Рим I Нова Година 2019

Рим

Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА ВО РИМ

ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

30.12.2018 - 03.01.2019

Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието во градот. Вечен град, град на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија, седиште на град - државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а и самите Италјани знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано ги прати трендовите. Полн со вибрации на современ град, со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е и останува популарен како што бил и во времето кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

ПРОГРАМА 

1 ден (30.12.2018 - Недела)  Скопје - Рим

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:20 часот. Полетување за Рим во 13:20 часот. Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот. Ноќевање.

2 ден (31.01.2018 - Понеделник)  Рим панорамика

Појадок. По појадокот се упатуваме на организиран пешачки панорамски разглед на градот со локален водич (пешачки и метро). Во пешачки разглед од три часа ги поминуваме: Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Останатиот дел од денот е предвиден за одмор или индивидуални прошетки низ Рим. Во вечерните часови, групно или индивидуално Дочек на Нова Година на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање. 

3 ден (01.01.2019 - Вторник)  Ватикан

Појадок. По појадокот е предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед). Планирано е разглед на Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе се видат најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 - 1511 година, Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Потоа ќе ја посетиме најголемата црква во светот - Св.Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката завршува со посета на прекрасниот плоштад пред самата црква кој го уредил Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По завршувањето на посетата на Ватикан, слободно време за индивидуални разгледи. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден (02.01.2019 - Среда )  Рим (Колосеум)

Појадок. По појадокот прошетка со локален водич: црква Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, црквата Сан Пиетро ин Винколи, каде се наоѓа познатата скулптура на Мојсеј и синџирите во кои бил окован Св. Петар (првиот римски папа). Потоа се посетува една од најголемите знаменитости и атракција во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Изградбата е започната од императорот Веспасиан во 72 година и е завршена година после неговата смрт (80 години) од страна на неговиот син Тит. Потоа се проаѓа покрај Римскиот форум и завршуваме со Кампидољо - римското собрание, пиаца Венеција и Олтарот на нацијата. Слободно време. Враќање во хотел. Вечерта можност за прошетка и вечера во ресторан на Трастевере. Ноќевање.

5 ден (03.01.2019 - Четврток )  Рим - Скопје

Појадок. По појадокот одјавување од собите, слободно време за последно кафе во Рим и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:35 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 17:10 часот.

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: ОД 399 ЕВРА 

ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА: 150 ЕВРА 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • Голема кабинска торба до 10 килограми и димензии 55 x 40 x 23 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси по лице - 3.720 денари;
  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба - 6.820 денари;
  • Туристичка такса - 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;

 ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : 105  €

Цени за Факултативи:

  • Организиран панорамски разглед на Рим со водич - 15 €;
  • Организирана факултативна посета на Ватикан, црквата Св.Петар и Систинската капела - 55 €;
  • Организирана посета на Колосеум, со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил - 50 €;

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 04.04.2018 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 20.12.2018 и минимум пријавени патници за реализација: 25

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk