Дубаи 5 ноќевања од Софија

Дубаи

Име на сместување
Држава
Дестинација

ДУБАИ

 5 ноќевања / 6 дена - со вклучени екскурзии за Дубаи и Шаржа

                                                  Есен 2017: 17.11.2017 – 22.11.2017, 08.12.2017 – 13.12.2017

Програма на патувањето

 

Ден 1

Средба на аеродромот во Софија / Терминал 2/ во 13:00 ч. со водичот на групата, кој ќе ве придружува за време на целото патување. Полетување  за Дубаи во15:20 ч. со авио- компанијатаFLYDUBAI. Пристигање на аеродромот „Дубаи Интернешанал Еирпорт” во 22:05 ч. Трансфер и сместување во избраниот хотел. Ноќевање.


Ден 2

Појадок. Целодневнатуристичка обиколка на Шаржа и Дубаи соводич на бугарскијазик.Денес ќе го разгледате второто и третото по големина емиратство во ОАЕ. Турата ќе започне со панорамски разглед на Шаржа, ќе ја видите Сината џамија и Синиот сук, како и пешачки разглед по крајбрежната улицаШаржа е наречено емиратство на знаењето и науката, тоа се простира на плоштина од 2600 кв.км меѓу Дубаи и Ажман и е управувано од семејството Ал Касими. Макар и трето по големина, Шаржа е емиратството со најбогатата и интересна историја. По оваа прошетка ќе се упатиме кон Дубаи, за да започнеме од самиот почеток, ќе го посетиме Музејот на Дубаи. Сместен во  импресивната тврдина Ал-Фахиди (Al-Fahidi), изградена во 1787 г., за да го чува тогашното село од морски приливи. Зградата контрастира со модерните архитектонски постигнувања, претставувајќи автентична локална архитектура.  Фигурите со реални размери го претставуваат животот таков, каков што  бил пред откривањето  на нафтата и пред Емиратствато да стане синоним на технолошкиот бум и место од иднината.Разгледот ќе продолжи со посета на Куќата на Шеих Саид Ал Мактум (Sheikh Saeed Al Maktoum). Датира од ХІХ век, овие дворци во кварталот Ал Шиндага (Al Shindagha) се одличен пример за традиционална архитектура. Изградено е од корали, покриени со гипс. Тука може да ја видите колекцијата од ретки поштенски марки и монети. Слободно време за ручек.

Се насочуваме кон новиот дел на Дубаи, каде ве очекуваат редици од  архитектурни фантазии, претворени во реалност, интересен контраст меѓу најпочитуваните стари традиции и ултрамодерниот лукс и многу бои во срцето на пустината. За време на обиколката ќе го видите дворецот на шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум, Шеик на Дубаи и Министер-председател на ОАЕ (однадвор), крајбрежниот квартал Џумеирах (Jumeirah), највискоиот облакодер на светот  Бурж Калифа /Burj Khalifa/ и 7-звездниот хотел Бурж ал Араб (BurjalArab). Застануваме за фото-пауза во близина до симболот на Дубаи, Бурж ал Араб. Турата продолжува со посета на Мадинат Џумеира /Madinat Jumeirah/ или како го нарекуваат-„Арабската Венеција”, слободно време за романтични слики и краток одмор.Потоа ќе се упатиме кон вештачкиот остров  Палм Џумеира/ThePalmJumeirah/, каде ќе имаме можност да ја видиме и сликаме големата капија на луксузниот хотел „Atlantis The Palm”. Ќе продолжиме кон новиот блескав квартал Дубаи Марина /DubaiMarina/ и ќе сопреме за фото пауза до инзонредниот спирален облакодер со 90 степени свртување -Инфинити Тауер /Infinity Tower/. 

Корисна информација за екскурзијата: Целодневна екскурзија, вклучена во пакетната цена, со водич на бугарски јазик. Транспортот се остварува со климатизиран автобус, но има и краток пешачки дел, времетраење околу 8 часа.

Вечерта: Слободно време за прошетки или одмор. Ноќевање.

Ден 3

Појадок. Слободно време за плажа и забава или можност за дополнителна екскурзија.

Дополнителна екскурзија: Магијата на отворените пазари на Исток,ручек волокален ресторан*;

Цена – 40 EUR

Разгледот ќе започне со текстилниот пазар, каде ќе наидете на изобилие на свила, кашмир и најразлични видови на текстил. Потоа ќе преминеме од другата страна на Дубаи , природниот воден пат, кој го дели градот на два дела – Деира и Бур Дубаи. Разгледот продолжува со пазарот за зачини, парфеми и популарниот „Златен пазар”. Тука ве очекува шарена мешавина на мирис на зачини, изобилство од јаткасти производи слатки арабски аромати, а златарските работилници ќе ве остават без зборови со надмен накит и вештата изработка. На крајот на прошетката ќе посетите и продавница, во која ќе можете да изберете и купите различни сувенири, а потоа ве очекува обилен ручек на блок маса во локален ресторант со прекрасна панорамска  глетка.

*Ручекот на блок маса со голем избор од специјалитети (еден безалкохолен пијалок вклучен во цената). Претежно пешачка тура. Времетраење околу 5 часа.

Вечерта: Можност за дополнителна екскурзија или слободно време. Ноќевање.

Дополнителна екскурзија:Бурж Калифа и Дубаи Мол

Цена – 55 EUR

Исклучително чуство е да бидете на врвот на највисоката конструкција, изградена некогаш. Со своите 828 м и 206 спрата, последниот на 626-тиот метар, Кулата на Халифа, каја во превод од арабски значи Burj Khalifa годржи рекордот наjмногу, за достигнувања во повеќе од 14 категории. Во највисоката  точка кулата се лула хоризонтално, и прави осцилации со должина 1,5 метар

Турата ќе започне со разглед на Дубаи Мол, најголемиот трговски центар во светот, дел од комплексот Burj Khalifa. Ќе видите неколку од нејвпечатливите делови од имотот , како огромниот ѕид на Аквариумот на Дубаи, најголемото лизгалиште, ѕидот на нуркачите и др., а потоа најбрзиот лифт  во светот ќе ве качи за 124 секунди до 124-ти спрат, каде се наоѓа опсерваторијата „На врвот” /At the top/.

Чудата немаат крај во Дубаи по ова што ве очекува. Величественоста на „Танцовите фонтани”, жива вода во позадина со  инзвонредна  музика и ласери со светлина, дури и да не ги споделиме со вас рекордните постигнувања на овие фонтани, тоа нема да ви попречи да потскокнете со нозете од магичното чуство, кое го создава оваа вода која  танцува.

Koрисна информација за екскурзијата: Екскурзијата се резервира и плаќа при резервација на патувањето .

Часот на тргнување може да биде променет, во зависиност од часот на резервацијата за посета на опсерваторијата. Екскурзијата трае околу 4 часа. Трансфер со автобус од и до хотелот во кој сте сместени  и услуга од водич на бугарски.

Ден 4

Појадок. Слободно време за плажа и забава или можност за дополнителна екскурзија.

Дополнителна екскурзија: Абу Даби

Цена – 55 EUR

Само пред 80 години Абу Даби не било многу повеќе од рибарско пристаниште, качено на еден остров во непосредна близина до континентот. Денес Абу Даби – главниот град на Емиратите, зграпчува со лежерна маѓепсаност на белиот песок, тиркизните води, уредност и повторно сјае со архитектонски достигнувања.

Уште на влезот во градот останувате поразени од раскошот на белата џамија „Шеик Заиед”. Ќе имате можност да ја посетите и да доживеете прекрасно чуство на ширина, пространост и бело спокојство.

По разгледот на џамијата, ќе ве однесеме во традиционното село (Heritage Village). Се наоѓа непосредно на морскиот брег  и открива прекрасен поглед кон целиот  град. Таму ќе можете да видите како изгледал животот на мештаните, пред откривањето на црното злато. Ќе  го разгледате и импозантниот хотел  Emirates Palace, изграден во типичен арапски стил со архитектура, која потсетува на палата од бајките.  На враќање  кон Дубаи ќе го посетите островот  YasIsland/ - познат по патеката за Гран При на Формула 1(не е вклучено посета на пистата) и на забавниот парк FerrariWorld. Слободно време за ручек, прошетка или шопинг во молот  Јас (Yas Mall).

Koрисна информација за екскурзијата: Екскурзијата е целодневна и се спроведува со водич на бугаски јазик. Времетраењето на патувањето од Дубаи до Абу Даби е околу 90 мин. по правец. Зо време на посетата на џамијата Шеик Заиед има услов за облеката за мажите и жените. Ве молиме обрнете внимание на инструкциите, кои ќе ви се обезбедат пред заминување.

Ден 5

Појадок. Слободно време за плажа и забава или можност за дополнителна екскурзија.

Допoлнителна екскурзија: Морска прошеткапо Арабскиот залив соспецијалноизнајмена ВИП јахта.

Цена – 55 EUR

Добре дојдовте на палубата на вашата јахта од соништата. Тука боси, среќни и слободни ќе го почувствате шармот на луксузот и холивудскиот блесок. Ве очекува панорамска тура на Дубаи Марината и Џумеира по вода. Сончевите зраци, солените капки од водата, магичните рефлекси на облакодерите, чудесниот вештачки остров ThePalmJumeirah и прекрасното плато на луксозниот хотел BurjalArab се посебна приказна на таа недолга, но незаборавна пловидба.

 

 

Koрисна информација за екскурзијата: На палубата на јахтата ќе имате 2 часа престој. Потребни се пасоши при спроведувањето на оваа тура.

 

Попладне:

Допoлнителна екскурзија:Џип сафари во пустината

Цена – 60 EUR

Оваа екскурзија е скапоцен камен во круната на највозбудливите авантури во Дубаи . Неописливо задоволство ќе ви достави ова „офф роуд“ искуство, ова дивo возење по црвените песочни дини. Срамежливото сонце ќе додаде мека светлина и романтика, а пустинскиот пејзаж ќе ве повикува да навлезете подлабоко и подлабоко во срцето на пустината. Ќе сопрете меѓу црвените дини, за да го пробате вкусот на арапското кафе и гостопримството кон туѓинец.  По зајдисонцето ќе пристигнете во бедуинскиот камп, каде што ќе биде сервирана вечерата под отворено небо.  Тука ќе може да ви ги нацртаат рaцете so к'на, да пушите шиша /наргиле/, да јавате или само да се сликате со камила, сето тоа во позадина на арабска музика и стомачен танц

 

Koрисна информација за екскурзијата:: Почеток на екскурзијата 15:00ч. Времетраење околу 5 часа. Сафари џиповете ќе ве земат од вашиот хотел. Екскурзијата не е погодна за бремени жени. За деца до 6 год, сафарито е одговорност на родителите и се одобрува по потпишување на документ за согласност . За ваша погодност носете лесна облека и шал.

 

Ден 6
Појадок. Одјавување од хотел.
Трансфер до аеродром и лет до Софија во 10:50ч. Пристигнување на аеродромот во Софија во 14:35ч.

 

 ЕСЕН 2017:17.11; 08.12

Хотел

По лице водвокреветна соба

Еднокреветна соба

Доп. легло вособа со двајца возрасни

Дете (2-5,99г) вособа со двајца возрасни

Дете (6-11,99г) вособа со двајца возрасни

Ibis One Central 3*

608€

787€

N/A

N/A

N/A

Novotel Deira City Center 4*

644€

859€

644€

425€ без легло

479€

без легло

 

Пакетната цена вклучува:

  • Авионски билет Софија – Дубаи - Софија  со вклучени аеродромски такси и кетеринг со Флај Дубаи
  • Еден кабински багаж до 7 кг. со димензии 56/45/25см 
  • Чекиран багаж 20 кг.
  • Трансфер аеродром -хотел- аеродром
  • 5 ноќевања со појадок во избраниот хотел
  • Панорамски разглед на Дубаи и Шаржа со водич на бугарски јазик
  • Водич од Бугарија за време на целото патување и целиот престој
  • Услуги на бугарски јазик за време на престојот во  Дубаи


Пакетната цена не вклучува:

  • Виза - 85EUR по лице
  • Дополнителни екскурзии
  • Лични трошоци
  • Такса „Туристички Дирхам” во Дубаи  - се плаќа задолжително и лично од туристот при сместување во хотелот  и се таксува по соба на вечер:

Ibis One Central 3* - 10 дирхама (околу 2,5 ЕУР)

Novotel Deira City Centre 4* - 15 дирхама (около 3,5ЕУР)

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХОТЕЛИТЕ ПО ПРОГРАМА:

 

 

Ibis One Central 3*

Новоотворен хотел во јануари 2016 г. Се наоѓа до булевар Шеик Заиед. На 5 минути пешачење до метро станицата World Trade Centre. Хотелот се наоѓа во близина до Бурж Халифа, Dubai Mall и Џумеира Бич. Бесплатен Wi-Fi. Хотелот нуди за гостите си секојдневно бесплатен трансфер до плажа, Dubai Mall и Mall of the Emirates.

Novotel Deira City Center 4*

Лоциран точно спроти Deira City Mall центар. Хотелот се одликува со стилски надворешен базен, фитнес центар. Гостите на Novotel Deira можат да уживаат во медитерански јадења во Талат ресторан, а 2‘та модерни бара и 24-часов рум сервис обезбедуваат пијалоци деноноќно .

 

Услови за резервација:

Пасошот треба да биде валиден 6 месеца по датумот на патувањето.

Депозит од 50% од сумата по лице.

Доплата до 30 дена пред заминувањето.

 

Отказ на резервација:

Во случај на отказ на патувањето, фирмата ја враќа сумата според следните одбивања :

до 60 дена пред датумот на патување: без пенали

од 59 дена до 31 ден -депозитот

од 30 до 0 денови: 100 % пенали од целиот договор

Туроператорот го задржува правото на промена, при неопходност на часовите на полетување.

 

Вид на транспорт: Авион и Автобус

 

Забелешки:

  • Наведените пакет цени се пресметуваат при курс на денарот во однос на доларот 1 USD = 56.30 денари. Во случај на промена на девизен курс доколку се зголеми или намали со 5 или повеќе проценти, туроператорот го задржува правото да поднесе корекција на вкупната пакет цена.
  • Ве молиме да имате во предвид дека некои од хотелите во Дубаи при пристигнување бараат депозит за услуги во хотелот - мини бар, спа, бар, ресторани. Ако депозитот не се користи се враќа. Плаќањето може да биде во готово или со кредитна картичка.
  • Минимален број на туристи за остварување на екскурзијата – 20. Рок за известување за недостигнат број: 14 дена пред датумот на поаѓање
  • При промена на цените на влезните трошоци за објектите и рестораните, истата ќе биде променета и прекалкулирана.

 

 

 Дополнителни екскурзии:

 

Вечера во пустината -возрасен 150 евра, дете 4-12 г 75 евра (мин.2 лица)

Цената е во евро полице и вклучува: трансфер од/до хотелот (ресторанот е во пустината на 60 км од Дубаи), вечера на шведска маса, артистична програма, безалкохолни пијалоци и вода

 

Летање со хеликоптер – 12 мин. Со трансфер од и до хотелот - 200 евра.

Вечера в хотел Армани – 130 евра со вклучен  трансфер во еден правец. Вечера во ресторан Mediterraneo. Пијалоците не се вклучени.

Градините MIRACLE - 35 евра(мин. 10лица)

Програмата вклучува: Климатизиран транспорт од и до хотелот

GLOBAL VILLAGE

Цени:  возрасен 30 евра(мин. 10лица)

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk