Budapest I New Year's Shopping 2018

Будимпешта

Име на сместување
Држава
Дестинација

ПРЕДНОВОГОДИШЕН ПАЗАР ВО БУДИМПЕШТА

06.12.2018 - 10.12.2018

(5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

 ПРОГРАМА

1 ден (06.12.2018 - Четврток) | Скопје - Будимпешта             

Состанок со групата во Скопјe, во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (07.12.2018 - Петок) | Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската Тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови предлагаме крстарење со брод по Дунав (факултативно) или прошетка низ новогодишно украсените улици и многубројните тезги наредени во центарот на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (08.12.2018 - сабота) | Будимпешта (Парламент, Дворец на Сиси, Чардаш)

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Парламентот, еден од трите најголеми парламенти во Европа. Факултативна посета на Дворецот на Кралицата Сиси. Вечерта во 21:00 часот факултативна посета на традиционален ресторан - чардаш (богато мени, со цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости и многу забава, што вреди да се доживее и ќе Ви го доближи унгарскиот живот). Ноќевање.

4 ден (09.12.2018 - Недела) | Будимпешта –Сент Андреа - Скопје

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување во факултативна посета до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање назад во Будимпешта. За љубителите на животинскиот свет можност за посета на Тропикариум. Слободно време за индивидуални активности. По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (10.12.2018 - Понеделник) | Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 95 € (5.890 МКД)

 Во цената на аранжманот e вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во хотел  3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на аранжманот;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 10 €;
  • Вечера во ресторан - чарда - 30 €;
  • Крстарење со брод по Дунав - 15 €;
  • Посета на Парламент (трансфер, влезница и локален водич) - 25 €;
  • Посета на Тропикариум (трансфер и влезница) - 15 €;
  • Посета на дворец на кралицата Сиси (локален водич, влезница и трансфер) - 20 €;
  • Посета на Сент Андреа - 10 €;
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба;

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 11.04.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

Задолжително пријавување за факултативите до 15.11.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 30

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk