|
Недела, 15 Март 2009 20:10 |
|
Поаѓање од Струмица во 06:00 часот од договореното место.Патот води преку Скопје и Маврово. Панорамска прошетка низ националниот парк Маврово, еден од најубавите и живописни предели на Македонија. Групата продолжува кон еден од несомнено најубавите манастири во Македонија – Св. Јован Бигорски.. Манастирот се наоѓа во прекрасниот кањон на реката Радика. Местото е благословено со многу извори и прекрасна клима. Манастирот го чинат значаен не само прекрасниот иконостас работен во резба, туку и најголемото богатство на манастирот – чудотворната икона на Св. Јован Крстител. Следува посета (факултативно) на женскиот манастир Рајчица, кој се наоѓа во непосредна близина на Дебар. Враќање према Стумица доцна попладне.
Цена со автобус: 750 Цена со мини бус:950
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на дадената релација со соодветно превозно средство
Во цената на аранжманот не е вклучено
- Факултативен ручек кој по договор со групата би можел да се организира во Скопје, Маврово или Трница.
НАПОМЕНА
- цената со автобус е правена на минимун 45 патника
- цената со мини бус е правена за минимѕм 18 патника
|