8 - МИ МАРТ ВО ТАЈЛАНД
ОСТРОВ ПУКЕТ
08.03.2019 - 18.03.2019
8 НОЌИ НА ОСТРОВОТ ПУКЕТ, АВИОНСКИ ПРЕВОЗ, ТРАНСФЕР, 3 ЕКСКУРЗИИ, ПРЕТСТАВНИК
„Тоа што сме, е производ на нашето сопствено размислување. Со нашите мисли го креираме светот“- БУДА
ПРОГРАМА
1 ден (Петок - 08.03.2018) | Скопје - Пукет
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 09:55 часот (минимум 2 часа пред лет). Полетување кон Доха во 11:55 часот и пристигнување во 18:50 часот локално време.
2 ден (Сабота - 09.03.2019) | Пукет
Полетување од Доха кон Пукет во 08:00 часот. Пристигнување во Пукет во 18:30 часот. Пречек во Пукет од страна на локалните партнери и трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден (Недела - 10.03.2019) | Пукет - Siam Niramit Show (вклучено во цената)
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во предвечерните часови трансфер до Siam Niramit Show со вклучена вечера (без пијалоци). Величенствено шоу на кое повеќе од 100 изведувачи во 500 различни костуми ќе Ве воведат во волшебното царство на Сиам и ќе Ви ја раскажат приказната за мистичниот Тајланд, преку специјални ефекти и најнапредна технологија. Шоуто започнува во 20:30 часот, но вратите се отвораат во 17:30 овозможувајќи на гостите да уживаат во останатите содржини. Враќање во хотел со органазиран трансфер. Ноќевање.
4 ден (Понеделник - 11.03.2019) | Пукет
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности и уживање на најпознатата плажа на Пукет - Patong beach. Насладете се со бескрајните песочни бели плажи, многубројните угостителски објекти каде преку традиционалната храна ќе го почувствувате духот на Тајланд, продавници во кои локалните жители ќе Ве пречекаат со топла насмевка и незаборавни забави во текот на ноќта. Едноставно, препуштете се во ритамот на еден од најубавите острови на Андаманското море или истражете го островот со дополнителна факултативна екскузрија - Полудневен разглед на островот Пукет (опис и цена подолу).Ноќевање.
5 ден (Вторник - 12.03.2019) | Пукет
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или дополнителна факултативна екскурзија - Phang Nga & Canoe (опис и цена подолу). Ноќевање.
6 ден (Среда - 13.03.2019) | Пукет - Пукет - Островите Пи - Пи (вклучено во цената)
Појадок во хотел. По појадокот трансфер до пристаништето и превоз со брз брод до Пи - Пи островот (Phi Phi Islands). Момент за спомен фотографии и уживање во кристалните води на магичниот остров. Слободно време за капење и нуркање во познатата лагуна Pileh. Пауза за ручек во ресторан на плажа и слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
7 ден (Четврток - 14.03.2019) | Пукет
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање
8 ден (Петок - 15.03.2019) | Пукет - Khai Nok и Khai Nui Island (вклучено во цената)
Појадок во хотел. По појадокот следува трансфер со брод до белите и деликатни песочни плажи на тропските острови Khai Nok и Khai Nui Island. Прекрасна кристално чиста вода исполнета со неверојатен воден свет, идеално место за потполна релаксација, збогатена со ручек во ресторан на плажа. Враќање во хотел. Ноќевање.
9ден (Сабота - 16.03.2019) | Пукет
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или дополнителни екскурзиja - полудневна тура - Phuket Jungle Walk (опис и цена подолу). Ноќевање.
10ден (Недела - 17.03.2019) | Пукет - Скопје
Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за трансфер до аеродромот во Пукет. Полетување кон Доха во 19:40 часот локално време. Слетување во Доха во 23:00 часот.
11 ден (Понеделник - 18.03.2019) | Скопје
Полетување кон Скопје во 07:15 часот. Слетување во Скопје во 10:55 часот локално време.
ЦЕНИ И АРАНЖМАН
Пакет аранжман Пукет Хотели | Тип на соба | Тип на услуга | Промотивна цена по лице до 01.11.2018 | Редовна цена по лице |
Banthai Beach Resort & Spa 4* или сличен | Double room | Со појадок | 1187 € | 1287 € |
Во цената на аранжманот е вклучено:
Цената на аранжманот не вклучува:
Потребни документи за виза:
ДОПОЛНИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ
Рокови за отказ на аранжманот и пенали:
Напомена: