Селин Дион во Загреб 2020

Загреб

Име на сместување
Држава
Дестинација

СЕЛИН ДИОН ВО ЗАГРЕБ !!! 

Селин Дион е една од најпопуларните, најценетите и најуспешните изведувачи во историјата на поп музиката. До своја осумнаесет годишна возраст освоила многубројни награди.Беше доминантна на топ листата во 90тите, а продаде околу 250 милиони албуми во текот на својата 35 годишна кариера. Добитничка на пет Греми награди, две награди од Академијата, седум Американски музички награди, 20 Juno награди (во Канада) и неверојатни 40 Феликс награди (Quebec). Со наградата “Diamond Award” во 2004 година се потврди нејзиниот статус како најпродаван музички уметник на сите времиња, а во 2016 година Billboard Music Awards и ја додели наградата за животно дело. Музичкиот спектакл на оваа музичка дива е концерт кој мора да се доживее!

Не пропуштајте ! Сега и којзнае кога повторно, толку блиску до нас !

ПРОГРАМА:

1 ден (04.06.2020 – четврток): Скопје – Загреб

Состанок со групата и поаѓање за Загреб во вечерните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден (05.06.2020 – петок ): Загреб – концерт на Селин Дион

Пристигнување во претпладневните часови во Загреб. Разглед на градот: Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрани. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладнвните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во договорено време состанок на групата пред хотел. Следи организиран трансфер  кон Арена Загреб каде ќе се проследи концертот на музичката дива  Селин Дион. По завршување на концертот , организиран трансфер до хотел.Ноќевање.

3 ден (06.06.2020 – сабота ): Загреб  – Македонија

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За љубителите на природата можност за посета на познатите Плитвички Езера (факултативно).Прогласени се за национален парк од 1949 година и представуваат најстар и најпосетен хрватски национален парк.Шумовит планински крај во кој се наоѓаат 16 различни по големина езера, исполнети со кристална модрозелена вода. Езерата добиваат вода од многубројни реки и потоци а меѓусебно се споени со водени каскади и водопади. Неповторлива убавина која што вреди да се посети. Во договорено време со представникот на агенцијата се поаѓа за Македонија. Патување назад со попатни паузи за одмор и пасошки и царински формалности. Пристигање во Македонија околу полноќ. 

Цена по лице: 204€ (Блок 308)
Цена по лице: 224€ (Блок 303)

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на релацијата по програмата,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Загреб, на база 1 ноќевање со појадок,
  • Разглед на Загреб
  • Влезница за концертот на Селин Дион
  • Професионален туристички придружник од агенцијата,
  • Организација од туристичка агенција.

Во цената не е вклучено:

  • Факултативна посета на Плитвички Езера (превоз, влезница и водич)
  • Патничко осигурување,

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот5 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Сопствен Закуп - Лето 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk