Пролет во Дубаи 2020

Дубаи

Име на сместување
Држава
Дестинација

ДУБАИ – ЗЛАТЕН СЈАЈ И ПУСТИНСКА МАГИЈA 

7 ноќи / 8 дена

Дати Пролет 2020:  07.03 / 28.03 / 29.03 / 17.04 / 01.05

Додадени знаменитости за време на екскурзиите во Дубаи !

  • Посета на познатата рамка -DubaiFrame
  • Посета на единствената покриена ски патека на Блискиот Исток во TheMallEmirates
  • Пауза за кафе и фотографирање на Палмата - “ThePointe”, од каде се открива една воудушевувачка глетка на AtlantisthePalm
  • Прошетка на BlueWaterIsland – островот каде што се наоѓа „DubaiEyeнајголемото панорамско тркало во светот !
  • Вклучена посета на Претседателскиот дворец „ QasrAlWatanза време на турата до Абу Даби!

ПРОГРАМА

1 ден

Средба со групата на аеродромот во Софија (Терминал 2) во 11: 30 ч. Полетување за Дубаи во 14:10 ч. Со авиокомпанијата Флај Дуаби. Слетување на аеродромот во Дубаи во 20: 55ч. Трансфер до избраниот хотел и сместување. Ноќевање.

2 ден

Појадок. Целодневен разглед на Дубаи вклучително со DubaiFrame – архитектонско дело што представува голема рамка за слика, ски патеката и најновото место на познатата Палма - ThePointe”. Денес ќе го разгледаме второто по големина емирство во ОАЕ. Арабската приказна ќе ја започнеме со едно од најновите знаменитости во Дубаи – РАМКАТА - DubaiFrameкоја што официјално е промовирана на 1ви јануар 2018 година во прекрасниот парк Zabeel. Проектот ја раскажува приказната за минатото, сегашноста и иднината на Дубаи. Две стаклени кули од 150 метри меѓусебно поврзани со делумно транспарентен мост од 93 метри, каде што посетителите може да уживаат во 360 степена панорама на градот. Северот ги покажува знаменитостите на стариот Дубаи –Деира и Бур Дубаи, а на југ се гледаат модерни трговски центри и популарни облакодери. После тоа ќе се упатиме кон новиот дел на Дубаи.Овде не очекуваат серија од архитектонски фантазии претворени во реалност – интересен контраст помеѓу испочитуваните стари традиции и ултрамодерниот луксуз. Ќе го видме највисокиот облакодер во светот Burj Khalifa, ќе застанеме за фото-пауза пред 7- ѕвездениот хотел BurjalArab, како иMadinat Jumeirah, кој го нарекуваат и “Арабска Венеција” , следно ќе го посетиме Mall of the Emirates, каде што ќе имаме можност да ја видиме најголемата покриена ски патека на Блискиот исток. Слободно време за јадење или кафе пауза (не е вклучено во цената). Разгледот ќе го продолжиме упатувајќи се кон вештачкиот отров ThePalmJumeirah, ќе застанеме на кратко за фотографирање на прекрасното крабрежје Pointe, од каде што се открива најубавата глетка на велелепниот и луксузен хотел„Atlantis The Palm”. Ќе продолжиме кон новата DubaiMarinaи ќе застанеме повторно на фото пауза до највпечатливиот облакодер во таа област Кајен Кулата. Кулата Кајан се издига кон небото во спирална форма и изгледа како да ги допира облаците. Интересно е дека оваа кула всушност има функција на зграда, односно претставува станбен објект. Дизајнот на кулата е инспириран од човечкиот ДНК, па секој кат е завртен за 1,2 степени за до врвот да формира потполна спирала од 90 степени. За крај на овој прекрасен ден ќе имаме можност да го набљудуваме залезот на сонцето над прекрасното крајбрежје на Дубаи Марината, патувајќи кон познатиот остров BlueWaterIsland”, каде што ќе го видиме најголемото панорамско тркало кое што поставило неколку рекорди на Гинис (сеуште официјално не е отворено). На островот се наоѓа уникатниот 5то ѕвезден комплексCeasersBluewaterDubai”,како и многубројни објекти и ресторани меѓу кои ќе можеме да се прошетаме. Враќање назад во хотелот.Ноќевање.

Корисни информации за екскурзијата:
Целодневна екскурзија, вклучена во пакетната цена, со водич на бугарски јазик. Трансферот е организиран со климатизиран автобус, но има и кратки пешачки разгледи, времетраење околу 8-9 часа.

3 Ден

Појадок.Слободно време за плажа, одмор и забава или избор на дополнителна екскурзија.

  • Дополнителна екскурзија – Магијата на отворените пазари на Истокот, со ручек во локален ресторан. Тргнување наутро во 09:00 ч. Цена 40 € (деца до 12 години – 35 € )
    Екскурзијата ќе ја започнеме со посета на пазарот за текстил, каде што ќе наидеме на изобилие од коприна, кашмир и најрзновидни текстилни производи.Продолжуваме од другата страна на Dubai Creek, природниот воден пат, кој го дели градот на два дела Деира и Бур Дубаи. Ќе имате можност да осетите едно возбудливо пловење со традиционалното водено такси наречено “абра“. Екскурзијата продолжува со пазарот на зачините, парфемите и популарниот “Златен пазар“. Тука ве очекува разнолик мирис на измешани зачини, изобилие од јаткасти плодови,  ароми на арапски слатки, а златарските работилници ќе ве остават без здив од раскошниот накит и беспрекорната изработка. На крајот од прошетката  ќе посетиме продавница , во која ќе можете да одберете и купите различни сувенири а за крај следува богат оброк во локален ресторан. Корисни информации за екскурзијата: Оброкот е во локален ресторан , со голем избор на специјалитети (во цената е вклучен еден безалкохолен пијалок). Поголем дел од турата е пешачка. Времетраење околу 5 часа.
  • Дополнителна ескурзија – Бурџ Халифа и Дубаи Мол –Тргнување во 18:30 ч. Цена 55 € (деца до 12 години 45 €)
    Неопишиво чувство е да се искачите на врвот на највисоката некогаш изградена конструкција. Со своите 828 м. и 206 катови од кои последниот на 626 метри, Кулата на Халифа , преведено од арабскиот Burj Khalifa, држи рекорд во над 14 категории за “нај“.Повеќе од 1.000 уметнички предмети ја украсуваат внатрешноста на Бурџ Халифа, додека главниот ходник содржи 196 бронзени и уметнички плочи од месинг, кои ги претставуваат 196-те земји во светот. Посетителите на овој простор се во можност да слушнат различни бои на звук, бидејќи плочите се обложени со 18-каратно злато, а звукот се произведува со протек на вода, што создава звук како звукот од вода што тече врз лисје. Турата ќе започне со разглед на Дубаи Мол, најголемиот во свет трговски центар, дел од комплексот Бурџ Калифа. Ќе видите некои од највпечатливите содржини на трговскиот центар, како аквариумот и подземната зоолошка градина, лизгалиштето со олимписки димензии, KidZania – современ концепт на грижа за деца, парк за виртуелна реалност и уште многу други невообичаени и единствени содржини ...а потоа со најбрзиот лифт во светот за 124 секунди ќе се искачиме до 124 кат каде што се наоѓа опсерваторијата “На врвот“ - “At the top “. А што не очекува после ова? Нема крај на интересните работи во Дубаи. Величественоста на “Танцувачките фонтани“ – вода која се движи во ритамот на позната музика која цело време се слуша во позадина и неверојатни светлосни ефекти, па и да не го споделиме фактот за рекордните достигнувања на креаторите на фонтаните, тоа вопшто нема да ви смета да ја почувствувате маѓијата од водата што танцува во ритамот на музиката.Корисни информации за екскурзијата: Екскурзијата се резервира и уплаќа во агенција. Точното време за реализирање може да биде променето а зависи од терминот за посета на опсерваторијата. Времетраење околу 4 часа. Во цената е вклучено: трансфер со автобус од и до хотелот во кој што престојувате, водич на бугарски јазик, влезница за качување во опсерваторијата на кулата.

4 Ден 

Појадок.Слободно време за плажа, одмор и забава или избор на дополнителна екскурзија.

  • Дополнителна екскурзија : Забава на катамаран.Цена 60 € (деца до 12 години – 45 €) Тргнување во 10:00 ч. , за реализација потребно минимум 20 пријавени .
    Прекрасна утринска прошетка на палубата од луксузна јахта. Ве очекува воудушевувачки панорамски разглед околу  The Palm Jumeirah , портата на хотелот Atlantis The Palm, луксузниот хотел  Burj Al Arab и Дубаи Марина, од вода. Пловејќи по мирните води на Арабскиот залив ќе имате можност да уживате во убавата музика на бродот, лесни закуски и неограничени безалкохолни пијалоци и минерална вода.
  • Вечерта во 18:00 ч. : Посета на забавниот паркGlobal Village. Цена за возрасен 40 € (деца до 12 години – 25 €) – минимум за реализација 20 луѓе
    Комплексот е место за забава како за деца така и за возрасните. Представува збир од атракции, сцени за концерти, ресторани, луна парк, зелени површини и 30 павиљони , каде што се представуваат 75 држави од светот. Овде можете да си купите оригинални производи од целиот свет: природни масла од Африка, памучна облека од Египет, кожни изработки од  Авганистан и уште многу други работи. Времетраење на посетата околу 5 часа. Екскурзијата вклучува : трансфер од и до хотелот, влез во Global Village, водич на бугарски јазик. Екскурзијата НЕ вклучува: храна и пијалоци, влезници за атракциите и луна паркот што се составен дел селото. Забелешка: Паркот е отворен за посетители од почеток на месец ноември до поќеток на март месец. Не е дозволен влез по кратки панталони, бермуди или сукњи над колена.

5 Ден   

Појадок.Слободно време за плажа, одмор и забава или избор на дополнителна екскурзија.

  • Дополнителна екскурзија: Абу Даби со вклучена посета на Претседателскиот дворецQasrAlWatan. Тргнување наутро во 09: 30 ч. Цена 65 € (деца до 12 години – 55 €)
    Пред само 80 години Абу Даби не беше ништо повеќе од обично рибарско пристаниште, сместено на еден остров во непосредна близина на копното, познато по трагачите на биесери. Денес Абу ДАби – главниот град на Емиратите, плени со мажепсувачкиот сјај на белиот песок, тиркизните води, среденоста и повторно неверојатните архитектонски градби. На самиот влез во градот ќе го посетите островој Јас - Yas Island – познат по пистата за Гран При на формула 1 (не е вклучено посета на пистата) и брендираните продавници на забавниот парк Ferrari World. Кратко слободно време за прошетки во Yas Mall. За оние кои што би сакале да останат повеќе време во Ferrari World, слободно можат да останат и да се приклучат кон групата покасно во текот на денот. Се упатуваме кон најновиот музеј во Абу Даби – Лувр (фото-стоп однадвор), кој што е прва имитација на светски познатиот истоимен музеј надвор од Франција. Модернистичкиот музеј, дизајниран како „навидум лебдечка куполна структура“, поради пробиванњето на сончевите зраци низ куполата составена од метални ѕвездички. Целокупниот ефект има за цел да претставува зраци на сончева светлина што минуваат низ палмите од пустинските оази или “дожд од светлина“. Белите ѕидови го доловуваат ефектот – одраз на вода од Персискиот залив. Ветерот што доаѓа од заливот ги лади темните ходници. За разлика од другите музеи, каде што поделбата е хронолошка, по стилови или направена по други обединувачки критериуми, Лувр во Абу Даби спојува универзални теми и меѓукултурни влијанија од праисторијата па се до денес. После паузата пред Лувр, се упатуваме кон градот и ќе влеземе во традиционално село HeritageVillage. Се наоѓа на самиот морски брег и нуди прекрасен поглед кон целиот град. Овде ќе можете да погледнете како изгледал живото на мештаните и нивните средства за живот пред откривањето на црното злато. Кратка пауза за јадење, кафе или шопинг во Марина Мол Абу Даби. Ќе го разгледаме и импозантниот хотел EmiratesPalace(пауза за фотографирање од надвор), изграден во типичен арапски стил, која што архитектура потсека на дворец од бајките. Следува посета на Претеседателскиот дворец Qasr Al Watan“. Најновото и уникатно обележје во ОАЕ. Qasr Al Watan“ е повеќе од палата, тоа е единствено сведоштво за духот на луѓето и нивните лидери од Обединетите арапски емирати. Палатата ги повикува посетителите во еден современ амбиент да ја сподели сопствената културата и знаење. Палатата ви нуди можност да се воудушевувате на велишествените ходници, кои со сигурност ќе ви го одземат здивот поради архитектонската екстраваганција , која го покажува богатото арабиско наследсво на регионот.Ќе научиме повеќе за владателите и институициите, кои што ја оформиле таа голема нација. На враќање кон Дубаи уште еднаш ќе се запрепастите од велелепноста на белата џамија „Шеик Зајед”. Ќе имате можност да ја посетите и да се опуштите во широчината, просторот и белото спокојство.Забелешка : ако дојде до промена на часот за посета на џамијата, програмата може да претрпи промена и да се реализира по обратен ред во однос на разгледувањ на знаменитостите. Корисни информации: Екскурзијата е целодневна и се реализира со водич на бугарски јазик. Патувањето од Дубаи до Абу Даби е околу 90 минути во правец. За време на посетата на џамијата , постојат правила во однос на гардеробата на посетителите. Ве молиме внимателно да ги прочитате инструкциите поврзани со тоа , кои ќе ви бидат доставени пред тргнување на турата. Корисни информации за екскурзијата: Екскурзијата е целодневна турнеја со водич на бугарски јазик. Патувањето од Дубаи до Абу Даби е околу 90 мин. За време на посетите на џамијата, постојат правила во однос на гардеробата за мажи и жени. Ве молиме внимателно да ги прочитате за упатствата што ќе ви бидат доставени.

6 Ден 

Појадок.Слободно време за плажа, одмор и забава или избор на дополнителна екскурзија.

  • Дополнителна екскурзија: Градините на Дубаи  - MiracleGarden. Тргнување наутро во 09:00 ч. Цена - 40€ (деца до 12 години – 25 € (минимум 10 пријавени за реализација) вклучен трансфер и влез во градините.
    Ќе уживате во најголемите вертикални и хоризонтални градини што постојат во светот со околу 45 милиони цветни насади, распространети на површина од 72 квадратни километри.Некои од растенијата кои се посадени во градината, никогаш порано не биле одгледувани во персискиот залив, најпопуларни од нив се петуниите и невенот. Интересно е што цвеќињата се посадени така да образуваат најразлични форми.Некои формираат срце, ѕвезди, најразлични кругови а има и поголеми фигури како пирамиди, ретро коли, мостови, водени објекти, разнобојни чадори и многу други фигури (престој во градината е околу час и половина) Забелешка: Градините се отворени за посетители од почеток на ноември до средина на април.
  • Дополнителна екскурзија: Крстарење и вечера на традиционално арабиско бротче (арабиска галија), пловење по Дубаи Марината. Тргнување во 18:00 ч. Цена – 65 € (деца до 12 години – 55 €)
    Прекрасна вечерна прошетка со тој традиционален брод за Индискиот океан. Вечерно ветре, одблесоци од облакодерите околу Дубаи Марината, шаренило од луѓе, вкусна вечера и незаборавно доживување. Корисни информации: Климатизиран превоз од и до хотелот, двочасовна пловидба со галијата, континентална вечера, безалкохолни пијалоци, кафе и чај. Времетраење на крстарењето е околу 2 часа и 30 минути.

7 Ден

Појадок.Слободно време за плажа, одмор и забава или избор на дополнителна екскурзија.

  • Дополнителна екскурзија: Сафари со џип во пустина.Се тргнува после ручек околу 15:00 ч. Цена – 60 € (деца до 12 години – 45 €)
    Оваа екскурзија е дијамантот во круната на возбудливите авантури во Дубаи. Оваа пустинско доживување ќе ви донесе неопишиво задоволство, поради дивото возење низ црвените песочни дини. Срамежливото сонце на заоѓање ќе донесе мека светлина и романтика, а пустинскиот пејсаж ќе ве кани да навлезете се подлабоко во срцето на пустината.Ќе застанете среде црвените дини, ќе го пробате вкусот на арабското кафе и гостопримството на странците. По залезот на сонцето ќе пристигнете во бедуинскиот логор, каде што ќе ви биде сервирана вечера под отворено небо. Овде ќе може да ги исцртате рацете со к’на, да пушите наргиле, да јавате или само да се сликате со камила и сето тоа на тоновите од арабската музика и белиот танц. Корисни информации за екскурзијата: Почеток на екскурзијата 15:00 ч. Траење околу 5 часа. Ќе тргнете од хотелот со сафари џиповите. Екскурзијата не е погодна за бремени жени. За деца до 6 години сафарито е одговорност на родителите и се реализира по потпишување на документ за согласност. За удобност при возењето пожелно е да носите лесна облека и марама на главата.

8 Ден

Појадок. Одјавување од хотелот околу 06:30 ч. Трансфер до аеродром за полетување до Софија во 09:40 ч.Пристигнување на аеродромот во Софија во 13:25ч. Организиран трансфер на релација аеродром Софија – Скопје. Пристигнување во Скопје околу 19:00 часот.

Крај на програмата !

ДАТИ:

07.03 – 14.03/ 28.03 – 04.04/ 29.03 – 05.04/ 17.04 – 24.04/ 01.05 – 08.05

ПАКЕТНИ ЦЕНИ

Хотел По лице во
двокреветна соба
По лице во
еднокреветна соба
Доп. легло во
соба со 2 возрасни
Дете во соба
со 2возрасни
Ibis Dubai Deira City Centre 3* 729 евра 950 евра N/A Дете до 2,99г. без легло 512 евра
Holiday Inn Festival city 4*
Нов хотел!
805 евра 1058 евра 804 евра Дете од 2г до 13 г. без легло – 521 евро
Дете од 2г до 13 г. доп. легло – 804 евра
Novotel Deira City Center 4* 820 евра 1110 евра 789 евра Дете од 2г до 15 г. без легло – 521 евро
Дете од 2г до 15 г. доп. легло – 789 евра
Pullman Dubai Creek City Center 5* 913 евра 1315 евра 804 евра Дете до 12 год без легло 532 евро
Дете од 2г до 12 г. доп. легло – 804 евра

Во цената на аранжманот е влучено:

  • Директен лет Софија - Дубаи - Софија и вклучени аеродромски такси со авиокомпанија Fly Dubai;
  • Рачен багаж до 7 кг. димензии 56/45/25см;
  • Чекиран багаж 20 кг;
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром;
  • Трансфер Скопје – Софија – Скопје;
  • 7 ноќи со појадок во избраниот хотел;
  • Целодневен разглед на Дубаи со водич;
  • Претставник за време на целиот  престој во Дубаи;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезна виза за Дубаи: 90 евра по лице (скен од пасош кој има валидност од минимум 6 месеци + скен од слика во пасошки формат на бела позадина); 
  • Кетеринг во авионот;
  • Дополнителни екскурзии;
  • Лични трошоци;
  • Туристичка такса за престој која се плаќа директно во хотелот и зависи од категоризацијата на истиот
    • Ibis Deira City Centre 3*  (околу 5 евра)
    • Novotel Deira City Centre 4*(околу 7,50 евра)
    • Holiday Inn Festival city 4* - 15 (околу 7,50 евра)
    • Pullman Dubai Creek City Center 5*(околу 9,50 евра)
  • Патничко осигурување.
Дополнителни екскурзии
Име на екскурзијата Цена на возрасен Цена за дете до 12 год. Времетраење од
Магијата на отворените пазари на Истокот и ручек во ресторан . 40 EUR 35 EUR ͌ 5 часа
Бурж Калифа и Дубаи мол 55 EUR 45 EUR ͌ 5 часа
Абу Даби со вклучена посета на
Претседателскиот дворец „Qasr Al Watan”.
65 EUR 55 EUR ͌ 10 часа
Џип сафари во пустина. 60 EUR 45 EUR ͌ 5 часа
Парти Катамаран. 60 EUR 45 EUR ͌ 5 часа
Посета на забавниот парк Глобал Вилидж /Global Village/. 40 EUR 25 EUR ͌ 5 часа
Градините во Дубаи /Miracle Garden/. 40 EUR 25 EUR ͌ 5 часа
Крстарење и вечера на традиционната арабска лодка
Доу /Арабска галера/, пловејќи по Дубаи Марина.
65 EUR 55 EUR ͌ 4 часа

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХОТЕЛИТЕ ПО ПРОГРАМАТА:
Ibis Dubai Deira City Centre 3* Се наоѓа спроти трговскиот центар: Dubai Deira City Centre. На околу200 м. од метро станцата Deira City Centre и на 10 минути од меѓународниот аеродром на Дубаи. Бесплатен Wi-Fi. Хотелот нуди бесплатен трансфер до плажа Ал Мамзар Бийч Парк. Гостите на хотелот можат да користат внатрешен базен и фитнес центар во хотел Novotel Deira
Novotel Deira City Center 4* Хотелот се наоѓа веднаш до Deira City Mall центарот . Хотелот располага со стилски внатрешен базен , фитнес центар. Гостите на Novotel Deira имаат можност да уживаат во медитеранска храна во ресторанот Тала , два модерни бара и 24-часовна услуга во соба за пијалоци и закуски . Хотелот нуди еднодневен бесплатен превоз до плажа Ал Мамзар Бийч Парк.
Holiday Inn Festival city 4* Еден од најновите 4 ѕвездени хотели во Дубаи кој се наоѓа во популарната област на Фестивал Сити. Во близина на хотелот е познатиот шопинг мол "Фестивал Сити", секоја вечер од 19:00ч почнува светлечко ласерско шоу, како и шоути со фонтаните . Собите са пространи, светли и удобно уредени. Гостите имаат можност на користење внатрешен базен и фитнес центар.
Pullman Dubai Creek City Center 5* Хотелот има директна врска со трговскиот центар Сити Центар Деира - еден од најголемите трговски центри во регионот. Собите се модерни и стилски опремени. Ресторанот Медли нуди кујна на отворено и служи интернационални јадења. Во Ла Фабрике, гостите можат да се релаксираат во спортскиот бар. Хотелот располага со внатрешен базен, сауна, фитнес.

Услови за резервација :

  • Патна исправа со миниум валидност од 6 месеци по завршување на патувањето
  • Депозит од 50% од износот по лице.
  • Доплата до 30 дена пред поаѓањето

Рокови за отказ на аранжманот од страна на корисникот на услугата и наплата на пенали:

  • Над 60 дена пред датумот на реализација се задржува износот на депонираниот депозит;
  • Помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на реализција се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на реализација се задржува 100% од вредноста на аранжманот

Тип на транспорт: Авион и Автобус

Забелешки:

  • Цената на аранжманот е изразена по лице, во евра, при упалта во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Во некој од хотелите во Дубаи при пристигнување се остава депозит за мини бар, спа, бар. Доколку депозитот не се искористи ви ги враќаат средствата. Плаќањето може да се изврши во готово или со картичка.
  • Понудата е валидна за минимум број од 20 пријавени патници
  • Во случај на промена на цените на влезниците, истите ќе бидат променети и пресметани.
  • Во случај Корисникот доброволно да го прекине своето патување сите дополнителни трошоци, вклучително и транспортот, се на негов трошок.
  • Корисникот има право да го пренесе своето право на патување до трето лице во временскиот рок според спецификите на дестинацијата, издавање авио билет на меѓународни летови до  30 дена пред поаѓање.

Туроператорот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Сопствен Закуп - Лето 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk