Крф Велигден 2018

Крф

Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН - ТРАДИЦИОНАЛНО НА КРФ

Aвтобуска програма   (4 денови / 2 ноќевања)

 

ПРОГРАМА:



1ден, 05.04.2018(четврток),Македонија  

Состанок на групата во договореното  на договорено место. Поаѓање према Крф во 22:00 ч. преку граничен премин Богородица. Ноќно возење со попатни паузи за освежување.

2ден 06.04.2018 (петок), Игуменица - Крф 

Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот. Сместување во апартмани – опремени со спална, кујна, купатило. Попладне факултативна посета на дворецот на австриската принцеза Сиси – Ахилио, посветен на Ахил херојот од Хомеровата Илијада. Потоа следење на процесијата – оплакувањето на Христос што трае до вечерните часови или можност за фалултативно посета на традициоанлен грчки ресторан и специјална Велигденска вечера.  Ноќевање.

3,ден 07.04.2018 (сабота) Крф

Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде сто ке се следи свеченоста по повод Велигден и фрлањето на ќуповите. Точно во 9ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон - заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август - датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат  патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е  да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време - 15:00 Враќање во апартмани.

Заминување 21:30 ч назад кон градот за Литургијата и вечерниот марш. Во 23, 30 ч сите се собираат на плоштадот Спианада за да ја слушнат Литургијата. Од црквата Св Параскева се изнесува осветлената свеќа, од која сите носат оган. Во полноќ Празникот се одбележува и со уникатно светлосно шоу. Во текот на 20 минути небото е огреано од голем огномет, кој се одразува  во водите на Јонското Море, додека музиката на трите филхармонии се спои со свечените звуци на црковната песна-откривајќи го Воскресението Христово. 1 ч - Враќање во хотелот.  Ноќевање.


4.ден 08.04.2017 (недела) Крф – Палеокастрица – Игуменица - Македонија 

Ослободување на апартманите и заминување кон разглед на островот: манастирот Св.Богородица во Палеокастрица, Св.Спиридон во Крф, старата архитектура, тврдините, фабриката за правење на слатко и традиционален ликер Ком Куат направен од мали јапонски портокали. Заминување на пристаниште и трансфер со траект до Игуменица. Ноќно возење со попатни паузи за освежување. Пристигање во Македонија во доцните вечерни часови.

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 109 € (6.758 ден.)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања во апартмани
  • Превоз со фериброд на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  • Посета на Палеокастрица и фабрика за правење на слатко
  • Претставник од агенцијата за време на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко осигурување
  • Посета на дворецот на Сиси (превоз со автобус, влезница и локален водич) – 10 евра, минимум за реализација на оваа факултатива е 35 патника
  • Влезници во културно историските споменици
 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 10.07.2018година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

 

 

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk