Mauritius I Spring 2019

Mauritius

Име на сместување
Држава
Дестинација

ОДМОР ОД СОНИШТАТА НА

 ОСТРОВОТ МАУРИЦИУС

Островот на Додо

 10 дена / 7 ноќевања

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА 

Прв Ден (02.04.2019)

Состанок на патниците на аеродромот во Скопје или Софија (организиран превоз до Софија за група над 6 лица) два часа пред летот. Полетување кон Маурициус со едно преместување.

Втор Ден (03.04.2019)

Пристигнување на островот Маурициус околу пладне. Превоз од аеродромот до избраниот хотел. Сместување во хотелот со соодветниот избор на оброци. Ноќевање.

Трети ден (04.04.2019)

Појадок. Слободно време за одмор или дополнителни екскурзии.
Несекојдневна средба со делфини - полудневна екскурзија - Уживајте во неверојатна средба со делфини. Возење со глисер и посета на островот Benitiers, каде што ве очекува вкусен ручек. Уникатниот дел од ова искуство е пливањето со делфините во нивната природна животна средина.
Цена по лице: 95 EUR (од 1 до 3 туристи), 65 EUR (од 4 до 8 туристи).

Четврти ден (05.04.2019)

Појадок. Слободно време за одмор или дополнителни екскурзии.
Полудневна обиколка на главниот град Порт Луис - Прошетката низ главниот град на Маврициус - прекрасниот Порт Луис, ќе ве одведе низ разнобојната историја и културната разновидност на островот. Религиозната разновидност е исто така еден дел од културната традиција на островот. Светилиштата се отворени за сите љубопитни туристи - муслимански џамии, кинески пагоди, хиндуистички храмови и христијански цркви. Порт Луис е најголемиот град во Маурициус, како и економски и административен центар на островот. Веднаш до главниот плоштад можете да зачекорите по најимпресивниот булевар - Place d'Armes, опкружен од страните со кралски палми. Ќе имате можност да ги посведочите и неверојатните француски колонијални градби, посебно интересни се зградата на владата и општинскиот театар. Потоа ќе имате слободно време да ја посетите крајбрежната улица, како и трговскиот центар Le Caudan Waterfront. Раздвижената крајбрежна улица нуди многу шопинг и забава, како и ресторани со поглед кон пристаништето на Порт Луис. Крајбрежјето на Порт Луис, всушност е центарот на културниот живот во Маурициус.
Цена по лице:  45 EUR (од 4 до 8 туристи).

Петти ден (06.04.2019)

Појадок. Слободно време за одмор или дополнителни екскурзии.
Целодневна тура со катамаран - По појадокот ќе започнеме ден исполнет со сонце, пијалоци, вкусна храна, многу забава и релаксација на крстарење со катамаран! За ваша удобност, предлагаме крстарење до повеќе дестинации, со неколку различни појдовни точки. На север, изборот е помеѓу островот Габриел и рамниот остров. Исто така можете да здогледате делфини за време крстарењето по западното крајбрежје. Другата можност е да одберете крстарење по источниот брег и посета на познатиот остров Ile aux Cerfs. Во текот на крстарењето ќе имате слободно време за нуркање, сончање и пливање. Исто така крстарењето ви дава можност да вкусите и одлична скара од свежа риба, пилешко и селекција на салати и гарлик лепчиња.
Цена по лице: 95 EUR.

Шести ден (07.04.2019)

Појадок. Слободно време за одмор или дополнителни екскурзии.
Седумте каскади на водопадите Тамаринд - Имате можност да навлезете длабоко во локалните шуми на јужен Маурициус - Les Sept Cascades. Буквално преведено, името значи "седум водопади" и е место препорачано од локалните жители за пешачење низ бујното зеленило. Тука ќе поминете низ многу предизвикувачки места кои на крајот од вашата прошетка ќе ве одведат до освежувачките водопади и извори. Ќе уживате во неверојатни панорамски погледи. Ќе поминете низ мала патека, од каде што за прв пат ќе ви се појават седумте водопади, а потоа ќе застанете на уште неколку места и ќе можете на истите да им се воодушевувате од различни агли и перспективи.
Цена по лице: 140 EUR (од 1 до 3 туристи), 95 EUR (од 4 до 8 туристи).

Седми ден (08.04.2019) / Осми ден (09.04.2019)

Појадок. Слободно време за одмор. Освен прекрасните плажи, белиот песок и топлите води, островот Маурициус нуди и многу дополнителни активности, како што се нуркање, летање змеј, сурфање, голф, посета на природни паркови, ботанички градини, “скај дајвинг”, пловење со јахта и многу други. Ноќевање. 

Деветти ден (10.04.2019)

Појадок. Слободно време за одмор. Ослободување на собите околу пладне. Слободно време. Доцна превоз до аеродромот за лет до Скопје или Софија со едно преместување.

Десетти ден (11.04.2019)

Пристигнување во Скопје / Софија. 

ЦЕНИ И АРАНЖМАН

Пакетни Цени

ХОТЕЛ / ПАНСИОНВозрасен во двокреветна собаЕднокреветна собаТрет возрасенДете 2-11,99 г. со 2 возрасениДете 0-2 г. сo 2 возрасени
Le Meridien Mauritius 4*+
Double Deluxe room / Full Board
1850 € 2460 €   1820 €  - 1270 €
Sofitel So Mauritius 5* Lushury Room / Half Board *Доплата за All inclusive – 45 € по лице на ден (возрасни лица) 2088 €2494 €  -1270 €  
Full board – појадок, ручек, вечера | Half Board – појадок и вечера

Цената вклучува:

  • Авионски билет за летовите Скопје / Софија - Маурициус - Скопје / Софија со едно преместување и вклучени аеродромски такси;
  • 7 ноќевања во одбраниот хотел;
  • Превоз аеродром - хотел - аеродром и пакет „Добре дојдовте“, кој вклучува:
    • Пречек на аеродромот во Маурициус од нашиот партнер, со минерална вода и традиционален цветен венец;
    • Помош на аеродромот;
    • Пакет кој вклучува карта на островот Маурициус, информации за екскурзиите кои ќе бидат предложени;
    • Придружба до хотелот од претставник од партнер компанијата;
    • Информативен состанок во хотелот;
    • Лично планирање на екскурзиите;
    • 24 часовна помош за време на престојот;

Цената не вклучува:

  • По желба - индивидуален превоз со луксузен автомобил;
  • Дополнителни екскурзии на лице место;
  • Услуги кои не се споменати како вклучени во услугите кои ги нуди хотелот;
  • Расходи од личен карактер;

Неопходни документи:

  • Меѓународен пасош со валидност минимум 6 месеци од датумот на поаѓање;
  • За деца под 18 години кои патуваат без родители - нотарски заверено родителско решение за напуштање на земјата од страна на родителот (оригинал и 1 копија);
  • За деца чии родители имаат различни семејства, потребна е копија од изводот на детето, во кој се наоѓаат имињата на двајцата родители;

Услови за регистрација:

  • Аванс во вредност од 50% од цената на пакетот;
  • Доплаќање 35 дена пред поаѓање;

Дополнителни информации:

  • Цената на програмата важи при минимум 12 патници;
  • Не е предвиден водич од страна на туристичкиот оператор;
  • Не е потребна дополнителна виза и не се потребни медицински потврди за патување на островот Маурициус;

Во случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување за време на неговиот престој, сите дополнителни трошоци, вклучувајќи го и транспортот, ќе бидат на негов трошок. КОРИСНИКОТ има право да го отстапи своето право на патување на трето лице во рамките на спецификациите на дестинацијата, со издавање на авионски билети за меѓународни летови, најдоцна до 02.03.2019 година со обврска да му ги исплати на ТУРИСТИЧКИОТ ОПЕРАТОР само дополнителните суми поврзани со евентуалното преиздавање на билети.

Информации за здравствени барања:

Не постојат ЗАДОЛЖИТЕЛНИ медицински потврди за патување на островот Маврициус. 

Патување за лица со ограничена подвижност:

Патувањето не е погодно за лица со ограничена мобилност.

Патниците имаат право на еднострано раскинување на договорот во кое било време пред почетокот на пакетот, откако ќе ги уплатат следниве износи:

  • До 60 работни дена од датата на поаѓање - нема пенали;
  • Од 59 работни дена до 35 дена - се одзема 50% од цената на програмата;
  • Од 34 работни дена до денот на поаѓање - 100% од вредноста на програмата;

Вид превозни средства:

Авион и автобус.

Корисни информации:

  • Најдобро време за посета на Маурициус е периодот помеѓу Ноември и Мај;
  • Валута: локалната валута е рупија. 1 евро = 40.15 рупии; 1 долар = 35.88 рупии. Можете да разменувате во хотели, банки и менувачници. Банкоматите се широко распространети;
  • Кредитни картички - скоро секаде можете да платите со меѓународните дебитни и кредитни картички на Visa или MasterCard;
  • Движење - можете да изнајмите автомобил или да користите такси. Во хотелските зони е широко распространето возењето на изнајмени велосипеди или мопед. Таксистите работат со претходно утврдени тарифи по километар кои можат да се видат на вратата на возачот. Бакшиш не е задолжителен, но се препорачува;
  • Електрична енергија - напонот е 230 V. Можете да користите европски адаптери;
  • Бакшиш - се препорачува околу 10% од вредноста на сметката.


Што и на кој дел од островот би сакале да посетите за време на вашиот престој?


Северниот дел на островот

  • Grand Bay - Рај за шопинг и забава, тоа е местото каде што локалните жители излегуваат навечер (ресторани, барови и дискотеки). Неодамна реновираната плажа La Cuvette исто така вреди да се посети;
  • Перейбере - една од популарните јавни плажи, позната по своите трговски објекти, ресторани и пабови;
  • Balaclava Ruins - Неколку метри од Baie aux Tortues, именувано по големиот број желки кои се наоѓаат во регионот од страна на морнарите во седумнаесеттиот век, тука може да се најдат остатоци од старата интересна тврдина Балаклава.
  • The Triolet Shivala - најдолгата населба на островот, градот Тритол нуди можност за посета на најголемиот хиндуистички храм, на Maheswarnath, изграден во 1819 година во чест на боговите Шива, Кришна, Вишну, Муруган, Брахма и Ганеша;
  • Овоштарниците Labourdonnais - откријте широк спектар на тропски овошни дрвја, како и шарени и ароматични егзотични цвеќиња;

Источниот дел на островот

  • Flacq Market - Flacq е една од најважните населби во Маурициус. Тоа е местото каде што се собираат луѓето од истокот и Flacq може да се пофали со најголемиот отворен пазар во земјата. Екстремно шарен и разновиден пазар кој привлекува голем број туристи секоја година;
  • Аквапарк Leisure Village - уживајте во незаборавните моменти во аквапаркот - релаксација и задоволство се загарантирани;

Југоисточниот дел на островот

  • Холандските урнатини - Во Vieux Grand Port, можете да ги видите остатоците од првите холандски тврдини. Ископувањата се во тек, а истражувачите се во можност да откријат важен дел од историјата на Маурициус;
  • Махебург - ова е едно од главните рибарски села на островот. Кулите Martello се едни од најинтересните знаменитости кои ова место ги нуди. Изградени во 1804 година на величествениот залив Гранд Порт Беј, кулите ја симболизираат пресметката меѓу старите колонијални сили и иновативноста на човештвото. Тие се пресвртница во историјата на островот, симболизирајќи го крајот на ропството и почетокот на индиската имиграција;
  • Souillac - мало морско одморалиште во близина на карпестото крајбрежје на областа Саване. Најпопуларното место се наоѓа на најјужната точка на селото, токму на врвот на карпата: Грис Грис, каде што ви се откриваат неверојатни панорамски погледи;

Во внатрешноста на островот

  • Ganga Talao - Grand Bassin - Покрај La Marie и Mare - AUX - Vacoas лежи едно од двете природни езера на Маурициус, кое се наоѓа во кратер на изумрен вулкан. Ганга Талао е важно место за поклонување и многу локални жители таму одат на прошетка за време на фестивалот Маха Шиваратри;
  • BlackRiver Gorges - овој национален парк од 6574 хектари е создаден во 1994 година со цел заштита на зачуваните локални шуми на Маурициус. Посетителите можат да уживаат во величествените предели, ендемските растенија и видат ретки видови птици.

Сите дополнителни екскурзии се достапни за пријавување во Македонија или на лице место.

Забелешка:

Можност за промена цените на факултативните излети на лице место.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk