|
Гордост ни е да Ви ја претставиме Винарската визба “Тиквеш” од Кавадарци, ризницата на вина со препознатлив вкус и со рафиниран изглед, идеални за опуштања и пригодни дарувања.Оваа вештина за правење вина е плод на специфичната континентална клима, на знаењето и упорноста кои на Тиквешијата никогаш не и недостасувале. “Тиквеш” е најголем производител на вино во Македонија и се вбројува во редот на најголемите винарски визби на Балканскиот полуостров
ПРОГРАМА
Поаѓање кон Кавадарци во 08.00 часот од претходно договореното место. Пред пристигнување во визбата ќе го посетиме античкиот град Стоби. Пристигнување во визбата околу 11.00 часот. Прошетка низ винаријата со професионален водич. По прошетката организиран свечен ручек во уникатниот ресторант во Винарската визба “Тиквеш” дополнет со пријатните звуци на ансамблот Трио Гранде. По ручекот во попладневните часови планирано е посета на црквата Св. Димитрија изградена во 1834 обогатена со кафе пауза во некој од кафетериите во Кавадарци. Враќање за Струмица во попладневните часови. ЦЕНA: Со автобус 1490 денари Со мини бус 1750 денари
Цената вклучува
- Организиран превоз на релација Струмица – Стоби – Кавадарци – Струмица
- Свечен ручек во уникатниот ресторан на Винарската визба Тиквеш
- Организиран разглед на винаријата со професионален водич
- Организација и придружник од агенцијата
Напомена: Цената на автобусот е направена на минимум 45 патника Цената на минибусот е направена на минимум 17 патника
Организиран свечен ручек Мени
Аперитив Шампањ ERGION
Салата зимска салата (бела и црвена зелка, цвекло, целер, келераба, сенф, пршута и бело сирење) Traminec Special Selection
Предјадење похована полнета пиперка, пржени тиквички, пржени модри патлиџани, печено сирење Chardonnay Limited Edition
Главно јадење Тиквешка тава (свинско месо, пилешко бело месо, печурки, зеленчук) или Свинско каре со милерам прелив од праз и домашен колбас Vranec Special Selection
Десерт Чоколаден мус со маринирано овошје и сладолед од ванила Temjanika Special Selection
Додатоци Домашна пита (баник), ајвар, печени лути пиперки |