Прага Велигден 2018

Прага

Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН 2018 ВО ПРАГА

05.04 – 10.04.2018 (6 дена / 3 ноќевања)

 

 

 

 

1 ден (05.04.2018 – Четврток) : СКОПЈЕ – СРБИЈА – УНГАРИЈА-СЛОВАЧКА

Состанок во Скопје во договорено време и место.  Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

 2 ден (06.04.2018- Петок) : ПРАГА

Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Следува разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица... Сместување во хотел. Слободно време за одмор Ноќевање.

 

3 ден (07.04.2018 - Сабота) : ПРАГА – ДРЕЗДЕН - ПРАГА

Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Во Дрезден со локален водич ќе ги видете следниве атракции: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј  Враќање од Дрезден кон Прага. Во вечерните часови можнност за факултативна посета на ресторан или пивница. Ноќевање.

 

4 ден (08.04.2018 - Недела) : ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ –КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА - ПРАГА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање во хотел. Можност за факултатива крстарење по Влтава и ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава.Ноќевање.

 

5 ден (09.04.2018 - Понеделник) : ПРАГА  – ВИЕНА – УНГАРИЈА

Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за  Виена во 08:00ч. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.... Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности.

 

6 ден (10.04.2018 – Вторник) : СРБИЈА – СКОПЈЕ

Патување низ Србија и пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 138 119  ( 7.378 ден.)

 

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

  • Превоз со модерен туристички автобус на дадените дестинации,
  • Сместување во двокреветни соби во Hotel Fortuna West http://www.hotelfortunawestprague.com/во Прага – 3 ноќевања со појадок,
  • Пратител од агенцијата за време на патувањето
  • Разглед на Виена
  • Организација и реализација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Панорамски разглед на Прага со локален водич – 10€,
  • Крстарење по Влтава – 15€,
  • Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата - 25€,
  • Целодневна посета на Дрезден со локален водич - 30€,
  • Посета на национален чешки ресторан - пивница - 35€,
  • Патничко осигурување.

 

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ :

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 11.07.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот7 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Задолжително пријавување за факултативите до 15.03.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 30  


За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

 

 

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ / Прага /

 

 

Крстарење по Влтава

Факултативното крстарење со брод по Влтава, Ви овозможува да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура на овој град од двете страни нa реката. За време на целото крстарење, имате водење на англиски јазик преку снимено ЦД за знаменитостите покрај кои минуваме. Со класична музика, ова е уште една можост да ја видите Прага од еден поинаков, панорамски поглед, од палубата на бродот кон центарот на градот.

 

Посета на Карлови вари

Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и Тепла , на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св Петар и Павле.Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура,познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“ , како и термалните извори во колонадата „Спрудел“ Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници:Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем , ванила)

 

Посета на Дрезден

Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето извонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост.


Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk