Велигден во Инсбрук и светот на SWAROVSKI кристали


Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН  ВО СВЕТОТ НА SWAROVSKI КРИСТАЛИТЕ

Езерото Атер / Замокот Амбрас / Кнежевството Лихтенштајн

05.04.2018 – 09.04.2018 (5 дена / 2 ноќевања)

 

 

Тирол е еден од најубавите предели на Австрија... Го опкружуваат високите венци на Алпите, кои прават прилично бајковита атмосфера... Барокните градови на Тирол се преполни со историја и нивните приказни... 

Инсбрук е главен град на покраината Тирол и е познат по својот исклучително убав историски центар на градот, над кој се издигнуваат моќните и магични алпски масиви... На Алпите се наоѓаат бројни ски центри поради кои што Инсбрук двапати беше домаќин на Зимските Олимписки игри ('64, '76). Магичнот свет на " Swarovski" кристалите се  наоѓа во австрискиот град Ватенс (Wattens) недалеку од Инсбрук. 

Влезот во кристалниот светот на Swarovski е скриен под водопад. Во внатрешноста се крие најголемата  кристална купола во светот, која е составена од 595 парчиња преубави кристални огледала. А понатаму по влезот во овој свет се е како во бајка... Сосема неверојатен и фасцинантен...
Со цел да се направи програмата на патување уште поинтересна, вклучивме и посета на преубавото австриско езеро Атер, кое е насликано на многу слики од Густав Климт, големиот австриски модернист, кој еден дел од неговиот живот го поминал на ова езеро. Програмата е збогатена и со убави екскурзии. Една до Кнежевството Лихтенштајн и нејзиниот главен град Вадуц, а другата до замокот Амбрас во околината на Инсбрук. Придружете ни се на овој посебено патување!

 

 

ПРОГРАМА:



1 ден (05.04.2018 - четврток) СКОПЈЕ – СРБИЈА – УНГАРИЈА – АВСТРИЈА

Поаѓање од Скопје во договорено време и место, (проверете го точното време и место на поаѓање на автобусот 2 дена пред патувањето), ноќно возење преку Србија и Унгарија, со кратки попатни одмори и спроведување на царински формалности.

 

2 ден (06.04.2018 – петок)   ЕЗЕРО АТЕР / КАМЕР – ИНСБРУК  

Пристигнување на Езерото Атер (Attersee) во претпладневните часови. Посета на туристичкиот ценар Камер, еден од најубавите градови на езерото. Во овој град престојувал сликарот Густав Климт, на кого  сега му е посветен Културниот центар (факултативна посета). Слободно време за прошетка по шеталиштето и уживање во атмосферата. Престој на езерото во времетреање од 2 часа. Продолжување на патувањето кон Инсбрук. По пристигнувањето, следи кратка обиколка на центарот со разгледување на: главната улица Марија Терезија, Градското собрание, Landhaus, Градската кула, куќата со златниот покрив, Hof црквата, катедралата, Hofburg царската палата... Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел во регионот на Тирол, во попладневните часови (после 16:00 часот). Одмор. Ноќевање.

 

3 ден (07.04.2018 – сабота) ИНСБУРГ – ВАДУЦ – ИНСБУРГ

Појадок. Полудневен факултативен излет до Кнежевството Лихтенштајн и нејзиниот главен град Вадуц (поаѓање во 07:30 часот / враќање околу 15:00 часот). По пристигнувањето во Вадуц, следи кратка прошетка по прекрасната пешачка зона која е декорирана со многу интересни споменици. Панорамски разглед на дворецот на кнежевството. Слободно време за индивидуални активности по препораки на вашиот водич (посета на Националниот музеј на Лихтенштајн, посета на ризницата на кнезовите од Лихтенштајн со кралските скапоцени камења, можноста за организирање посета на Кралската винарска визба...). Престој во Вадуц од вкупно 3 часа.Враќање во Инсбрук. Слободно време во центарот на градот...Враќање назад во хотел.Ноќевање.

 

4 ден (08.04.2018 – недела) ИНСБУРГ – ЗАМОК АМБРАС -  ВАТЕНС / КРИСТАЛНИОТ СВЕТ НА SWAROVSKI – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел . Слободно време во центарот на градот или факултативна посета на замокот Амбрас. Еден од најголемите австриски замоци изградени во 16 век во ренесансен стил. Замокот бил резиденција на надвојводата. Посетата вклучува разглед на исклучително убавата колекција на уметнички дела и куриозитети, како и прекрасната Шпанска сала, оружарницата со средновековно оружје и оклопи, градините...По завршувањето на прошетката низ прекрасниот замок следува факултативна посета, причината за Вашето патување, градот Ватенс (Wattens) и посета на Кристалниот свет на Сваровски. Неверојатен бајковит свет на кристалите со градини кои никого не го оставаат рамнодушен. Пред две децении, брендот „Сваровски“ беше познат по колекционерските фигури и фустани со 10.000 кристали во кој Мерлин Монто во 1962 година му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес, „Сваровски“ е водечки светски произведувач на брусени кристали и има 2.200 продавници ширум светот, а нивните кристали ги красат и креациите со потпис Армани.

Зелениот брег во облик на глава со очи од кристали и водопадот кој излегува од уста е „чувар“ на капијата на Сваровски музејот во австрискиот алпски град Ватенс. Уникатна капија за влез во фантастичниот и уникатен кристален свет...Можност за купување накит од Swarovski кристалите по фабрички цени во продажниот бутик....Во договорено време, аминување за Македонија...Ноќното возење преку Унгарија и Србија со кратки попатни одмори и спроведување на царински формалности.

 

5 ден. (09.04.2018 – понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ до 15.03.2018 : 165 € (10,230 мкд.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ : 185 € (11,470 мкд.)

 


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со туристички автобус на наведените релации (клима/греење, аудио-видео опрема);
  • 2 ноќевања со појадок во хотел, во регионот на Инсбрук;
  • Пратител од агенцијата за време на целото патување;
  • Организациски и реализација на програмата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Влезници за музеите и други туристички објекти;
  • Факултативните излети: (минимум 30 пријавени лица за секој од понудените излети)
  • Кнежевство Лихтенштајн – вклучува превоз, влезна такса за Лихтенштајн и услуги на пратителот. -  35 €
  • Замок Амбрас – вклучува превоз, влезница за замокот, услуги на локален водич на англиски јазик. -  20 €
  • Кристалниот свет на Swarovski –  вклучува превоз, влезница за посета на Светот на кристалите и услуги на пратителот. -  30 €
  • Останати неспоменати услуги
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување.

 

  

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 10.07.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

 

 

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk