Пребарувај понуди


Име на сместување
Држава
Дестинација
од
до
Категорија
Број на ѕвезди





Pulse Fitness & Spa - НАСКОРО


Pulse Fitness & Spa најголемиот и најуспешен ланец на фитнес-клубови наскоро ќе биде достапен и во Македонија. Што е Pulse Fitness & Spa и зошто го категоризираме како лајфстајл клуб?
Pulse Fitness & Spa не е само просторија за вежбање ниту обичен спа комплекс, тоа е место каде членовите на клубот делат една поинаква визија за исполнет живот.

Времето поминато во Pulse Fitness & Spa е време поминато во грижа за себе. Станува начин на живот затоа што е забавно, корисно и значајно. Лајфстајл клубот истовремено е и прибежиште од стресот и дом каде секој може да најде поддршка за своите цели и соништа. Можеби тоа е губење телесна тежина или зајакнување на телото, правилно хранење и медитација, или можеби само релаксирање и разговори со пријатели за време на пауза од интензивниот групен тренинг.

Во Македонија Pulse Fitness & Spa клубот наскоро ќе биде отворен во Струмица каде на простор од 1200 м2 за Вас подготвивме иновативен, трендовски и ултрамодерен центар. После првиот клуб ланецот на Pulse ќе се прошири во уште 15 градови во Македонија.

Секоја локација, именувана Pulse Fitness & Spa, е изградена, изведена и опремена со најновата генерација на материјали, подови, уреди и додатоци кои ги исполнуваат најстрогите стандарди на индустријата на глобално ниво.
Овој фитнес ланес е изграден целосно врз принципот на членство во клубот кое Ви дава целосен и сеопфатен пристап до сите услуги - групни активности и тренинг со личен тренер, бесплатни семинари за исхрана, специјални детокс програми, персонализирани режими на исхрана, попусти во партнерската мрежа на Pulse Fitness & Spa, пристапи до спа зона и уште многу изненадувања.

Вашиот избор за развој е неприкосновен. Нашата улога е да сториме сé што можеме за да се чувстувате лесно и пријатно.

Чест и задоволство за нас е да бидете членови на нашиот клуб!

Визија

Нашата визија е да го промениме обликот на спортување кај нас. За нас ова не е активност својствена само на најпосветените, туку дел од современиот живот за кој секој може да си пронајде волја и сила.

Накратко за историјата на Pulse Fitness & Spa

Pulse е основан во 2012 година во Бугарија и во текот на следните 6 години се изградени 10 клубови на вкупна површина од 32.000 м2 во четири градови во Бугарија. До крајот на 2018 година, бројот на активни членови е 20.000, а во текот на годината преку 50.000 луѓе минуваат низ објектите во целата земја.

Со своите 5 последователни годишни награди за најдобар фитнес клуб, 10 ултра модерни локации, над 100 висококвалификувани тренери и десетици илјади членови на клубот, Pulse Fitness & Spa е категоричен лидер во фитнес и велнес индустријата.

По стандардите на нашата партнер компанија во Бугарија, Pulse Fitness & Spa ќе работи и ќе се развива и во Македонија.
Воведуваме успешна приказна на лајфстајл клуб и веруваме дека ќе следуваат долги години постоење, исполнети со задоволни членови.


Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk