Атина I Велигден 2019

Атина

Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН ВО АТИНА

26.04 - 30.04.2019

(5 денови /2 ноќевања)

1 ден (26.04.2019 - петок) | Скопје - Струмица - Атина

Состанок на групата во попладневните часови во Скопје. Поаѓање кон Атина. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица. Попатни паузи за одмор и царински формалности. 

2 ден (27.04.2019 - сабота) | Атина

Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативен панорамски разглед на еден од најзначајните градови во светот. Атина е призната како центар на културата и уметноста во времето кога повеќето европски метрополи не постојат. Храмот на Зевс, стадионот на Панатанаикос - местото на одржување на првите модерни олимписки игри во 1896 година, Кралската градина, црквата Св.Павле, Собранието, главните градски плоштади Омонија и Синтагма, трите неокласични згради: колеџот, универзитетот и националната библиотека се само дел од убавината на денешната Атина. Разгледот завршува  со посета на бисерите на Атина - древниот Акропол со прекрасните храмови: божицата Ника, Партенон и Еретеон. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера во таверна. Ноќевање.

3 ден (28.04.2019 - недела) | Атина - Пелопонез - Атина

Појадок во хотел. Целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Ноќевање. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

4 ден (29.04.2019 - понеделник) | Атина - Пиреја - Сунион - Глифада - Струмица - Скопје

Појадок во хотел. Одјава и напуштање на хотелот. Факултативен полудневен излет  до Пиреја - најголемото пристаниште во Грција, на западниот брег на полуостровот со бројни познати туристички места и најужниот врв на Балканскиот полуостров - р`тот Сунион, на кој се издигнуваат прекрасните остатоци од храмот посветен на богот на морето Посејдон. На враќање во Атина, застанување во Глифада. Патување кон Македонија со попатни паузи.

5 Ден (30.04.2019 - вторник) | - Глифада - Струмица - Скопје

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ДО 20.03.2019 - 105 € (6.510 МКД)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 120 € (7.440 МКД)

*Можност за плаќање на рати без камата!!!

Во цената е вклучено:

  • Превоз со автобус на наведената релација;
  • Хотелско сместување во двокреветни соби во Атина на база 2 ноќевања со појадок;
  • Пратител од агенцијата за време на целото патување;
  • Организација и водство од страна на агенцијата.

Во цената не е вклучено:

  • Разглед на Атина со локален туристички водич - 10 €;
  • Полудневен излет до Пиреја - Сунион - Глифада - 15 €;
  • Факултативен излет на Пелопонез (30 €), не се вклучени влезници за театрот во Епидариус и Микена;
  • Вечера во таверна - 35 €;
  • Патничко осигурување.

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 50 €

Цени за факултативи на лице место:

  • Разглед на Атина со локален туристички водич - 15 €;
  • Полудневен излет до Пиреја - Сунион - Глифада - 18 €;
  • Факултативен излет на Пелопонез (35 €), не се вклучени влезници за театрот во Епидариус и Микена;
  • Вечера во таверна - 40 €;

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk