Малта I Март 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

Март - МАЛТА

22.03 - 25.03.2019

СО АВИОН ОД СКОПЈЕ

/ 4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!

Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино - лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм. 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1 ден: (22.03.2019 - Петок) | Скопје - Малта

Состанок на групата на скопскиот аеродромот во 16:20 часот. Полетување за Малта во 18:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 20:05 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден: (23.03.2019- Сабота ) | Малта - Валета - Мдина

Појадок. Предлог - факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 - ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta'Qali (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко - катедралата на Свети Јован (St. John’s Co - Cathedral), дом на ремек - делото на Караваџо (Caravaggio) - "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.

3 ден: (24.03.2019 - Недела) | Малта - Гозо

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 - ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Слободно време за индивидуални активности.Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4 ден: (25.03.2018 - Понеделник) | Малта - Селото на Попај - Скопје

Појадок. За последниот ден Ви предлагаме да го посетите Popeye Village (Селото на Попај). Селото всушност претставува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција "Popeye". Денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет, заедно со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот. Може да се забавувате на Градското игралиште на Дедо Мраз, да вкусите Малтешко вино, да се возите со чамец, да си купите сувенир кој ќе Ви биде прекрасен спомен од ова место и секако да го посетите Музејот за стрипови на Попај кој брои над 100 оригинални стрипови од 1936 година. Во договорено време враќање назад и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20:35 часот. Слетување во Скопје во 22:15 часот.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 222 ЕВРА (13.764 мкд.)

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ што нема да користи факултативи: 272 ЕВРА (16.864 мкд.) 

ВАЖИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ОД 13.02 - 15.02.2019 


ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 249 ЕВРА (15.438 мкд.)

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ што нема да користи факултативи: 299 ЕВРА (18.538 мкд.) 


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација: Скопје - Малта - Скопје;
  • Трансфер на релација: аеродром - хотел - аеродром на Малта;
  • Сместување во хотел Oriana со 3* на Малта - 3 ноќевања со појадок;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
  • Професионална организација на аранжманот;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси 3.720 денари;
  • Доплата за куфер од 20 kg;
  • Туристичка такса 0.5 € на ден (се плаќа во хотелот на рецепција);
  • Факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) - 55 €;
  • Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) - 60 €;
  • Факултативен излет - посета на Popeye Village (трансфер + придружник од агенцијата) - 25 €;
  • Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек;
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко - здравствено осигурување;

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (без Popeye Village): 105 €.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 25.06.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Пријавување за факултативи во агенција, најдоцна до 15.02.2019 и минимум 20 пријавени за сигурна реализација
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС


Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk