПОСЕТИ !!!

ПРОГРАМА:

1 ден – 06.03.2020 (Петок): СКОПЈЕ - СОФИЈА- НЕАПОЛ

Состанок на групата во договорено време и место за трансфер до аредромот во Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија. Полетување кон Неапол со директен лет, во  21:10 часот. Пристигнување на аеродромот во Неапол во 22:55 часот. По пасошка и царински формалности следува трансфер до хотел и сместување.Ноќевање.

2 ден - 07.03.2020 (Сабота):НЕАПОЛ – ПОМПЕА - НЕАПОЛ

Појадок. После појадокот следува посета на едно од најголемите археолошки наоѓалишта на светот, остатоци од древниот римски град, кој ерупцијата во 79-та година во новата ера го уништила и прекрила буквално со метарски висока вулканска пепел, поради што овој град останал одлично сочуван се до 1700 година, кога случајно бил откриен. Ископани се голем дел од градбите, па во текот на прошетката може да се видат куќи, фонтани, форуми, театри, купатила, како и начинот на кој се живеело пред скоро 2000 години. Слободно време. Враќање во Неапол каде што следи панорамски разглед на градот и неговите знаменитости: Teatro di San Carlo – галеријата Umberta I – Piazza Plebiscito - Castel Nuovo – Кралската палата. Бучен и полн со луѓе, возбудлив во својот хаос, Неапол има се што е потребно да биде град кој треба да се види. Прекрасни градби, одлични музеи и секако да не се заборави и надалеку познатиот гастрономскиот момент. Дали знаете дека Пицата „Маргарита“ го добила своето име по кралицата Маргарита, која го посетила градот во 1889 година и посакала да проба некој неаполски специјалитет. Специјалитетот кој бил направен во нејзина чест е пица која содржи моцарела , сос од домати и ливче босилок - боите на италијанското знаме. Првата пицерија во светот, Antica Pizzeria Port'Alba, е отворена во 1830 година во Неапол. Во слободното време што следи потрудете се да посетите некоја од познатите пицерии , каде што и ден денес се чека ред да се вкуси тоа историско парче Маргарита. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден - 08.03.2020 (Недела): НЕАПОЛ-СОРЕНТО, ПОЗИТАНО, АМАЛФИ, РАВЕЛО, НЕАПОЛ

Појадок. Наш предлог за денешниот ден (факултатива) се трите града кои дефинитивно ќе ви го одземат здивот уште на првиот поглед. Магично вметнат помеѓу синото небо и светло обоената морска вода, Амалфи брегот изгледа како да е создадено од палетата на некој сликар, па буди чувство на воудушевување и нереалност. Првиот град кој ќе го посетиме е Соренто – шармантен град кој се протега на долга карпа во прекрасен амбиент на маслинови гранки и лимонови дрвја, со поглед на Везув, јужно од Неапол. Тврдината го дели градот на два дела, стариот град од една страна и приградската област од хотели од другата страна.  Продолжуваме со автобусот да се движиме по патот полн со завои и кривини, кои ги сечат плантажите со лимони, се до нашата следна дестинација Позитано. Селце со карактеристични колоритни куќи изградени на стрмните морски карпи. Ова место секоја година се наоѓа на сите можни листи на места кои мора да ги посетите. Кратка пауза за фотографирање и го продолжуваме патот кон Амалфи, најпознатото место на овој брег. Од главниот плоштад, каде што се наоѓа градската фонтана, се искачуваат скали кои водат до бронзената врата на катедралата од 11 век, што го дава главниот печат на овој симпатичен град. Во криптата на катедралата лежи нејзиниот покровител, апостолот Св. Андреј. Слободно време за кафе, ручек, шопинг на сувенири или надалеку познатото Лимончело -  ликер со вкус на лимон. Во договорено време продолжуваме со искачување кон градот Равело, мал град на 350 метри надморска височина и прекрасен поглед кој вечно ќе биде врежан во Вашата меморија. Равело од секогаш привлекувало богати и славни посетители, уметници и уживатели на природните убавини. Ова е уште едно место под заштита на УНЕСКО, како што е и целото Амалфи крајбрежје. Разглед на Катедралата, Вила Руфоло од 13 век, Оскар Нимер Аудиториу. Враќање во Неапол и слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден - 09.03.2020 (Понеделник): НЕАПОЛ – СОФИЈА - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за последни прошетки, кафе , пица или шопинг во еден од најдобрите аутлет центри во Неапол. А ние пак за овој ден ќе ви предложиме да се симнете во централната метро станица Толедо. Отворена е во 2012 година и оттука се стигнува до најпознатата шопинг улица во Неапол, виа Толедо. Станицата "Толедо" стана вистинско уметничко дело. Ѕидовите и таванот, благодарение на сино-белиот мозаик со мали детали, создаваат илузија на снег што паѓа во снегулки. Прекрасното осветлување го прави просторот фантастичен, нереален. Во договорено време, организиран трансфер до аеродром. Летот за Софија е во 22:30 часот. Слетуваме на аеродромот во Софија во 00:55 часот. По завршени царински формалности, следува трансфер до Скопје.

ОСЛОБОДЕНИ 4 МЕСТА!

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ -  319€ (19.778 МКД) 

РЕДОВНА ЦЕНА: 339 € (21.018 МКД) - ПО ЛИЦЕ

ЦЕНA - 379 € (23.498 МКД) – ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Трансфер Скопје – Софија – Скопје
  • Директен лет на релација Софија - Неапол - Софија со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ) до 8кг и максимални димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел Garibaldi 3* (или сличен) - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси по лице - 3.720 денари;
  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба;
  • Туристичка такса (се плаќа на рецепција при пријавување во хотелот);
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;

ФАКУЛТАТИВИ

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 115 €

Цени за Факултативи:

  • Организирана факултативна посета на Помпеја: 60 € (влезница + трансфер + придружник)
  • Организирана посета на Соренто, Позитано, Амалфи, Равело: 65 € (трансфер + придружник);

Напомена:

Поради потребата од резервирање на превоз за реализирање на факултативните излети, потребно е пријавување за истите да биде при резервација на аранжманот. Минимум потребни патници за реалзација – 20.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 25 пријавени лица;
  • За ова патување потребно е да поседувате патна исправа која има валидност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели - Зима 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk