Аргентина & Бразил I 8 ми Март 2019

Brazil

Име на сместување
Држава
Дестинација

ОД АРГЕНТИНА ДО БРАЗИЛ 

ВО РИТАМОТ НА ЈУЖНА АМЕРИКА

АтлантиС Ве поканува на аргентинско танго и бразилски карневал во месецот на дамите

БУЕНОС АРИЕС - ВОДОПАДИТЕ ИГУАСУ - РИО ДЕ ЖЕНЕИРО

01.03.2019 - 13.03.2019

9 НОЌЕВАЊА / 13 ДЕНА, АВИОНСКИ ПРЕВОЗ СО ВКЛУЕЧНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ, ТРАНСФЕРИ, ЕКСКУРЗИИ, ПРЕТСТАВНИК ОД АТЛАНТИС

 БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!

 

 

ПРОГРАМА

1 ден (Петок 01.03.2019) | Скопје - Истанбул

Состанок на групата во 18:40 часот на аеродромот Александар Велики во Скопје. Полетување од Скопје кон Истанбул во 20:40 часот со авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 00:20 часот и трансфер до хотел во околината на аеродромот. Сместување во хотел. Ноќевање. (Авио компанијата обезбедува бесплатен хотел доколку разликата со поврзаниот лет е над 10 часа).

2 ден (Сабота 02.03.2019) | Истанбул - Буенос Ариес

Полетуваење кон Буенос Аирес во 10:25 часот (директен лет со еден технички стоп во Сао Паоло од 1 час). Пристигнување на меѓународниот аеродром Езејза во Буенос Аирес во 22:35 часот локално време. Добре дојдовте во Аргентина! Пречек на аеродромот од страна на нашиот претставник во Буенос Аирес и трансфер до хотел. Пристигнување во хотелот Amerian Park Buenos Aires Hotel  4* (или сличен) и сместување. Ноќевање.

3 ден (Недела 03.03.2019) | Буенос Ариес (Разглед на градот со локален водич | танго шоу)

Појадок во хотел. Состанок на групата во 08:45 часот во лобито на хотелот. Во 09:00 тргнување кон организиран разглед (вклучен во цената/целодневен разглед) на јужниот и северниот дел на градот Буенос Аирес со локален водич на англиски јазик (превод од страна на претставникот на АтлантиС). Разгледот ќе започне со посета на квартот основан од италијанските емигранти, Ла Бока (La Boca) кој е познат по типичните шарени куќи, поплочени улици и големиот број на ресторани во кои можете да уживате во бројните претстави и маестралните танго изведби. Ќе имате можност да прошетате по улицата „Caminito“, позната како родното место на тангото. Пауза за фотографирање пред стадионот на еден од најпознатите локални фудбалски клубови „Boca Juniors“ - Estadio Alberto J. Armando. Другото име на стадионот е „La Bombonera“, а истиот е познат и по тоа што токму овде тренирал легендарниот фудбалер од минатото - Диего Марадона.
Следи посета на центарот на градот и плоштадот „Plaza de Mayo“, каде ќе можете да ја видите Претседателската зграда уште позната и како Розевата куќа. Тука е и модерната зграда на најголемата катедрала во земјата, а наспроти неа е една од малкуте зачувани градби од 18 век позната под името Кабилдо (Cabildo), каде некогаш бил сместен административен совет кој управувал со општината, а денес зградата се користи како музеј. Ќе поминеме по булеварот Мајо - „Avenida de Mayo“, кој ги "поврзува" законодавната и извршната власт на земјата. На едниот крај е Претседателството, а на другиот крај е Сенатот (Парламентот на земјата). Тука се наоѓа и познатата кафетерија Café Tortoni, која имa автентичен ентериер зачуван од средината на 19 век (нема да се застанува или прави паузa, можете да го посетите за време на вашето слободно време). Разгледот продолжува на север, кон Булеварот 9 - ти Јули (Avenida 9 de julio) кој претставува еден од најшироките булевари во светот. Тука се наоѓа и познатиот Обелиск (Obelisco de Buenos Aires), кој е симбол на основањето на градот. Застануваме во квартот Риколета (Recoleta), кој е еден од најпрестижните во градот,  познат по административните и станбените згради во француски стил и бројните музеи. Тука се наоѓаат и гробиштата Риколета, кои ќе ги посетиме, а претставуваат музеј на отворено. Тука се погребани познати личности како Евита Перон, аргентински претседатели, локални уметници, добитници на Нобеловата награда, па дури и ќерката на Наполеон.
Разгледот завршува со предлог индивидуална посета на една од најубавите и уникатни згради во градот, книжарницата El Ateneo Grand Splendid. Оваа зграда првично била театар Teatro Grand Splendid и е изградена во 1919 година. Долги години зградата била празна, за конечно во 2000 г. да се отвори како книжарница. Ентериерот е зачуван, а некогашната сцена денес е кафуле, а ложите и балконите со раскошни орнаменти се претворени во полици за книги и места за читање. Враќање во хотелот индивидуално и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови организирана вечера и танго шоу во “Tango Porteño” (со доплата, вечера со вклучени пијалоци и часови по танго). Состанок на групата во 19:30 часот, во лобито на хотелот. По завршување на шоуто, враќање во хотелот со организиран трансфер. Ноќевање

4 ден (Понеделник 04.03.2019) | Буенос Аирес (Ранч Дон Силвано/ Estancia Don Silvano)

Појадок во хотел. По појадокот следува целодневна факултативна екскурзија (со доплата) до ранчот Дон Силвано (Don Silvano) во аргентинската пампа, земјата на гаучосите. Состанок на групата во 09:10 часот во лобито на хотелот. На овој излет заминуваме надвор од големиот град и ќе се запознаеме со навиките на аргентинските “каубои” - гаучоси додека шетаме низ една од најголемите светски рамници - аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Дон Силвано се патува околу 2 часа со попатна пауза за одмор и можност за шопинг на локални производи. Патувајќи кон ранчнот ќе поминеме низ северниот дел на градот каде ќе ја видиме скулптурата на цвет изработена од челик и алуминиум Floralis Genérica, во близина на Правниот факултет на локалниот универзитет. Металниот цвет е дизајниран да ги отвара своите листови наутро кога изгрева сонцето, а да ги затвора во вечерните часови кога заоѓа. Ова го прави уникатен и претставува еден од симболите на градот. Овде е се наоѓа богатиот кварт Палермо во кои се сместени Јапонските градини како и ботаничката градина на Буенос Аирес. 
Пристигнуваме во ранчот Дон Силвано каде ќе нѐ пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто).
Следува слободно време за различни традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на вагон, прошетка низ ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во цената) вклучувајќи го традиционалениот аргентински чај мате. За време на ручекот ќе имаме можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон крајот на истиот во трки со коњи и демонстрација на вештините на гаучосите. Пакетот вклучува трансфер, локален водич на англиски и шпански јазик, богат ручек со пијалоци, трка со коњи, шоу програма. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден (Вторник 05.03.2019) | Буенос Аирес – Порто Игуасу

Појадок во хотел. По појадокот следува одјавување од хотелот и состанок на групата во 09:30 часот во лобито на хотелот. Во 11:00 часот следува трансфер до аеродромот во Буенос Аирес за внатрешен лет кон Порто Игуасу во 13:55 часот. Слетување на аеродромот во Порто Игуасу во 15:45 часот локално време и транфер до хотелот Hotel Esturion 4* (или сличен). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности, уживање во природата на Игуасу и содржините на хотелот. Ноќевање.

6 ден (Среда 06.03.2019) | Водопадите Игуасу од страната на Аргентина

Појадок во хотел. По појадокот следува целодневна екскурзија на водопадите Игуасу (Iguazú Falls) од аргентинска страна (влезницата за National Park e вклученa во цената). Состанок на групата во 08:15 часот во лобито на хотелот. Денес не‘ очекува еден незаборавен ден во Националниот парк Игуасу, каде ќе ги видиме водопадите од аргентинска страна. Тука се наоѓаат 80% од водопадите, а само 20% се наоѓаат од бразилска страна. Преку 275 водопади се создадени од двете реки Игуасу и Парана, а на неколку места водата паѓа дури од 82 метри. Просечната количина на вода што минува низ водопадите е 1500 м³ во секунда и варира од зависност од сезоната и водостојот на реките. Ќе прошетаме по туристичките патеки, од каде се откриваат неверојатни глетки кон водопадите и од каде ќе можеме да ги направиме најубавите фотографии. Овој природен феномен ќе ве остави без здив со неговата убавина. Слободно време за ручек (не е вклучен во цената). Во попладневните часови слободно време за индивидуални активности и уживање во содржините на хотелот.
Дополнителна факултатива: Плoвeње во кристалните води на водопадите како дел од „Nautical adventures“ - морска авантура со брод (уплата и информации на лице место).

7 ден (Четврток 07.03.2019) | Водопадите Игуасу од Бразилска страна, Птичји парк / Рио Де Женеиро

Појадок во хотелот. По појадокот одјавување од хотелот до 09:30. Во 10:00 часот тргнуваме кон целодневна посета на водопадите Игуаси од бразлиската страна, поминувајќи ја границата и влегувајќи во Бразил. Ќе поминеме по мостот на пријателството од каде има прекрасна глетка кон границите на 3 држави Аргентина, Бразил и Парагвај. Денешниот ден ни започнува со посета на Птичјиот парк (влезницата e вклучена во цената). Паркот е дом на над 1000 птици од различни краеви на Бразил. Се наоѓа во близина на националниот парк Игуасу и ќе ни овозможи одблизу да ги видиме различните видови на папагали, тукани, фламинга и најмалата птица во светот - колибрито, како и многу други разнобојни претставници на птичјиот вид. Полудневна екскурзија со локален водич низ водопадите Игуасу (Iguazú Falls) од бразилска страна (влезницата за National Park вклучен во цената).
Денес ќе имаме можност да ги видиме најголемиот водопад од водопадите Игуасу, наречен Ѓаволско Грло (La Garganta del Diablo) и ќе ја почуствуваме величевственоста на природата. Ќе имаме можност да одиме по патеката кон водопадот и да уживаме во прекрасните звуци на природата.
Во предвечерните часови следува трансфер до аеродромот во Игуасу за лет до Рио Де Женеиро во 18:35 часот. Слетување во Рио Де Женеиро во 20:30 часот. Добредојдовте во Бразил! Пречек од страна на претставник на локалниот туроператор во Бразил и трансфер до едно од најпопуларните одмаралишта - Копакабана. Сместување во хотел на брегот на Атланскиот Океан – Augusto’s Rio Copa Hotel 4* (или сличен). Ноќевање.

8 ден (Петок 08.03.2019) | Рио Де Женеиро (Планината Корковадо/Статуата на Исус Спасителот)

Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за екскурзија до планината Корковадо. Состанок на групата во 08:40 часот, во лобито на хотелот. Полудневна екскурзија со времетраење од околу 6 часа (вкучена во цената/локален водич). Екскурзијата започнува со посета на планината Корковадо (Corcovado) на чиј врв се наоѓа една од најпознатите статуи во светот - статуата на Исус Спасителот. Статуата на Исус може да се види од сите точки во Рио Де Женеиро. Споменикот е изграден по повод 100 годишнината од независноста на Бразил во 1931 година. До статуата се стигнува со жичара која поминува низ најголемата дождовна шума во во светот лоцирана на градска средина - националниот парк Тижука (Tijuca Forest). Со качување на само 100 скали (има и лифт) ќе стигнеме до место каде панорамскиот поглед е волшебен. Заминување од Корковадо кон најголемиот и најпознатиот стадион во Бразил – Маракана (The Maracanã - Estádio Jornalista Mário Filho). Пред реновирањето на стадионот, истиот имал капацитет за 100.000 гледачи, а по реновирањето во 2014 година, капацитетот е намален до 80.000 навивачи. Ќе имаме кратка пауза за фотографирање пред стадионот, а оние кои сакаат ќе можат да влезат и внатре (доколку нема фудбалски натпревар, влезницата изнесува околу 10 $). Следува разглед на најубавите плажи во Рио со автобус - езерската област Região dos Lagos, со посета на плажите Ипанема и Леблон, како и луксузните плажи Фламего и Ботафого. Враќање во хотелот околу 15:00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови следува организирана вечера во бразилски ресторан и Платформа шоу - Rio by the night (не е вклучено во цената на аранжманот). Состанок на групата во 18:45 часот во лобито на хотелот и трансфер до ресторанот. По завршување на програмата, враќање во хотел. Ноќевање.

9 ден (Сабота 09.03.2019) | Рио Де Женеиро | Шеќерна глава, Карневал во Рио

Појадок во хотел. Состанок на групата во 08:30 часот во лобито на хотелот и почеток на полудневен туристички разглед на Рио Де Женеиро со локален водич, со вклучена посета на втората најважна знаменитост во Рио - познатиот рид Шеќерната глава (времетраење околу 4 часа, вклучено во цената на аранжманот). Ќе ја започнеме турата со втората најважна знаменитост во Рио - Шеќерната глава (Sugar Loaf). Планината е со висина од 395 m и од тука ќе имате можност да уживате во панорамскиот поглед на сите плажи во Рио и прекрасна глетка кон мостот кој ги поврзува Рио и Нитерој, точно на средината на заливот Гуанабара. Качувањето со лифт вклучува и една пауза на 220 метри височина на планината Урка, од каде ќе можете да ја фотографирате од близу Шеќерната глава. Кога ќе се спуштиме од Шеќерната глава, ќе имаме можност да го видиме и стариот централен дел на Рио де Жанеиро. Ќе поминеме покрај модерната катедрала Канделарија (Igreja da Candelária), ќе прошетаме покрај Националната галерија, градскиот театар, музејот - Museum of Tomorrow (Museu do Amanhã) посветен на чувањето на животната средина, како и многу други историски и модерни згради во срцето на градот. Враќање во хотелот околу 13:00 часот. Слободно време за инвивидуални активности или дополнителна факултатива – Бразилски карневал во Рио! (не е вклучено во цената на аранжманот/опис подолу) Карневал кој води потелко од 1641 година, кога буржуазијата на градот ја воведува практиката на одржување на балови и маскембал забави од Париз. Враќање во хотел со организиран превоз. Ноќевање.

10 ден (Недела 10.03.2019) | Рио Де Женеиро| Лагуните на Ангра дос Рејс (AngradosReis)

Појадок во хотел. Слободен ден во “градот на чудата”. Ќе имате можност да ја почуствувате локалната атмосфера и да прошетате до соседната плажа Ипанема, стариот луксузен кварт Санта Тереза, со бројните куќи, поплочени улици и да се повозите со стариот трамвај. Да ја вкусите локалната кујна во еден од рестораните покрај брегот на океанот, да се забавувате во некој од ноќните клубови со звуците на самба и боса нова или пак факултативно да ги посетите лагуните на Ангра дос Рејс (Angra dos Reis) - (не е вклучено во цената на аранжманот/опис подолу). Состанок на групата во 08:45 часот во лобито на хотелот и организиран трансфер до лагуните. Ноќевање.

11 ден (Понеделник 11.03.2019) | Рио Де Женеиро

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот до 12:00 часот. Личниот багаж можете да го оставите во просториите на хотелот предвидени за тоа. Слободно време за плажа и индивидуални активности до 16:00 часот, кога е предвиден трансфер од хотелот до аеродромот во Рио. Полетување од Рио кон Сао Паоло во 19:45 часот. Слетување во Сао Паоло во 20:55 часот.

12 ден (Вторник 12.03.2019) | Сао Паоло - Истанбул 

Полетување од Сао Паоло кон Истанбул со авиокомпанијата Turkish Airlines во 04:15 часот. Пристигнување во Истанбул во 22:30 часот и трансфер до хотел во околината на аеродромот. Сместување во хотел. Ноќевање. (Авио компанијата обезбедува бесплатен хотел доколку разликата со поврзаниот лет е над 10 часа).

13 ден (Среда 13.03.2019) | Истанбул - Скопје

Полетување од Истанбул за Скопје во 08:30 часот локално време. Слетување на аеродромот во Скопје во 08:00 часот локално време.

РАСПОРЕД НА ЛЕТОВИ

Број на летДатумПолетување одВреме на полетувањеСлетување воВреме на слетувањеВреметрање на летот
TK100601.03.2019Скопје20:40Истанбул00:20+101:30
TK 1502.03.2019Истанбул10:25Буенос Аирес22:3518:10
AR173205.03.2019Буенос Аирес 13:55Игуасу15:4501:50
G3 117307.03.2019Игуасу18:35Рио20:3002:00
G3 109711.03.2019Рио19:45Сао Паоло20:5501:10
TK 16 12.03.2019Сао Паоло 04:15Истанбул 22:3012:50
TK100313.03.2019 Истанбул08:30Скопје08:0001:30

Информации за багаж:
Дозволен багаж за летовите со Turkish Arilines (Скопје-Истанбул-Буенос Аирес/Сао Паоло-Истанбул-Скопје):

  • Рачен багаж до 7кг. и максимум димензии 50x37x25cm
  • Чекиран багаж до 30кг.  и максимум димензии до 158cm (сите 3 димензии)

Дозволен багаж на внатрешните летови (Буенос Аирес-Игуасу-Рио-Сао Паоло)

  • Рачен багаж до 8кг. со димензии кои не надминуваат 115cm (сите 3 димензии)
  • Чекиран багаж до 15/23 килограми и максимум димзении до 158cm (сите 3 димензии)

Напомена:

На внатрешниот лет Буенос Аирес-Игуасу максималнитa тежина која е вклучена во цената е 15кг. за чекиран багаж и 7кг. за рачен багаж. Доплатата за багаж од 15кг. до 23кг. изнесува околу 20 USD (препорачливо, се доплаќа на аеродром)

ЦЕНА НА АРАНЖМАН 
Цена за пакет аранжман по лице:

Датум На ПатувањеПакетна Цена По Лице За Сместување Во Двокреветна СобаПакетна Цена За Сместување Во Еднокреветна Соба
01.03.2019 - 13.03.20192521 €2884 €
*Промотивна цена за уплата до 31.10.20182295 €2658 €

  можност за плакање на 12 или 24  месечни рати без камата

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје - Буенос Аирес / Сао Паоло - Скопје и чекиран багаж од 30 кг. по лице;
  • Авионски билет Буенос Аирес - Игуасу со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 15 кг. по лице;
  • Авионски билет Игуасу - Рио Де Женеиро со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 кг. по лице;
  • Авионски билет Рио Де Женеиро - Сао Паоло со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 кг. по лице;
  • Аеродромски такси;
  • Сите трансфери наведени во програмата, екскурзии со локални водичи и комфорни автобуси;
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Amerian Park 4* во центарот на Буенос Аирес 4* (или сличен);
  • Панорамски разглед на на Буенос Аирес;
  • 2 ноќевање со појадок во хотел во централното подрачје на Пуерто Игуасу - Хотел Esturion 4* (или сличен);
  • Целодневна екскурзија на водопадите Игуасу од аргентинска страна со вклучени влезници;
  • Полудневна екскурзија на водопадите Игуасу од бразилска страна со вклучени влезници;
  • Посета на Птичјиот парк од бразилска страна со вклучени влезници;
  • 4 ноќевања со појадок во хотелот Augustos Rio Copa Hotel 4* во Рио Де Женеиро блиску до плажата Копакабана (или сличен);
  • Полудневна екскурзија низ Рио до планината Корковадо и статуата на Исус Спасителот - качување со жичара (вклучени билети и влезници), посета на стадионот Маракана (не е вклучена влезницата за самиот стадион);
  • Полудневна екскурзија во Рио со посета на ридот Шеќерната глава - качување со лифт (кабинска жичара);
  • Локален водич на англиски јазик за време на сите екскурзии во програмата;
  • Водич од организаторот на патувањето за време на целото патување.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Дополнителните факултативни излети;
  • Индивидуални трошоци;
  • Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)

Потребни документи:

  • Биометриски пасош со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање;
  • 1000 € депозит при резервација на аранжманот;
  • Копија од пасош и слика;
  • Доплата на целиот аранжман до 01.02.2019

Дополнителни информации:

  • Програмата на водопадите Игуасу се реализира во зависност од времето на летовите;
  • Локалните водичи се на англиски јазик, а водичот од организаторот на патувањето преведува на македонски јазик;
  • За патување во Бразил и Аргентина не е потребна дополнителна имунизација и за македонски граѓани не е потребно виза;
  • За реализација на ова патување потребни се минимум 15 патници. Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети;

Забелешки:

  • Цената на аранжманот е калкулирана по среден курс на aмериканскиот долар од 20.09.2018 и при промена на девизниот курс за повеќе од 5% организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и во зависност од состојбата на терен и други објективни причини;
  • При лоши временски услови или други друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот;
  • Дополнителните факултативни излети се закажуваат и плаќаат во матичната агенција.

Услови за отказ:

  • До 40 дена пред заминување - се задржува нeповратниот депозит од 1000 €;
  • од 39 дена до 0 дена пред поаѓање - 100% од цената на аранжманот.

Предност на програмата:

  • Балансирана и атрактивна програма со комбинирана посета на едно од најатрактивните одмаралишта во светот Копакабана - сместување во хотел на брегот на Атланскиот океан;
  • Меѓународни летови со авиокомпанијата Turkish Airlines;
  • Директни внатрешни летови со вклучени аеродромски такси;
  • Прекрасни хотели со 4* во Буенос Аирес, Пуерто Игуасу и Рио Де Женеиро со централна локација;
  • Хотелот во Буенос Аирес е на пешачко растојание од локалните атракции и знаменитости;
  • Хотелот во Рио Де Женеиро е во центарот на одмаралиштето Копакабана;
  • Во цената на аранжманот се вклучени сите трансфери опишани во програмата со комфорни автобуси, вклучени се влезниците за Националниот парк Игуасу од аргентиска и од бразилска страна и Паркот на птиците;
  • Посета на главниот град на Аргентина - Буенос Аирес, еден од најубавите градови во Бразил и светот - Рио Де Женеиро и едно од новите природни светски чуда - водопадите  Игуасу;
  • Водич - преведувач на македониски јазик за време на целото патување.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ

  • Бразилски карневал во Рио де Женеиро – (со доплата, карта и трансфер)
    Модерниот Бразилски карневал води потекло од Рио де Жанеиро, од 1641-та година, кога буржуазијата на градот ја воведува практиката на одржување на балови и маскембал забави од Париз. Првично, карневалот на Бразил ја имитира европската верзија на фестивалот, а подоцна презема елементи со корени од индијанската и африканската култура.
    “Виновници” атмосферата на карневалот во Рио се Самба училиштата кои претставуваат големи групи на изведувачи, финансирани од организации со висока репутација (како и нелегални коцкарски групи), кои работат за време на годината во рамките на подготовките за карневалот. Самба училиштата настапуваат во самба домови а нивните настапи траат до раните утрински часови. Тие се дел од еден официјален натпревар, поделен на седум дивизии, во кој едно училиште се прогласува за победник, земајќи ги во предвид костимите, текот на настапот, песната (музичката тема) како и квалитетот на музиката и изведбата на бендот. Исто така, одредени самба училишта одржуваат улични забави во нивните соседства, низ кои парадираат заедно со своите следбеници.
    Цена по лице: 190€ минимум 10 пријавени патници.
  • Крстарење по реката Тигре и делтата на реката Парана, Аргентина (со доплата)
    Поаѓање од хотелот со автобус по еден од главните булевари Avenida del Libertador, кој води кон луксузните квартови во северниот дел од градот, како што се Vicente Lopez и Olivos, каде што се наоѓа и резиденцијата на аргентискиот претседател. Ќе поминеме и покрај San Isidro и ќе ја видиме истоимената неоготска катедрала и ќе се упатиме кон квартот San Fernando. Градчето Тигре се наоѓа на брегот на истоимената река, која е дел од делтата на реката Парана, и е едно од најпопуларните места за одмор и бегство од градскиот метеж за локалните жители, со бројните мали островчиња, канали и притоки на големата река Парана. Крстарењето по реката ќе започне од пристаништето Тигре и ќе продолжи преку мрежата од канали, додека се восхитувате на зелените острови, елегантните вили, викторијанските докови, градини и клубови за веслање. Ќе сретнете многу кануа, локална самопослуга (повторно на брод), приватни јахти и многу насмеани луѓе. Ќе патувате и по реките Luján, Sarmiento, Tigre и San Antonio, додека уживате со филџан ароматично кафе и прекрасен локален десерт. Пристигнување на пристаништето и враќање во хотелот со автобус. Вклучува трансфер од / до пристаништето во Тигре, водич, патување со бродче. Времетраење на екскурзијата: околу 4 часа. (Со водич на англиски и шпански јазик).
    Цена по лице: 55€ минимум 10 пријавени патници. 
  • Вечера со танго шоу во TangoPorteno” -  Аргентина (со доплата, вечера со вклучени пијалоци)
    Незаборавен спектакл со најсензуалниот танц - тангото. Овој спектакл се одржува во ресторанот - театар „Tango Porteno“. Вечерата е на мени со вклучени пијалоци. Шоу програмата вклучува танго изведба во различни варијанти. Ќе имаме прилика да видиме различни варијанти на танго кои се менувале со текот на времето и ќе ја почуствуваме моќната емоција која ја пренесува овој танц. Вечерата започнува во 21:00 часот. Шоуто започнува во 22:30 часот, а завршува околу 00:00 часот. Вклучува приватен трансфер, водич, вечера со вклучени пијалоци, богата шоу програма и часови по танго. Времетраење околу 4 часа.
    Цена по лице: 90€ минимум 10 пријавени патници.  
  • Целодневна екскурзија до Ранчот Дон Силвано (Estancia DonSilvano Gaucha), Аргентина
    Во aргентинската пампа, земја на гаучосите. На овој излет ќе излеземе надвор од големиот град и ќе се запознаеме со навиките на аргентинските “каубои” - гаучоси, додека шетаме низ една од најголемите светски рамници - аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Дон Силвано се патува околу 100 километри. Тука ќе нѐ пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто). Потоа следи слободно време за различни традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на вагон, прошетка низ ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во цената), како и традиционалниот аргентински пијалок - мате. За време на ручекот ќе имаме можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон крајот на истиот да уживаме во трките со коњи и демонстрација на вештините на гаучосите. Вклучува трансфер со автобус, локален водич (на англиски), богат ручек, пијалоци, трка на коњи, шоу програма. Времетраење околу 8 часа.
    Цена по лице: 150(минимум 10 пријавени патници).  
  • Riobythenight Вечера во Бразилски ресторант со Платформа шоу (со доплата)
    Трансфер од хотелот до ресторанот со автобус каде ќе имаме можност да ги пробаме сите типично Бразилски јадења, вклучувајќи ги и различните типови на месо (пијалоците се наплаќаат дополнително). После вечера ќе се преместиме во салата Plataforma, каде група на професионални танчери ќе ни ја долови историјата на Бразил преку шоу во 2 часа. Ќе ги видиме различните периоди низ кој поминувал Бразил - од основањето на земјата па се до денес, претставени во колоритни костуми, ритмичка музика и неверојатно расположение. На крајот на шоуто ќе ве освои ритамот на самбата доловен од прекрасните танчери со кои ќе имаме можност да се фотографираме. Вклучува трансфер, водич, вечера (без вклучени пијалоци), шоу спектакл. Времетраење околу 5 часа.
    Цена по лице: 90 € (минимум 10 пријавени патници). 
  • Целодневна екскурзија до лагуните на Ангра дос Рејс (AngradosReis) - со доплата
    Рано наутро со автобус се упатуваме кон Costa Verde или во превод Зеленото крајбрежје. На околу 150 км. (околу 3 часа во правец) западно од Рио се наоѓа реонот Ангра дос Рејс, кој претставува збир од повеќе од 100 острови. Следува крстарење (околу 4 часа) со типичен бразилски брод до некои од најубавите острови и пауза на тропски остров каде ќе имате можност да пливате во извонредните смарагдни води и да уживате во прекрасното сонце. Ручек на бродот. Касно навечер се упатуваме кон Рио со автобус и се враќаме во хотелот. Екскурзијата трае околу 12 часа. Вклучува трансфер со автобус, водич, прошетка со брод и ручек (без вклучени пијалоци).(Водич на англиски јазик).
    Цена по лице: 60 € (минимум 10 пријавени патници).

Забелешка:

Дополнителните факултативни излети се закажуваат и плаќаат во агенцијата при проследување на резервацијата. Наведените цени, времетраењето и заминување за дополнителните факултативи се ориентациони и предмет на промени.

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk