24 - ти Мај | Будимпешта

Будимпешта

Име на сместување
Држава
Дестинација

24 - ТИ МАЈ ВО БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА – СЕНТ АНДРЕА

23.05.2018 – 27.05.2018(6 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

 

ПРОГРАМА

1 ден (23.05.2018 - Среда) | Скопје - Будимпешта            

Состанок  на групата пред  спортската сала Борис Трајковски во 16 : 00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16 : 30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден (24.05.2018- Четврток) | Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден (25.05.2018 – Петок) | Будимпешта

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Парламентот http://www.budapest-parliament.com , еден од трите најголеми во Европа. Факултативна посета на Дворецот на Кралицата Сисиhttp://www.kiralyikastely.hu/main_page. Во вечерните часови можност за крстарење по Дунав, а во 21:00 часот факултативна посета на традиционален ресторан – чардаш (богато мени, со цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости и многу забава, што вреди да се доживее и да Ви го доближи унгарскиот живот). Ноќевање.

4 ден (26.05.2018 – Сабота) | Будимпешта - Братислава

Појадок. По појадокот одиме на факултативна посета на Братислава. Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки. Во договорено време враќање во Будимпешта. Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање

5 ден (27.05.2018 – Недела) | Будимпешта Сент Андреа - Скопје

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување во факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта и можност за факултативна посета на Тропикариумhttp://www.tropicarium.hu. По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патување преку Србија со попатни паузи за одмор.

6 ден (28.05.2018 – Понеделник ) | Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 129 € (7.998ден.)

Во цената на аранжманот e вклучено :

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта (околина);
  • Организација и водство на програмата;
  • Лиценциран туристички придружник.

Во цената на аранжманот не е вклучено :

  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 10 €;
  • Посета на Парламент (трансфер, влезница и локален водич) – 20 €;
  • Посета на Тропикариум (трансфер, влезница и локален водич) – 15 €;
  • Посета на дворец на кралицата Сиси (локален водич, влезница и трансфер) - 20 €;
  • Посета и разглед на Братислава - 25€  (минимум 30 лица за реализација);
  • Посета на Сент Андреа - 10 €;
  • Крстарење по Дунав - 15 €;
  • Задолжително патничко осигурување - 190 денари;
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости;

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 28.08.2018 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите до 05.05.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 30

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС


Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk