24 - ти Мај | Клагенфурт со Минимундис


Име на сместување
Држава
Дестинација

ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 1 ДЕН

КЛАГЕНФУРТ СО МИНИМУНДИС, ЕЗЕРОТО WORTHERSEE, БЛЕД, ЉУБЉАНА

23.05.2018 – 27.05.2018(5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА 

1 ден (23.05.2018 - Среда ) | Скопје - Клагенфурт            

Состанок со групата, на паркингот пред ВИП хотел во договорено време. Тргнување од Скопјe. Ноќно возење преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (24.05.2018– Четврток) | Клагенфурт

Пристигнување во Клагенфурт во пладневните часови. Следува разглед на централниот дел од градот и неговите знаменитости: катедралата Св. Тројство, Alter Platz, старото и новото собрание, Landhaus, Neuer Platz и фонтаната со змеј -  најпрепознатливиот симбол на градот. Во самиот град може да се погледнат преубави ренесансно уредени дворови во кои што се сместени модерни бутици, локали , кафичи, гостилници.. Слободно време за прошетки или шопинг во познатиот шопинг центар City Arkaden. Следува сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден (25.05.2018 – Петок) | Клагенфурт – Минимундис - Езерото Worthersee

Појадок. По појадокот во договорено време тргнуваме кон светски познатиот забавен парк на минијатурни градби Минимундис. Под отворено небо, на голема површина сместени се над 160 модели на најпознатите светски градби... можност да се прошетате низ Рим, Париз, Истанбул, Египет, Индија, САД ...во делот со интерактивни поставки да погледнете лансирање на ракета или праисториските диносауруси и уште многу интересни нешта... После лудата забава и патувањето околу светот може да се одморите и да се напиете кафе во ресторанот кој располага со над 400 места за седење.  Во договорено време се тргнува кон најпознатиот центар за релаксација и рекреација, езерото Wörthersee. Прошетка покрај езерото и поглед на луксузните вили на австрискиот џет-сет, преубави слаткари и кафани. Слободно време за индивидуални активности... Во договорено време враќање назад во Клагенфурт. Ноќевање.

4 ден (26.05.2018 – Сабота) | Клагенфурт – Блед - Љубљана

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување во посета на Блед – бисерот на Словенските Алпи. Прошетка покрај езерските води опкружена од планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на целото езеро или пловидба со традиционален чамец до централниот остров каде што се наоѓа црквата Св.Марија со добро сочувани фрески и можност за посетителите да зазвонат за среќа и исполнување на желба. Слободно време за индивидуални активности, уживање со шолја кафе и познатите бледски кремпити. Патувањето го продолжуваме кон Љубљана. Пристигнување во Љубљана и разглед на градот и неговите знаменитости: Змејскиот Мост, Пречерновиот споменик, Фрањевачка Црква, Фонтаната на трите реки... Во попладневните часови тргнување кон Македонија.

5 ден (27.05.2018 – Недела ) | Скопје

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 149 € (9.238 ден.)

Во цената на аранжманот e вклучено :

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во хотел во Клагенфурт (околина) на база 2 ноќевања со појадок;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено :

  • Посета на Минимундис и езерото - 25 € (превоз и влезница во Минимундис);
  • Влезници за музеи и културно – историски споменици;
  • Пловидба со чамец по Бледското Езеро;
  • Патничко осигурување.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 28.08.2018 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторoт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите до 05.05.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 30

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk