Шри Ланка I Нова Година 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА 2019 ВО ШРИ ЛАНКА

КОМБИНИРАНА ПРОГРАМА: ПЛАЖА И ТУРИСТИЧКА ОБИКОЛКА

28.12.2018 - 05.01.2019
 

Наречена „најубавиот остров“ од страна на Марко Поло, Шри Ланка нуди широк спектар на можности за пријатна релаксација. Оваа дестинација е специфична поради уникатното древно културно наследство, неповторливиот животински и растителен свет, мистериозните планини и снежно белите плажи. 

ПРОГРАМА

28 Декември 2018 | Скопје - Коломбо

Состанок на патниците на Меѓународниот аеродром во Скопје во одредено време. Полетување кон Шри Ланка со едно преместување. 

29 Декември 2018 | Добре дојдовте во Шри Ланка                     

Слетување на аеродромот во Коломбо. По завршување на пасошки и царински формалности, следува организиран трансфер до хотелот (околу час и половина). Сместување во хотелот Anantаya Resort & Spa 4. Слободно време за одмор. Вечера. Ноќевање.

30 Декември 2018 | Чилау

Појадок. По појадокот следи слободно време за одмор и плажа. Вечера. Ноќевање.

31 Декември 2018 | Чилау

Појадок. Слободно време за плажа, забава и подготовка за празничната новогодишна вечера. Новогодишна забава. Ноќевање.

01 Јануари 2019 | Чилау

По појадокот, слободно време за одмор и плажа. Вечера. Ноќевање.

02 Јануари 2019 | Чилау - Канди

Појадок. Поаѓање за Канди (патувањето трае околу 3.30 часа) - вториот по големина најголем град во Шри Ланка, кој два века бил главен град на островот, се до неговото заробување од страна на британците во 1815 година. Разгледување на храмот, каде што се сочувани светите заби на Буда. Сместување во хотелот Royal Kandyan 4*. Вечера. Ноќевање.

03 Јануари 2019 | Канди - Перадениа - Пинавала - Вејангода

Појадок. Напуштање на хотелот и разгледување на Кралската Ботанистичка градина, Парадениа. Лоцирана на површина од 147 акри, градината е создадена во 1374 година како градина за лични задоволства на кралевите на Гампола и Канди. Во моментов тука можат да се видат повеќе од 5.000 дрвја и растенија, како и некои исклучително ретки видови од тропската флора. Градината на зачините и градината на орхидеите (над 300 орхидеи) се оние кои туристите најмногу ги преферираат, заедно со авенијата на палми кои се засадени во 1905 година со кокосови палми од Сејшелските острови. Поаѓање за Вејангода и попатно посетување на познатото сиропиталиште за слонови Pinavel, кое е основано од државата во 1975 година со цел заштита и вдомување на напуштени и повредени слонови. Денес, сиропиталиштето е како едно големо семејство и бројката на слонови изнесува околу 40. Ова незаборавно искуство не смее да се пропушти. Најдоброто време за посета е кога слоновите јадат или пливаат во блиската река.
Пристигнување во Вејангода. Сместување во The Covanro 4*. Вечера. Ноќевање.

04 Јануари 2019 | Коломбо - Скопје

Појадок. Слободно време до пладне. Во попладневните часови разгледување на главниот град на островот – трговските и станбените делови на градот, како и тврдината која што некогаш била британски административен центар и воен гарнизон, крајбрежната улица, пазарите каде што се наоѓа хиндуистички храм и данска црква, која датира од 1749 година, како и плоштадот на Независноста. Слободно време за шопинг. Вечера. Превоз до аеродромот. Полетување за Скопје со едно преместување.

05 Jануари 2019 | Доха / Софија

Слетување на аеродромот во Скопје, носејќи ги со себе неверојатните спомени од Шри Ланка.

ЦЕНОВНИК И АРАНЖМАН 

 

ЦЕНА ПО ЧОВЕК
Цените со вклучен попуст за рана резервација важат до 31.07.2018 г.

ХОТЕЛПансионПо лице во двокреветна собаТрет возрасенЕднокреветна собаДЕТЕ (2-12)
без доп. легло
ДЕТЕ (2-12)
со доп. легло
4* Anantaya Resort & SpaHB€ 1 730€ 1 730€ 2 090€ 1 390 € 1 560

4* Royal Kandyan
4* The Covanro
HB - Ноќевање со појадок и вечера

Во цената е вклучено:

  • Двонасочен авионски билет Скопје - Доха - Коломбо - Доха - Скопје;
  • Аеродромски трошоци (295 евра од Јуни 2018);
  • Секој превоз аеродром - хотел - аеродром;
  • 4 ноќевања со појадок и вечера во Чилау;
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во Канди;
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во Вејангода;
  • 1 вечера пред летот во еден локален ресторан;
  • Влезници за посетуваните објекти;
  • Новогодишна Гала Вечер;
  • Претставник на туроператорот за време на патувањето;

Во цената не е вклучено:

  • Виза за Шри Ланка - 35 евра (уплата во агенција);
  • Дополнителни екскурзии;
  • Бакшиш за возач и водич;
  • Патничко осигурување;

Неопходни документи и услови за резервација:

  • Пасош кој важи минимум 6 месеци по денот на патувањето;
  • Депозит во размер од 50% од сумата, доплаќање - до 45 дена пред поаѓање;

Забелешки:

  • Минимален број на туристи за реализирање на програмата: 20;
  • Краен рок за пријавување во програмата: 45 дена пред поаѓање;
  • Краен рок за известување за ненаплатен минимум - 30 дена пред поаѓање;
  • Патувањето е без медицински барања за имунизација;
  • Туроператорот го задржува правото за промена на редоследот на извршување на настаните од програмата;
  • Цените се пресметани при курс на денари кон долари 1.00 USD = 1.65 BGN;
  • Аеродромското такси со износ од 295 EUR е актуелно од Јуни 2018 година. Во случај на промена на цената на аеродромското такси туроператорот ќе го извести корисникот, а корисникот се обврзува да ја доплати разликата.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk