Прага I Велигден 2019

Прага

Име на сместување
Држава
Дестинација

 ВЕЛИГДЕН ВО ПРАГА

25.04 - 30.04.2019

(6 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА 

1 ден (25.04.2019 - четврток) Скопје- Србија - Унгарија - Словачка

Состанок во Скопје во пладневните часови. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. 

2 ден (26.04.2019 - петок) Прага

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3 ден (27.04.2019 - сабота) Прага- Дрезден - Крстарење по Влтава - Прага

Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Во Дрезден со локален водич ќе ги видете следниве атракции: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј. Враќање од Дрезден кон Прага. Вечерта можност за Крстарење по Влтава (факултативно), ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.

4 ден (28.04.2019 - недела) Прага - Карлови Вари - Прага

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари - најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање во хотел. Можност за факултативна организација на вечера во национален ресторан - пивница. Ноќевање. 

5 ден (29.04.2019 – понеделник) Прага - Виена - Унгарија

Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 08:00 часот наутро. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности. 

6 ден (30.04.2019 - вторник) Србија - Скопје

Патување низ Србија и пристигнување во Македонија во утринските часови. 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 20.03 - 155 ЕВРА (9.610 МКД)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 175 ЕВРА ( 10.850 МКД) 

*Можност за плаќање на рати без камата!!!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Прага или околина - 3 ноќевања со појадок;
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето;
  • Разглед на Виена;
  • Организација и реализација на патувањето.

Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

  • Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • Панорамски разглед на Прага со локален водич - 10 €;
  • Крстарење по Влтава - 15€;
  • Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата - 25€;
  • Целодневна посета на Дрезден со локален водич - 30€;
  • Посета на национален чешки ресторан - пивница - 35€;
  • Патничко осигурување;
  • Влезници во објекти.

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (без национален ресторан): 70 €

Цени на факултативи на лице место:

  • Панорамски разглед на Прага со локален водич - 15 €;
  • Крстарење по Влтава - 18€;
  • Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата - 30€;
  • Целодневна посета на Дрезден со локален водич - 35€;
  • Посета на национален чешки ресторан - пивница - 38€;

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите до 20.03.2019 и минимум пријавени патници за реализација: 30

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ / Прага /

Главниот град на Чешка е подигнат на бреговите на реката Влтава, со замок на стрмната височина. Прага претставува прекрасен спој на природата и архитектурата. Денес Прага е слика и прилика на престолнина пред почетокот на индустриската ера и една од ретките туристички дестинации кои можат да се посетат, а која го задржала својот изворен облик. Дрвја и овоштарници од едната страна се спуштаат до реката, а безброј кули, врвови и позлатени куполи се издигаат во небото. Токму затоа и го носи името - Град на стотина кули или Златна Прага. Денес оваа престолница е позната и по "Зградата која игра", која е така наречена поради нејзиниот необичен изглед кој потсетува на танцувачка двојка.
Прага е поделена на неколку целини: Стариот град, Нов град, Храдчани и Мала страна. Од 1992 година, стариот дел на Прага е на Листата на светското наследство на УНЕСКО. Тоа е град на културата и уметноста, уште познат како мајка на сите градови. Историското јадро на градот може да го истражите пешки, а кога ќе се уморите на услуга имате одличен градски превоз. Има многу работи кои мора да ги видите во Прага, што го доловуваат духот на овој прекрасен град.

  • Стариот градски плоштад во Прага
    Место каде посетителите се слеваат цела година. “Улични”забавувачи кои секогаш ги забавуваат, место каде се релаксираат во кафетериите и уживаат во погледот на околните згради со различни архитектонски стилови. Во централниот дел на плоштадот е споменикот на Јан Хус, чешкиот верски реформатор, a околу се нижат градби од различни епохи, како што се зградата на Староградската палата и Црквата на Дева Марија со своите затемнети кули. Староградскиот плоштад е сепак најпознат по својот астрономски часовник од XV век. Покрај тоа што го покажува времето тој, исто така, ја покажува и позицијата на Сонцето, Месечината и ѕвездите, додека неговиот долен бројчаник ги прикажува знаците на зодијакот и смените на годишните времиња. Поместувањето на фигурите на дванаесетте апостоли на секој час е една од најголемите атракции на овој град.
  • Карлов мост
    Карловиот мост денес претставува еден од симболите на Прага. Со векови бил единствениот мост во Прага. Изграден е од шеснаесет масивни сводови кои преку Влтава го поврзуваат Стариот град и центарот на Малата страна. Од двете страни е обезбеден со кули. Кулата во Стариот град е богато украсена, а малостранската е помала и е дел од поранешниот стар мост (Џудитиниот мост). Мостот е украсен со 30 барокни скулптури и статуи, главно во барокен стил,изворно изградени околу 1700 година,но сега сите се заменети со реплики. Овде се наоѓа и статуата на нашите просветители Кирил и Методиј. Централно поставена е статуата на Свети Јован Непомук. Легендата раскажува дека бидејќи царот му бил лут, овој свештеник бил фрлен од мостот во вреќа. Кога неговото тело удрило во водата, пет ѕвезди засјаеле на површината на водата. Затоа Јован Непомук стана светец-заштитник на мостовите и постојано се претставува со златен ореол. Локалната легенда вели дека ќе ви донесе среќа ако ја допрете статуата. На мостот секогаш има многу улични забавувачи, трговци на сувенири и уметнички творби
  • Пловење во Влтава
    Пловењето со Влтава звучи примамливо, затоа што нуди поглед на  градот од друг агол, проследен со звуците на познатата "Влтава" на Беджих Сметана. Исто така ќе можете да го видите и неговиот музеј, кој е на брегот. Повеќето бродови поаѓаат од кејот под Чешкиот мост и крстарат низводно, нагоре по течението, преминувајќи го Карлов мост, а близу до Вишехрад свртува назад. Пловењето трае еден час.
  • Вацлавски ПлоштадВацлавскиот плоштад е место каде урбаниот живот бие со сета своја сила. Тој е повеќе булевар од плоштад. Во овој простор доминира статуата на Свети Вацлав на коњ и импозантната зграда на Националниот музеј, кој на врвот од Вацлавскиот плоштад со својата позлатена купола претставува круна на најважната улица во главниот град. Познат е по тоа што овде се имаат одиграно сите настани од современата чешка историја, а денес е симбол на модерната Прага и идеално место за шопинг.
  • Катедралата на Свети Вито
    Катедралата на Свети Вито е готска градба која е завршена во поново време.
    Ја започнал Карло IV на темелите на древната црква што се наоѓала тука. Набљудувањето на кулите близначки кои стремат кон небото одзема здив, иако предниот дел на катедралата, поради стеснатиот простор не може да се види во полн сјај. Катедралата е ризница на богатата чешка историја. Пространата внатрешност прима големи групи туристи кои доаѓаат да го видат богатство од скапоцени предмети, од средновековни слики до современи мозаици.
  • Прашкиот замок
    Прашкиот замок се наоѓа на врвот на Храдчани и е најголем замок во светот. Илјадници прозори од замокот на брдото гледаат кон градот. Се состои од три дворишта кои се меѓусебно поврзани и низ кои оделе владарите од најстари времиња до денес. Претседателот на Чешката Република живее во Прашкиот замок, а интересен детаљ е тоа што знамињата на капијата на кралската палата се отстранети кога претседателот е отсутен од државата. За туристите интересна атракција е промената на стражата на западниот влез, на пладне кога церомонијата е целосна и пропратена со музика. Прашкиот замок е тврдина на чешката нација во која се собрани сите сеќавања на овој народ. Тука се старите калдрмени улици, плоштади, палати, цркви, паркови, меѓу кои се издвојуваат Кралските градини кои нудат бегство од гужвите и еден поинаков поглед на замокот и катедралата. Во градината се наоѓа Кралската летна палата Белведере и распеаната фонтана, која го добила своето име од одекот на водата која паѓа во базенот.
  • Златната уличка во Прага
    Златната уличка е мала шармантна улица, со бајковит изглед и прекрасни знаменитости. Ја сочинуваат две низи ниски куќички подигнати под бедемите на замокот. Потекнуваат од XVI век, а биле населени со златари, алхемичари,а подоцна со сиромашни граѓани. Во времето на Марија Тереза е реновирана и добива нов изглед. Во 19 век, станува место на уметници и други креативни умови. Фасадите на куќите се со различни бои со ниски приземни влезови. Тука најпозната куќарка е куќарката со број 22 и сина фасада, во која некогаш живеел Франц Кафка со својата сестра.
  • Вишехрад
    Вишехрад, кој во превод значи град на височинка, се издига високо над реката Влтава. За разлика од другите атракции во Прага, вашата посета на Вишеград би ви претставувало вистинско освежување, бидејќи ова место најчесто не е на листата на агенциски тури на градот. Тука главно доаѓаат оние кои самостојно го организираат своето време во Прага, така што ќе уживате во мирот и спокојството на некое дамнешно време. Се наоѓа на местото каде што принцезата Либуша го предвидела основањето на Прага и каде се омажила со својот љубен Пшемисл. Скриена во околниот парк каде се сместени статуите на Либуша и други личности од легендите, тука е сместена и црквата Св. Петар и Павле, чии кули се креваат високо над круните на дрвјата. Исто така, во околината се и гробиштата каде што се погребани многу великани, како што се Дворжак и Сметана. И покрај тоа што е надвор од централната зона, Вишехрад е лесно достапен со одличното метро на Прага. И за крај, никако не ја напуштајте Прага без да свратите во некоја од прочуените прашки пивници, дури не пробате некој од познатите чешки специјалитети, вкусниот гулаш, чешка колбаса на улица и да се напиете од најдоброто чешко пиво.
  • Посета на Карлови вари
    Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и Тепла, на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св Петар и Павле.Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура,познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“, како и термалните извори во колонадата „Спрудел“. Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници: Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, Бетовен, Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем, ванила).
  • Посета на Дрезден
    Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето извонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, и Августовиот мост.

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk