Санторини I Велигден 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН -  САНТОРИНИ

25.04.2019 – 01.05.2019

7 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА

Куќички од бел камен со плави покриви – Санторини.Симболот на грчкиот туризам,една од најромантичните дестинации во светот. Вулканското срце кое што со годни привлекува туристи, вљубеници на преубавата природа, кристално шиста вода, единствен залез на сонце ...

Санторини се наоѓа во егејското море и припага на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI. Познати се и по одгледување на  познатите  мали санторински домати, со неверојатен вкус, составен дел на преубави специјалитети во санторинските таверни.
На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA,на260 м над површината на морето.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1 ДЕН (25.04.2019 – четврток) : СКОПЈЕ – САНТОРИНИ

Состанок на групата во Скопје во попладневните часови. Поаѓање за Грција , преку граничниот премин и патување кон Пиреа...Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (26.04.2019 – петок) : ПИРЕА – САНТОРИНИ         

Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Поаѓање за Санторини во 07.30 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Трансфер од пристаништето до хотел и сместување. Трансфер од пристаниште до хотел во Камари или Периса (познати турискички места на Санторини). Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови, околу 19:30часот се упатуваме на факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен ритуал кој традиционално го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќи, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот слободно време за разглед на ПИРГОС кој има посебна убавина во ноќта осветлен со светлината од свеќите.Можност за посета на некоја од локалните традиционални таверни кои изобилуваат со голем избор на морска храна. Во доцните вечерни часови во договор со групата и водичот враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (27.04.2019 – сабота) : САНТОРИНИ

Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет...посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш,посета на „црвената плажа“...Продолжуваме кон бродото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир.Пристигнуваме до градот Фира - главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови.Слободно време за индивидуални прошетки низ тесните улички.Во доцните попладневните часови се упатуваме во OIA (Иа) каде ќе имаме можност да присуствуваме на магичниот залез на сонцето , еден и единствен, познат во целиот свет..Во договорено време враќање назад во хотел. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови. Ноќевање.

4 ДЕН (28.04.2019 – недела) : САНТОРИНИ 

Појадок. По појадокот - слободно време или факултативно крстарење во самата лагуна и околните острови...посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер.Патувањето продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните покрај самото море.Крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води.Продолжуваме долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира...враќање во хотел.  Ноќевање.

5 ДЕН (29.04.2019 – понеделник) : САНТОРИНИ 

Ден за слободни активности, индивидуални прошетки, плажа и сончање или факултативна посета на островот ИОС. Се наоѓа на само 2 часа пловење со брод од Санторини...островот има површина од 108км², должина 17км, и ширина 7,5км. Еден од попопуларните Кикладски острови заради бурниот ноќен живот и преубавите плажи. Центарот на сите случувања е главниот град Хора и истиот плени со својата убавина и својата историја во комбинација со модерниот начин на живеење, луди журки и забави, со тоа целосно го оправдува името ,,Грчка Ибица’’.Најпопуларна плажи е  Mylopotas, која е една од најубавите плажи на Егејското море. Постојат многу плажи на Иос, за кои ќе помислите дека сте го доживеале рајот на земјата. Тие се  покриени со прашкаст бел песок, кој се прелева во кристално сино море. По разгледот и посетата на островот Иос, ќе имаме можност и време за слободни активности, индивидуален ручек во некоја од традиционалните локални таверни покрај море, време за прошетка по скалестите и тесните улички на Хора и во вечерните часови повторно со брод пловење према Санторини, пристигнување на пристаниште Атињос, трансфер до хотел. Ноќевање. 

6 ДЕН (30.04.2018 – понеделник) : САНТОРИНИ – ПИРЕА – МАКЕДОНИЈА

Појадок. По појадокот – одјавување и напуштање на хотелот. Факултативна посета на најубавата и единствена од тој вид винарија во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа). Во должина од 300. метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното, во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреја. Пристигнување на пристаниште во Пиреа. Поаѓање за Македонија.

7 ДЕН (01.05.2018 – вторник) : МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Скопје во попладневните часови. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.03.2019 – 219 € (13.578 ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 239 € (14.818 ден.)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација;
  • 4 ноќевања со појадок во хотел 3* или 2*;
  • Превоз со фериброд на релација Пиреа– Санторини – Пиреа;
  • Трансфери пристаниште - хотел - пристаниште;
  • Претставник од агенцијата за време на патувањето;
  • Организација и реализација на програмата.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Целодневен излет низ Санторини - 35 € по лице (минимум 30 лица за реализација)
  • Крстарење со брод - 35 €по лице (минимум 30 лица за реализација)
  • Посета на винаријата – 18 € по лице (влезница+резервација)
  • Целодневна екскурзија на островот Иос (трансфер, хотел-пристаниште-хотел, бродска карта Санторнини-Иос-Санторни, локален водич на островот, разглед на островот, трансфер на островот) - 75€
  • Влезници во културно историските споменици
  • Задолжително здравствено патничко осигурување
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Индивидуални трошоци

ПАКЕТ ЦЕНА ЗА СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ 160 ЕУРА ПО ЛИЦЕ

Цени на факултативи за уплата на лице место:

  • Целодневен излет низ Санторини - 38 € по лице (минимум 30 лица за реализација)
  • Крстарење со брод - 38 €по лице (минимум 30 лица за реализација)
  • Посета на винаријата – 20 € по лице (влезница+резервација)
  • Целодневна екскурзија на островот Иос (трансфер, хотел-пристаниште-хотел, бродска карта Санторнини-Иос-Санторни, локален водич на островот, разглед на островот, трансфер на островот) - 80


ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот5 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. 

За реализација на факултативите потребно миниму 30 лица за реализација. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk