Колумбија I 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

КОЛУМБИЈА - „Непозната и необична“

Богота - Зипакуира - Ерменија - долината Кокора - Меделин - Картагена

Датум: 16.02.2019 - 28.02.2019

13 дена / 10 ноќевања

3 во Богота + 2 во Ерменија (област на кафе плантажите) + 2 во Меделин + 3 во Картахена + авионски превоз + трансфер + екскурзии + претставник од АТЛАНТИС

ПРОГРАМА

1 ден (16.02.2019 - Сабота) | Скопје - Истанбул            

Состанок на патниците на аеродромот во Скопје во 18:45 часот за полетување од Скопје во Истанбул со авиокомпанијата “Turkish Airlines” во 20:45 часот. Слетување во Истанбул во 00:20 часот.

ден (17.02.2019 - Недела) | Истанбул - Богота | Ручек

Лет Истанбул - Богота во 02:10 часот. Слетување на аеродромот Ел Дорадо во Богота во 08:20 чaсот по локално време. Средба со претставник од партнер фирмата. Добре дојдовте во Колумбија! По пристигнувањето се упатуваме кон хотелот за регистрација и кратко освежување, по што следува прошетка низ главниот град на Колумбија - Богота.
Денешната прошетка започнува од манастирот Монсерат, лоциран на висок рид, во близина на центарот на Богота. Градската тура продолжува низ централниот дел на Богота, каде што можат да се видат многу зачувани архитектонски споменици во различен стил како Арт Деко, Баухаус и други. Ќе го посетиме театарот Колон, дворецот Сан Карлос, куќата на Наарио (резиденција на Претседателот на Републиката), плоштадот Боливар, катедралата во Богота, Националниот Капитол и Замокот Левано, Музејот на уметноста на Републиканската банка, како и Музејот Ботеро. Потоа се упатуваме кон Златниот музеј кој се одликува со огромно богатство, каде што се чува ексклузивна колекција од златни предмети од Доколумбовата ера во Јужна Америка, како и интересни артефакти, докази за нивото на развој на индијанските цивилизации на тој континент. За време на градската тура имате ручек во локален ресторан со претходно изготвено мени. Враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ден (18.02.2019 - Понеделник) | Богота - Солената катедрала во Зипакуира | Појадок

Целодневна екскурзија до градот Зипакуира, со посета на Солената катедрала. На околу 50 километри северно од главниот град - Зипакуира претставува дом на некои од најстарите жители на Америка, каде што живееле индијанците од племето Муиска и каде што се наоѓа едно од чудата на Колумбија. Тоа е католичкиот религиозен храм, лоциран во рудник за сол на длабочина од 200 метри под земјата. Катедралата се смета за вистинско чудо на Колумбиската архитектура. Самиот храм се состои од три дела - симболизирајќи ги раѓањето, животот и смртта на Исус Христос, а иконите, украсите и деталите се врежани на самите карпи. Со должина од 122 метри и височина од 22 метри, може да собере до 8.000 луѓе. Ручек во локален ресторан. Во попладневните часови следи враќање во хотелот во Богота. Слободно време и ноќевање.

4 ден (19.02.2019 - Вторник) | Богота - Ерменија (област на кафе плантажите) | Појадок.

Појадок. Предвремен превоз до аеродромот во Богота за внатрешен лет до Ерменскиот аеродром - Ел Еден. Средба со претставник од локалниот партнер и превоз до хотелот за сместување и кратко освежување. Можност за уживање со ‘Combia Inspiration’ турата, која всушност е една незаборавна прошетка низ плантажите за кафе на Колумбија. Тука ќе можете да го проследите целиот процес на добивање кафе - од садење на грмушка до полна чаша. Ќе имате шанса да го вкусите едно од најдобрите кафиња на светот - колумбиското. Ручек во локален ресторан, потоа посета и прошетка низ Ботаничките гради и паркот Пеперутка. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

ден (20.02.2019 - Срeда) | Саленто и долината Какао

Појадок. Поаѓање за долината Какао. Регионот ќе ве импресионира со прекрасните планински пејсажи. Долината Какао е позната по својата биолошка разновидност, но главно по восочните палми, националниот симбол на Колумбија. Овде ќе можете да го видите ритуалот Quindío, познат од времето на Абориџините, преку кој тие се поклонувале пред овие високи дрвја. Потоа ќе можете да засадите ваша восочна палма во подрачјето на Какао. Ручек во локален ресторан со претходно подготвено мени. Поаѓање во колонијалниот град Саленто. Тука ќе го посетиме плоштадот Боливар, правејќи прошетка низ малите улици со убави шарени балкони "Кале Реал", ќе ги погледнеме занаетчиските работилници и ќе се восхитуваме на прекрасните панорамски погледи над долината Какао. Враќање во хотелот. Ноќевање.

6 ден (21.02.2019 - Четврток) | Ерменија - Меделин

Појадок. Превоз до аеродромот Ел Еден за летот до Меделин. По слетувањето во Меделин следи превоз до хотелот. Сместување и слободно попладне за прошетка во градот. Меделин, Колумбија - втор по големина најголем град во Колумбија по главниот град Богота. Стекнувајќи слава како родно место на еден од најголемите наркобосови Пабло Ескобар, денес Меделин е покриен со зеленило, опкружен со паркови, убави згради, добра инфраструктура, библиотеки и институции. Меделин, познат и како градот на вечната пролет, беше одбран за најиновативен град во светот во 2013 година, пред Њу Јорк, Тел Авив и уште 197 други градови. Ноќевање.

ден (22.02.2019 - Петок) | Меделин

Појадок. Панорамска обиколка на Меделин. Ќе го посетиме малото село Паиса во Серо Нотибара, спортската област, централниот дел на градот, паркот на склуптурите и музејот Ботеро. Ќе дознаеме за историјата на градот и неговата трансформација од град на Пабло Ескобар до најиновативниот град во светот. За време на турата ќе имаме ручек во еден локален ресторан. Во попладневните часови ќе имаме можност да го посетиме гигантскиот ескалатор Меделин, кој е долг 384 метри. Враќање во хотелот. Ноќевање.

8 ден (23.02.2019 - Сабота) | Меделин - Картагена

Појадок. Превоз до аеродромот Меделин за летот до Картагена. Пристигнување во Картагена, пречек и превоз до хотелот. Слободно попладне или *факултативна екскурзија. Ноќевање.

9 ден (24.02.2019 - Недела) | Картагена

Појадок.Целодневна тура на Картагена - петтиот по големина град во Колумбија по главниот град Богота, Меделин, Кали и Баранкила. За време на турата ќе ги посетиме познатите квартови Bocagrande, Castillogrande и Manga. Пешачката прошетка во Картагена ќе започне со посета на црквата "Сан Педро Клавар" и тврдината Сан Фелипе која е најважна фортификација од времето на шпанскиот колонијален период. Ќе се прошетаме и низ малите улички на стариот град, кои се опколени со убави колонијални и републикански куќи со балкони. Ќе застанеме за ручек во локален ресторан, по што ќе ја продолжиме обиколката и ќе ги видиме плоштадот "Vaults", плоштадот Сан Диего, куќата на Габриел Гарсија Маркес, театарот Heredia Adolfo Mejía, плоштадот La Merced, Катедралата, плоштадот Proclamation, плоштадот Боливар, плоштадот "Адуана", плоштадот Кохс, познатата Часовна порта и познатите по својата раскош и латинска убавина улици - Cuartel, Estanco del aguardiente, Sagrento и El Santisimo. Враќање во хотелот. Ноќевање.

10 ден (25.02.2019 - Понеделник) | Картагена - островите Росарио

Појадок. Целодневна екскурзија до островите Росарио - превоз до пристаниште и пловење со чамец до Архипелаг Росарио (околу 1 час). Тоа се наоѓа на околу 40 километри југозападно од Картагена и се состои од 27 прекрасни острови и многу корални гребени. По можност, посетете го аквариумот. Слободно време за истражување на еден од островите. Попладне се враќаме во Картагена. Ноќевање.

11 ден (26.02.2019 - Вторник) | Картагена - Богота

Појадок. Превоз до аеродромот за лет од Картагена до Богота. Слетување на аеродромот Ел Дорадо во Богота. Средба и превоз до хотелот. Сместување и слободно време. Ноќевање.

12 ден (27.02.2019 - Среда) | Богота - Истанбул

Појадок. Превоз до аеродромот во Богота за летот до Истанбул во 09:50 часот.

13 ден (28.02.2019 - Четврток) | Истанбул - Скопје

Слетување на аеродромот во Истанбул во 10:05 часот по локално време. Полетување за Скопје во 20:15ч. Пристигнување на аеродромот во Скопје во 19:45 часот.

ЦЕНИ И АРАНЖМАН

Цена напакетаранжманполице:

Датум на патувањеПакетна цена по лице за сместување во двокреветна собаПакетна цена за сместување во еднокреветна соба Пакетна цена за 3то лице во соба
16.02 - 28.02.20192940€3260€2810€

 

Во цената на програмата е вклучено:

  • Авионски билет за меѓународен лет Скопје - Истанбул - Богота - Истанбул - Скопје соавиокомпанијата “Turkish Airlines” и дозволен багаж до 30 kg;
  • Секое аеродромско такси;
  • Внатрешни летови, како што се следниве: Богота - Ерменија; Ерменија - Меделин; Меделин - Картагена; Картагена - Богота;
  • Сместување во хотелисо 4* по маршутата;
  • 3 ноќевања со појадок во Богота во хотелот Atton 93 4* или сличен ;
  • 2ноќевања со појадок во Ерменија во хотелот Hacienda Combia 4* или сличен;
  • 2 ноќевања со појадок во Меделин во хотелотHotel 10 4* или сличен;
  • 3 ноќевања со појадок во Картагена в хотелотAlmirante 4* или сличен;
  • 5 ручеци во локални ресторани;
  • Сите екскурзии и автобуски превоз вклучени во програмата;
  • Влезници за посета на музеи и објекти во програмата;
  • Водич на англиски јазик, со превод на бугарски/македонски;
  • Водач од Бугарија/Македонија за време на патувањето;

Во цената на програмата не е вклучено:

  • Бакшиши ;
  • Трошоци од личен карактер;
  • Пијалоци за време на ручек во рестораните;
  • Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
  • Осигурување „Откажување на патувањето” на ЗК "Армеец"
  • Задолжително патничко осигурување.

Детали од летот:

 1 TK1006   SA 16FEB   SKPIST    2045 0020*
 2 TK 800    SU 17FEB   ISTBOG   0210 0820
 3 TK 800    WE 27FEB  BOGIST   0950 1005*
 4 TK1005    TH 28FEB  ISTSKP   2015 1945

Забелешки:

  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и се во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
  • При лоши временски услови или друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите.
  • Патувањето е без задолжителни медицински барања за имунизација. Препорачливо за регионот, како и за цела Јужна Америка е вакцина против жолта треска.
  • Краен рок за известување за доволен број на минимум патници за реализација – 30 дена пред поаѓање.
  • Туроператорот го задржува правото за промена на редоследот на настаните вклучени во програмата.

Во случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување за време на неговиот престој, сите дополнителни трошоци, вклучувајќи го и транспортот, ќе бидат на негов трошок. КОРИСНИКОТ има право да го отстапи своето право на патување на трето лице во рамките на спецификациите на дестинацијата, со издавање на авионски билети за меѓународни летови, најдоцна до 16.01.2019 година со обврска да му ги исплати на ТУРОПЕРАТОРОТ само дополнителните суми поврзани со евентуално преиздавање на билети. 

Услови за отказ:

  • При откажување повеќе од 60 дена пред патувањето се задржува неповратниот депозит од 1000€;
  • При откажување помеѓу 60-иот и 20-иотден пред патувањето, се одзема 70% од вредноста на патувањето.
  • При откажување помалку од 20 дена пред патувањето се одзема 100% од вредноста на патувањето.

Документи потребни за виза:

  • Валиден пасош
  • Апликација (во агенција )
  • Слика
  • Такса за визирање 104усд .
  • Уверение за неосудуван

Зошто Колумбија?! 

Има илјадници причини да ја посетите Колумбија. Земјата е една од најатрактивните за туризам во Јужна Америка и нуди безбројни природни убавини. Стари градови и камени тврдини, модерни финансиски центри и луксузни одморалишта, недопрени плажи и недопрена природа – сето ова е Колумбија.

  • Историја и култура на Колумбија
    По 16-тиот век, културата на Колумбија станува еден неверојатен микс на индијанска, африканска и европска култура. Всушност токму тоа е она што ја прави земјата толку шарена и возбудлива.
  • Топла клима
    Бидејќи Колумбија се простира на екваторот, земјата 365 во годината ужива прекрасно време. Се разбира, доколку не сте на планините каде што дождовите и облаците во комбинација со поладно време се доста честа појава. Во крајбрежните области на Карибите, сепак, сонцето секогаш се насмевнува, а на сезоната за плажа никогаш не и доаѓа крај.
  • Знаменитости
    Несомнено, Шакира е една од најпознатите личности во шоубизнисот. Таа е родена во 1977 година во колумбискиот град Баранкила. Уште едно познато име од оваа земја е она на музичарот Хуанес (Хуан Естебан Аристизабел Васкес), кој потекнува од градот Меделин. За љубителите на литературата, би било интересно да се посети музејската куќа на познатиот писател Габриел Гарсија Маркез, кој се наоѓа во градот Аракатака, во северна Колумбија.
  • Возбудливи и непознати места
    Природна, дива и возбудлива - Колумбија е една од најнепознатите и најинтересни земји во светот. Има илјадници несекојдневни места кои вредат да се посетат, а сепак нема да се наоѓате во гужви со огромни толпи туристи. Ова ќе го направи задоволството од патувањето уште поголемо и ќе се почувствувате како вистински истражувач.
  • Јазикот
    Шпанскиот јазик има многу дијалекти и звуци, а колумбискиот се смета за еден од најдобрите. Ова ја прави латиноамериканската земја една од најатрактивните во светот за учење на шпански јазик - вториот најпопуларен јазик во светот.
  • Ниски цени
    Колумбија е се уште едно од ретките места во светот, каде што човек може да добие многу за помалку пари. За само неколку долари или евра можеш да се најадеш кралски со сите видови на специјалитети.
  • Колумбијското кафе
    Несомнено едно од најдобрите кафиња во светот доаѓа од Колумбија. Локалните жители велат дека на ниту едно место надвор од Колумбија не може да се најде овој уникатен вкус.
  • Луѓето
    Колумбијците се топли, добронамерни и гостопримливи луѓе. Можете да создадете нови пријателства, да се запознаете со неверојатни луѓе, а зошто и да не ја сретнете љубовта на вашиот живот. Покрај тоа, тука ќе ги запознаете некои од најубавите луѓе во светот.
  • Органска храна
    Покрај тоа што е многу вкусна, храната во Колумбија е исклучително природна. Насекаде можете да видите неверојатен избор на тропско овошје и се е целосно природно. Всушност, кога говориме за квалитетот на храната, Колумбија е светлосни години пред повеќето од најразвиените земји во светот.
  • Неверојатните колумбијски плажи
    Кога станува збор за раскошни плажи, Колумбија е рај на земјата. Само замислете си како уживате под сенката на кокосовите палми, златниот песок и азурните води на Карибското море.
  • Кафе плантажите
    За вистинските истражувачи скоро и да нема повозбудливо искуство од допирањето на извонредната природна убавина на автентичните насади за кафе кои го раѓаат едно од најмиризливите кафиња во светот.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk