Париз I Нова Година 2019

Париз

Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА ВО ПАРИЗ

(30.12.2018- 02.01.2019)

Париз - градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шампзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така.

ПРОГРАМА 

1 ден (30.12.2018 - Недела) Скопје - Буве - Париз

Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 15:35 часот. Полетување за Париз во 17:35 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Beauvais во 20:40 часот. По пасошката и царинска контрола следува трансфер до Париз (90 km). Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (31.12.2018 - Понеделник) Разглед на Париз - Версај

Појадок. По појадокот, се упатуваме на организиран панорамски разглед на Париз со локален водич (метро и пешки), ќе се видат Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbonne, Louvre, Champs Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalides, Concorde Bastille, Republique, Vendome, Trocadero, Etoilе. По разледот предлог факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km со рер), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17 - ти век (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Навечер, индивидуално или групно (во договор со пратителот) дочек на Нова Година на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (01.01.2019 - Вторник) Лувр - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена - Мулен Руж

Појадок. По појадокот се упатуваме нa факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почувствувате магијата на Париз од различна преспектива. Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чијашто програма започнува во 23:00 часот, а секако и можност за прошетка низ познатата улица Пигал. Ноќевање.

4 ден (02.01.2019 - Среда) Монмартр - Сакре Кер - Буве - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. По појадокот можност за прошетка по Монмартр со метро и придружба на нашиот водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Слободно време за индивидуални активности до  времето на тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје 21:25 часот со директен лет на авиокомпанија Wizz Air. Слетување во Скопје во 00:10 часот.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 466 € / 28.892 МКД

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Директен лет на релација Скопје - Бове - Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Голема кабинска торба од 10 kg (56 x 45 x 25 cm);
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • Сместување во хотел на услуга BB;
  • Пречек и испраќање на аеродром во Париз од локален водич, на македонски јазик;
  • Организација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Аеродромски такси - 3.720 мкд;
  • Туристичка такса 1.5 € на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Патничко осигурување;
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро - 14.1 € (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција);

Дизниленд:

Можност за посета на Дизниленд во денот во кој Вие ќе одлучите. Трансфер со метро и Дизни бус или со брз воз - рер. Цената се утврдува при уплата од причина што може да дојде до промена на истата од страна на Дизниленд.

ФАКУЛТАТИВИ

Пакети:

  • Панорамски разглед и посета на Версај - 70 €;
  • Лувр, Ајфелова кула, крстарење по Сена - 69 € / 77 €;

Цени за уплата во агенција:

  • Посета на Версај - 50 € (вклучена влезница  за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер со рер, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • Влезница за Ајфеловата Кула до втор кат - 22 €, до трет кат - 30 €, (со лифт);
  • Крстарење со брод по Сена - 15 €;
  • Посета на Лувр - 37 € (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • Посета на Moulin Rouge - 115 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
  • Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација);

Цени за уплата на лице место:

  • Панорамски разглед на Париз со локален водич - 30 €;
  • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат - 25 €, до трет кат - 33 €, (со лифт);
  • Крстарење со брод по Сена - 18 €;
  • Посета на Moulin Rouge - 125 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
  • Панорамски разглед на Париз со локален водич - 25 €; 

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.03.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување за факултативите до 01.12.2018 и минимум пријавени патници за реализација: 20

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk