Маурициус “Парче од рајот”

Mauritius

Име на сместување
Држава
Дестинација

Маурициус Парче од рајот

СОФИЈА – ИСТАНБУЛ – МАУРИЦИУС – ИСТАНБУЛ – СОФИЈА

Маурициус- парче од рајот што ги фасцинира сите што ја допреле неговата магија. Самото име на островот го сугерира за тропскиот луксуз, спокојството и можноста за комплетен одмор.  Маурициус  ќе ве фасцинира, ќе се чувствувате како да сте еден од ретките избрани да го допрете ова неверојатно место, каде што секој посетител ужива лично внимание, каде што зад секоја насмевка се крие ветување за уникатен одмор.

Република Маурициус е островска држава во југозападниот Индиски Океан, на околу 900 километри источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар. Освен островот Маурициус, како дел од територијата на Маурициус се и островите Св. Брендон, Родригез и Агалега. Островот е откриен во 1507 година од страна на португалски морепловци, кој никогаш пред тоа не бил населен со луѓе. Главниот град е Порт Луис, а официјален јазик е англискиот, кој  исто така е  основeн трговски јазик. Не помалку е распространет и францускиот јазик, којшто е  основата за локалниот говорен креолски јазик. Месеците од мај до октомври се поладни, што е поизразено при ниската влажност отколку во намалување на температурите.

Маурициус ... таму каде што се мешаат минатото и сегашноста ... таму каде што се воодушевувачки природните глетки и архитектонски знаменитости ... таму, каде што плажите се бескрајни ... каде што тиркизната вода нежно ги мие белите песочни брегови...

Корисни информации:

• Најдобро време за посета на островот Маурициус е периодот меѓу месеците ноември - мај.

• Валута: локалната валута е рупија. 1 евро = 40,15 рупии;  1 американски долар = 35,88 рупии. Можете да разменувате во хотелите, банките и менувачниците. Банкоматите се широко распространети.

• Кредитни картички - речиси насекаде е можно да се плаќа со меѓународните дебитни и кредитни картички Visa или MasterCard.

• Патување - можете да изнајмите автомобил или да користите такси. Во туристичките зони е широко распространето возење на велосипед или мопед. Таксистите работат со однапред утврдени тарифи по километар, кои се гледаат на залепени на вратите на возачите. Бакшишот не е задолжителн, но препорачува.

• Електрична енергија - напонот е 230V. Можете да ги користите европските електрични приклучоци.

• Бакшиши - обично изнесуваат околу 10% од сметката во локалот.

 

Датум:  27.12.2017 - 04.01.2018

9 денови /6 ноќевања /6 појадоци/6 вечери *со опција за All inclusive

вклучена НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА

 

1 ден  - 27.12.2017

Средба на аеродромот во Софија во 19: 35 часот за лет Софија-Истанбул со авиокомпанијата "Turkish Airlines". Полетување во 21:35 часот. Слетување во 00:10 часот. Краток престој на аеродромот, по што следи летот Истанбул-Маурициус со авиокомпанијата "Turkish Airlines" во 01:20 часот.

2 ден – 28.12.2017

Пристигнување на островот Маурициус во 13:15 часот по локално време. Пречек од претставник и трансфер од аеродромот до одбраниот хотел. Сместување во хотелот по 15:00 часот на соодветната база на исхрана. Ноќевање.

3 ден -29.12.2017

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии. Покрај прекрасните плажи, белиот песок и топлите води, Маурициус нуди бројни можности за дополнителни активности, како нуркање, сурфање, голф, посета на природните паркови, ботаничките градини, sky diving, едрење со јахта и многу други. Ноќевање.

4 ден -30.12.2017

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии по желба.

Полудневна ексурзија на главниот град Порт Луис (со доплата)

Обиколка на главниот град на островот Маурициус - прекрасниот Порт Луис, кој ќе ве однесе низ страниците на разнобојната историја и културната разновидност на островот.

Религиозната разновидност е дел од културната традиција на островот. Светилиштата се отворени за љубопитните туристи - муслиманските џамии, кинеските пагоди, хиндуистичките храмови и христијанските цркви. Порт Луис е најголемиот град во Маурициус, како и економски и административен центар на островот. Веднаш покрај главниот плоштад можете да се прошетате долж најимпресивниот булевар - Place d'Armes, опкружен со кралски палми од двете страни. Можете да уживате во неколку прекрасни француски колонијални згради, особено на зградата на Владата и на општинскиот театар. Ќе имате слободно време за да ја посетите крајбрежната улица, како и трговски комплекс Le Caudan Waterfront. Живата крајбрежна улица нуди бројни можности - за шопинг, места за забава, ресторани со поглед на пристаништето Порт Луис. Крајбрежјето на Порт Луис е средиште на културниот живот во Маурициус.

Цена по лице:  45 EUR (од 4 до 8 лица)

5 ден -31.12.2017

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии по желба.

Целодневна екскурзија со катамаран

По појадокот ќе заминеме на еден ден исполнет со сонце, пијалоци, вкусна храна, многу забава и релаксација, на крстарење со катамаран!

Поради ваша погодност, Ви нудиме голем избор на крстарења до неколку дестинации, со неколку различни појдовни точки. На север, изборот е меѓу Gabriel Island и Flat Island. Можете исто така да видите делфини за време на едно од нашите крстарења на западниот брег. Друга можност е да одберете крстарење на источниот брег со посета на познатиот остров Ile aux Cerfs.

Во текот на крстарењето ќе имате слободно време за нуркање, сончање и пливање. На катамаранот ќе можете да уживате во вкусен BBQ ручек со свежа риба, пилешко и избор на салати и леб со лук.

Цена по лице: 95 EUR

Пречек на Новата година во избраниот хотел со многу песни, танци и веселба!

6 ден -01.01.2018

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии по желба. Покрај прекрасните плажи, белиот песок и топлите води, Маурициус нуди бројни можности за дополнителни активности, како нуркање, сурфање, голф, посета на природните паркови, ботаничките градини, sky diving, едрење со јахта и многу други. Ноќевање.

7 ден -02.01.2018

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии по желба.

Водопадите Тамарин / седумте каскади (со доплата)

Имате можност да одите длабоко во локалните шуми на јужниот дел на Маурициус - Les Sept Cascades. Буквално во превод името значи "седум водопади", местото што го преферира локалното население за туризам во раскошно зеленило.

Преминот го открива едно од најпредизвикувачките места, а на крајот од вашата прошетка ќе стигнете до разладувачките извори и водопади. Ќе имате можност да уживате во неверојатни панорамски глетки. Ќе поминеме низ мала патека, од каде ќе се откријат пред вас за првпат седумте водопади, а потоа ќе застанеме на уште неколку места каде ќе имате можност да ги видите водопадите од различни страни.

Цена по лице: 140 EUR (од 1 до 3 лица)              95 EUR (од 4 до 8 лица)

8 ден -03.01.2018

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии по желба.

Неочекувана средба со делфини – полудневна екскурзија (со доплата)

Уживајте во една неверојатна средба со делфини. Патување со моторен чамец и посета на островот Benitiers каде што ќе имате вкусен ручек.

Уникатниот дел од искуството на оваа екскурзија е пливањето со делфини во нивната природна средина!

Цена по лице: 95 EUR (од 1 до 3 лица)                 65 EUR (од 4 до 8 лица)

9 ден -04.01.2018

Појадок. Напуштање на собите во 12:00 часот и можност за користење на заедничките делови на хотелот. Трансфер до аеродромот за лет Маурициус-Истанбул со авиокомпанијата "Turkish Airlines" во 21:05 часот.

10ден -05.01.2018

Слетување на аеродромот во Истанбул во 06:00 часот по локално време. Краток престој, по што следи лет Истанбул-Софија во 08:45 часот. Слетување во Софија во 09:10 часот.

 

Цени на пакет аранжман по лице :

ХОТЕЛ

Пансион

Возрасен во двокреветна соба

Еднокреветна соба

Трето возрасно лице

Дете до 12год. со 2-ца возрасни

SeaView Calodyne 4*

Standard Room

All Inclusive

2285 €

2630 €

2280 €

1860 €

RIU Creole 4*

Lateral Sea View Room

All Inclusive

2405 €

2945 €

2265 €

Дете /7-12г./

1506 €

The Ravenala 4*

Couple Suite

Закуска и вечеря

2645 €

3321 €

1510 €

Дете /7-12г./

1830 €

Sofitel IMPERIAL 5*

Standard Room

Закуска и вечеря

3550 €

5475 €

2655 €

1840 €


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • 7 ноќевања на соодветната база на исхрана во избраниот хотел;
  • Новогодишна Гала вечера во хотелот;
  • Авионски билет на релација Софија-Истанбул-Маурициус-Истанбул-Софија со вклучени аеродромски  такси;
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром и пакет „Добредојдовте“, кој вклучува:
  • −Личен пречек на аеродромот во Маурициус од страна на нашата фирма партнер со цветен венец и минерална вода;
  • −Асистенција на аеродормот;
  • −Пакет, кој вклучува мапа/карта на островот Маурициус и информации за екскурзиите кои се нудат;
  • −Придружба до хотелот од страна на претставник на фирмата партнер;
  • −Информативен состанок во избраниот хотел;
  • −Лично планирање на екскурзиите;
  • −24-часовна помош за време на престојот.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • По желба – можност  за рано сместување со дополнителна доплата;
  • По желба – индивидуален трансфер со луксузен автомобил, трансфер со хеликоптер;
  • Услуги кои не се наведени како вклучени за соодветниот хотел;
  • Трошоци од личен карактер;
  • Бакшиши;
  • Осигурување за “Откажување на патувањето” во вредност помеѓу 1,50% и 3,30% од вредноста на аранжманот, во зависност од времетраењето на периодот до почетокот на патувањето.

 

Услови :

Информации за летот:

27 Декември  TK1030 Софија 21:35 Истанбул 00:10
28 Декември TK 160 Истанбул 02:20 Софија 13:15
04 Јануари TK 161   Маурициус 21:05 Истанбул 06:00
05 Јануари TK1027 Истанбул  08:45 Софија 09:10

Неопходни документи :

  • Меѓународен пасош со важност минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • За деца под 18 години кои патуваат без родители - нотарски заверка со родителска дозвола за напуштање на земјата (оригинал и 1 копија). За деца, чии родители се со различни семејства, потребна е копија од извод на раѓање на детето, во кој се запишани и двата родители.

Рокови за отказ на аранжманот  и пенали:

  • До 90 дена од датумот на патување - без пенали.
  • Од 90 до 45 дена пред патувањето – задржување на депозитот.
  • Од 45 дена до денот на патувањето -  100% пенали.

 

Сезони


Пакети - SeaView Calodyne 4* Standard Room

Типмин. лицамин. ноќевања27.12 - 04.01
за членSeaView Calodyne 4* Standard Room
All inclusive (се вклучено) 11 2630
21 2285
дете (0-11,99) + 2 лица 11 1860
3ти возрасен 11 2280

Пакети - RIU Creole 4* Lateral Sea View Room

Типмин. лицамин. ноќевања27.12 - 04.01
за членRIU Creole 4* Lateral Sea View Room
All inclusive (се вклучено) 11 2945
21 2405
Дете (0-6,99) + 2 возрасни 11 -100%
3ти возрасен 11 2265
дете (7-11,99) + 2 возрасни 11 1506

Пакети - The Ravenala 4* Couple Suite

Типмин. лицамин. ноќевања27.12 - 04.01
за членThe Ravenala 4* Couple Suite
Полупансион 11 2645
21 3321
Дете (7-11,99) + 2 возрасни 11 1830
Дете (0-6,99) + 2 возрасни 11 -100%
3ти возрасен 11 1510

Пакети - Sofitel IMPERIAL 5* Standard Room

Типмин. лицамин. ноќевања27.12 - 04.01
за членSofitel IMPERIAL 5* Standard Room
Полупансион 11 3550
21 5475
Трет возрасен 11 2655
Дете (2-11,99) + 2 возрасни 11 1840

Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk