Париз I 08.11 – 11.11.2019

Париз

Име на сместување
Држава
Дестинација

ЕСЕН ВО ПАРИЗ

08.11.2019 – 11.11.2019

4 дена/3 ноќевања

Авионска програма ОД СКОПЈЕ 

Париз - градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така...

ПРОГРАМА

1 ден (08.11.2019 - петок) | Скопје - Париз

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:00 часот. Полетување кон Париз во 18:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 21:05 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до Париз (90 km). Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (09.11.2019 - сабота) | Разглед на Париз - Лувр  

Појадок во хотел. По појадокот започнува приказната за Париз со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (метро и пешки), каде ќе имаме можност да ги посетиме Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint GermainSorbonneLouvreChamps Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalidesConcorde BastilleRepubliqueVendomeTrocadero, Etoilе. По разгледот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден (10.11.2019 - недела) | Версај - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена - Мулен Руж

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km со рер), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чија што програма започнува во 23:00 часот, а секако можност за прошетка низ познатата улица Пигал. Слободно време. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден (11.11.2019 - понеделник) | Монмартр - Сакр Кер - Буве - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. По појадокот можност за прошетка по Монмартр со метро и придружба на нашиот водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 21:35 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 00:15 часот.  

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 299 € (18.538 МКД) - РАСПРОДАДЕНО 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 359 € (22.258 МКД)

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ - 409 € (25.358 МКД) – ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ

*Ограничен број на места!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Париз - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • Сместување во ibis Paris La Défense Centre Hotel, на услуга BB;;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Пратител од агенцијата за време на целото патување;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси - 3.720 денари;
  • Туристичка такса 1.50 € по лицен на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Патничко осигурување;
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро - 14.1 € (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција);

ДИЗНИЛЕНД: 

Можност за посета на Дизниленд во денот во кој Вие ќе одлучите. Трансфер со метро и Дизни бус или со брз воз - рер. Цената се утврдува при уплата од причина што може да дојде до промена на истата од страна на Дизниленд.  

ФАКУЛТАТИВИ

Пакети:

  • Панорамски разглед и посета на Лувр - 57 €;
  • Версај, Ајфелова кула, крстарење по Сена - 89 € / 98 €; (втор/трет кат Ајфелова кула)

Цени за уплата во агенција:

  • Панорамски разглед на Париз со локален водич - 25 €;
  • Посета на Версај - 60 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер со рер, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
  • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат - 22 €, до трет кат - 30 € (со лифт);
  • Крстарење со брод по Сена - 15 €;
  • Посета на Лувр - 37 € (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • Посета на Moulin Rouge - 115 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
  • Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација);

Цени за уплата на лице место:

  • Панорамски разглед на Париз со локален водич - 30 €;
  • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат 25 €, до трет кат - 33 € (со лифт);
  • Крстарење со брод по Сена - 18 €;
  • Посета на Moulin Rouge - 125 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување за факултативите до 10.10.2019 и минимум пријавени патници за реализација: 16

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk