Име на сместување
Држава
Дестинација

Хотелот  "Le Pacha " се наоѓа директно на брегот на Црвеното море и нуди спектакуларен поглед на заливот Хургада и на центарот на градот. Хотелот има приватна бела песочна плажа опкружена со идилични градини .

Се наоѓа на 10-тина минути возење до Меѓународниот аеродром во Хургада и околу 10 минути пешачење од центарот на градот.

Ресортот располага со 258 делукс соби сместени во 11 згради на површина од 11.000 метри квадратни. Сите соби се опремени со сателитска телевизија, клима уред, мини бар, бања со туш кабина, тоалет, фен за коса, сеф (бесплатен)  како и 24 часовна собна услуга.

За забава и рекреација хотелот нуди одбојка на плажа, ватерполо, часови по аеробик на вода и секако "мини клуб" со најразлични анимации и за најмалите.

Хотелот има надворешен базен кој опфаќа 1585 метри квадратни има ограден дел за деца, аква парк со заоблен базен со површина од 225 метри кавдаратни и длабочина од 60 цм кој вклучува и две лизгалки наменети за деца. Базенот за возрасните е со длабочина од 130 цм i  e поврзан со 4 лизгалки од кои 3 со должина од 16м и 1 со должина 32 м.

Базените во склоп на аква паркот се затоплуваат од 01.11 - 31.03, така што очекувана температура во истите е од 26 до 28 степени.

Ресторан Аlla El Dein

Појадок : 07:00 - 10 :00 ч.

Ручек : 13:00 - 15 :00 ч.

Вечера : 18:30 - 21:00 ч.

Исто така на располагање се и рестораните Casa Rustica (се служи италијанска храна) и China Town Restaurant (се служи кинеска храна).

Со претходна резервација имате можност за ручек или вечера во овие a la carte ресторани со 25 % попуст на храна (не вклучува пијалоци).

  

Пијалоци вклучени во All концептот :

Coca Cola, Fanta , Sprite, Soda, Tonic, минерална вода, кафе, чај ,локално пиво, локално вино (бело/ црвено за време на оброците во главниот ресторан)виски, рум, узо и водка од локално производство.

Минибарот во собата е со доплата.

Аll концептот е валиден 24 часа.

Аll концептот на денот на завршување на престојот е валиден до 12:00 часот

Во случај на губење на Аll алката доделена од страна на хотелот се наплаќаат 10 $

Loby bar - отворен  24 часа

Pool bar - отворен од 10:00 - 17:00 ч.

Beach Bar - отворен од 10:00  - 17:00 ч.

English Pub - отворен од  18:00  - 23 :00 ч.

  

Kафе - Секојдневно во лоби барот од 16:00 - 17:00 ч.
"Happy hour " сладолед за деца.

Собна послуга: 24 часа, со доплата, мени доспатно во секоја соба.

 Диско клуб: Клуб Caligula отворен секојдневно од 22:00 ч. до раните утрински часови.

 Менувачница: достапна 24 часа.

Телефон: Достапен, за меѓународни повици конткатирајте го бизнис центарот. Минимално времетраење на повик е 3 минути.

Бесплатна  WI-FI конекција во лобито на хотелот (09 :00 - 24:00 h).

 Електрична енергија : 220 V 

Начин на плаќање : можно е плаќања во готово (eвра или долари)  или со кредитна картичка ( Visa, Master Card ).

Health's Club - отворен од 09 :00 - 21:00 ч. На располагање има фитнес клуб, сауна, џакузи, масажи, салон за убавина (со доплата).

Терен за одбојка (во близина на плажата), тенис, билијард (бесплатно 30 мин во 1 недела престој по соба).

Амбуланта - отворена од 13:00 - 14:00 ч. (доколку ви е потребен докотор итно обратете се на рецепција).

Машина за перење алишта (ценовникот за услугите ќе го најдете во собата).

Крпи за плажа можат да се земат со картички кои се издаваат во хотелот од 08:00 - 17:00 ч. (доколку крпата се задржува до следниот ден, менување може да се изврши после 14:00 ч.)

 Во случај на губење на картичка или крпа се наплаќа 150 L.E. (околу 7.50 ЕУР)

Во случај на губење на клуч од соба или електронска картичка ќе бидат наплатени 400 L.E.за секое поединечно (околу 20 ЕУР)

 

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано.
Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно).
Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

 

 


Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk