Dominican Republic I New Year 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација
Untitled Document

НОВА ГОДИНА 2019 - ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА

Датум: 29.12.2018 - 06.01.2019

7 ноќи на ALL Inclusive + новогодишна вечера + авионски превоз + трансфер


Ден 1 (29.12.2018) | Скопје - Мадрид - Пунта Кана

Утрински лет од Скопје до Мадрид со едно преместување. Полетување од Мадрид за Пунта Кана во 15:55 часот. Пристигнување во 19:45 часот. Пречек од локалниот партнер и трансфер до хотелот. Ноќевање.

Ден 2 (30.12.2018) | Пунта Кана

Ден за слободни активности  и уживање на песочната плажа.

Ден 3 (31.12.2018)

Појадок. Ден за слободни активности и уживање на плажа или избор на некојa од факултативните екскурзии кои ги нуди самиот хотел. Новогодишна забава. Ноќевање.

Ден 4 (01.01.2019)

Ден за слободни активности  и уживање на песочната плажа или избор на некоја од факултативните екскурзии кои ги нуди самиот хотел.

Ден 5 (02.01.2019)

Појадок. Ден за нуркање во пештерите покрај коралните гребени, скијање на вода, сурфање или кратко крстарење со брод. Минералните извори во Пунта Кана ќе ве наполнат со свежина. Доколку не ја толерирате солената вода, имате опција за користење на хотелскиот базен или слатководните заливи во околината на хотелот.

Ден 6 (03.01.2019)

Појадок. Ако сте љубител на брзина и адреналин, имате опција за разглед на плажа со ATV 4x4 (возило тип кабриолет). Ден за слободни активности и уживање на песочната плажа.

Ден 7 (04.01.2019)

Појадок. Ако сте љубител на брзина и адреналин, имате опција за разглед на плажа со ATV 4x4 (возило тип кабриолет). Ден за слободни активности и уживање на песочната плажа.

Ден 8 (05.01.2019) | Пунта Кана - Мадрид
         

Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродромот во Пунта Кана и полетување кон Мадрид во 21:15 часот.

Ден 9 (06.01.2019) | Мадрид - Скопје

Пристигнување во Мадрид во 10:25 часот наутро. Полетување од Мадрид кон Скопје.

ЦЕНИ И АРАНЖМАН

Цена на пакет аранжман по лице:

Хотели Пакетни цени од лице:
NATURA PARK BEACH 5*1614 €
RIU BAMBU 5*2005 €
CATALONIA BAVARO BEACH 5*2071 €
NOW LARIMAR PUNTA CANA 5*2103 €
IBEROSTAR DOMINICANA 5*2152 €
SICRETS CAP CANA 5*2629 €
MELIA CARIBE TRIPICAL 5*2681 €
BARCELO BAVARO BEACH 5*2736 €
PARADISUS PUNTA CANA 5*3166 €

Во програмата е вклучено:

  • Авиобилет  Мадрид - Пунта Кана - Мадрид;
  • Аеродромски такси - 160 евра се вклучени во цената;
  • 7 Ноќевања  во хотел избран од табелата;
  • Услуга: Се вклучено за време на престојот во избраниот хотел;
  • Трансфер на релација аеродром - хотел - аеродром;

Во програмата не е вклучено::

  • Авиобилет на релација  Скопје - Мадрид - Скопје каде цената се движи од 250 - 350 евра;
  • 1 ноќевање во Мадрид и трансфер доколку е потребно поради конекција;
  • Излезна такса такса (се плаќа на лице место ) - 20 евра;
  • Патничко осигурување;

Факултативни екскурзии:

  • Canopy Adventure / Zip line - 156 €;
  • Остров Саона - 158 €;
  • Екскурзија до Санто Доминго - 167 €;
  • Пливање со делфини во Манати Парк - околу 210 €;
  • Coco Bongo - 123 €;

Потребни документи:

  • Патниците мора да имат валидност на пасош повеќе од 6 месеца од терминот на патување.

Напомена:

  • Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6 месеца од терминот на патување;
  • Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот, агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот;
  • Цената е загарантирана само доколку има уплата од 50%  депозит за време на резервација, кој е неповратен во случај на отказ на аранжманот од страна на корисникот на услугата;

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • Помеѓу 60 - тиот и 20 - тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот;

Напомена:

Доколку има пријавено повеќе од 16 патници следува придружник за време на патувањето од страна на АТЛАНТИС.

Забелешки:

  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и се во зависност од состојбата на терен и други објективни причини;
  • При лоши временски услови или друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk