Крф I Велигден 2019

Крф

Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН - ТРАДИЦИОНАЛНО НА КРФ

25.04-30.04.2019

(5 денови / 3 ноќевања)

1ден, 25.04.2019(четврток),Македонија  

Состанок на групата од Скопје. Поаѓање према Крф околу 20:00 ч. преку граничен премин Богородица. Ноќно возење со попатни паузи за освежување.

2ден 26.04.2019 (петок), Игуменица - Крф 

Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот. Сместување во апартмани. Попладнето е резервирано за слободни активности а во договорено време се упатуваме организирано кон стариот град Крф. Во петок е Христовото срадање. Присуството на безбројни туристи, хорови кои го опејуваат страдањето, создаваат атмосфера која го доловува емотивно овој тажен настан. Атмосферата е подкрепена и од повеќе оркестри кои свираат посмрти маршеви од светски познати композитори...Во договорено време враќање во апартманите.  Ноќевање

3,ден 27.04.2019 (сабота) Крф

Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде сто ќе се следи свеченоста по повод Велигден и традиционалното фрлање на ќупови. Точно во 9ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон - заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август - датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат  патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е  да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време - 15:00 Враќање во апартмани. Заминување 21:30 ч назад кон градот за Литургијата и вечерниот марш. Во 23, 30 ч сите се собираат на плоштадот Спианада за да ја слушнат Литургијата. Од црквата Св. Параскева се изнесува осветената свеќа, од која сите носат оган. На полноќ празникот се одбележува и со уникатно светлосно шоу. Во текот на 20 минути небото е осветлено од голем огномет, кој се огледува  во водите на Јонското Море, додека музиката на трите филхармонии се спојува со свечените звуци на црковната песна-откривајќи го Воскресението Христово. Во 1 ч. по полноќ враќање во апартманите.  Ноќевање.

4.ден 28.04.2019 (недела) Крф – Палеокастрица

За денешниот ден предвиден е разглед на  Палеокастрица. Попатно е предвидено да се посети фабриката за правење на слатко и традиционален ликер Ком Куат, направен од мали јапонски портокали.Предвидена е посета на манастирот кој е изграден пред 13 века,старата архитектура, тврдините ...Слободно време па следи враќање назад кон Ипсос. Ноќевање

5.ден 29.04.2019 (понеделник) Крф – Скопје

Ослободување на апратманите. Предлог факултатива за денешниот ден е посета на дворецот на австриската принцеза Сиси – Ахилио, посветен на грчкиот јунак Ахил. Палатата се наоѓа во селото Гастури. Изградена е од Австро-унгарската императорка, познатата принцеза Сиси, која палатата ја користела како своја летна резиденција. Денес палатата е прекрасен музеј, со уредени градини, скулптури, слики и други уметнички дела ...Во пладневните часови се упатуваме со траект кон Игуменица па продолжуваме кон Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 119 € (7.378 ден.)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 3 ноќевања во апартмани
  • Превоз со фериброд на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  • Три организирани посети на градот Крф
  • Претставник од агенцијата за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Посета на Палеокастица 15 € (минимум за реализација на оваа факултатива е 35 патника);
  • Посета на дворецот на Сиси (превоз со автобус и влезница) – 17 € (минимум за реализација на оваа факултатива е 35 патника);
  • Влезници во културно историските споменици.
  • Туристичка такса - 3 € по лице за целиот престој. 

Цени за факултативи за уплата на лице место:

  • Посета на Палеокастица 18 € (минимум за реализација на оваа факултатива е 35 патника);
  • Посета на дворецот на Сиси (превоз со автобус и влезница) – 20 € (минимум за реализација на оваа факултатива е 35 патника).

 

 ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот5 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk