Венеција I 8ми Март 2020

Venice

Име на сместување
Држава
Дестинација

МАРТ ВО ВЕНЕЦИЈА

ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА - ФИРЕНЦА - ПАЛМАНОВА

05.03 - 09.03.2020

(5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА

(05.03.2020 - четврток) | Скопје - Венеција

Состанок на групата во договорено време и место од Скопје. Тргнување кон Венеција преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и цариснки формалности. Ноќно возење.

(06.03.2020 - петок) | Верона – Лидо ди Јесоло

Пристигнување во Верона во претпладневните часови. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не заборавајте и не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел.Слободно време за одмор. Ноќевање.

(07.03.2020 - сабота) | Лидо ди Јесоло - Фиренца

Појадок во хотел. Слободен ден или можност за факултативна посета со локален водич на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата - Фиренца: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

(08.03.2020 - недела) | Венеција - Палманова - Скопје

Појадок во хотел. Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век, плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде...Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Попатна пауза во Палманова, доколку времето дозволува, можност за шопинг и кафе пауза. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

(09.03.2020 - понеделник) | Македонија

Пристигнување во Скопје во пладневните часови. 

ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 26.02 - 128 € (7.936 МКД)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 138 € (8.556 МКД) 

*Можност за плаќање на рати без  камата или кредит преку штедилница ФУЛМ!!! 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло на услуга 2 ноќевања со појадок;
  • Организација на аранжманот;
  • Придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Верона - 10 € (превоз и разглед со претставник од агенцијата) - задолжителна факултатива;
  • Разглед на Венеција со локален водич + превоз со брод на релација Пунта Сабионе - Венеција - Пунта Сабиони - 20 €;
  • Посета на Фиренца - 45 € (превоз + локален водич) - минимум 30 пријавени патници;
  • Туристичка такса која се плаќа во хотел (1 € по лице од ноќ, се плаќа во агенција);
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели - Зима 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk