Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Печати Е-пошта

(Св.Гаврил Лесновски – Св. Јоаким Осоговски – Кокино – Св. Ѓорги Старо Нагоричани)

Тргнување од Струмица во 7 часот од претходно договореното место. Се патува преку Скопје, Велес и Штип до манастирот „Св. Гаврил Лесновски“, подигнат од деспотот Јован Оливер во 1340, кој може да го видиме и на фреска во манастирот. Самиот манастирот има и прекрасен дрвен иконостас. Патот продолжува кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, изграден од најголемиот македонски градител на цркви, Велешанецот Андреј Дамјанов во 1854-1855. Ручекот е предвиден во манастирскиот ресторан. На крајот ја посетуваме црквата „Св. Ѓорги“ во Старо Нагоричано, која ја изградил српскиот крал Милутин во 1313 година. Фреските се насликани од најпознатите сликари во Византија од XIV век, Михаил и Ефтихиј. Враќање во Струмица во вечерните часови.







ЦЕНА со автобус: 950 мкд
ЦЕНА со минибус: 1200 мкд

Во аранжманот е вклучено:

  • превоз со автобус,
  • ручек (салата, свинска кременадла, телешки стек, вариво десерт, еден пијалок) во манастирскиот ресторан „Св. Јоаким Осоговски“,
  • организација и водич од агенцијата,

Во цената не е вклучено:

  • други неспомнати услуги
  • влезници за локалитетите кој што ќе се посетат.

Напомена: Цената за автобус е правена на минимум 45 патника
Цената на минибусот е правена на минимум 17 патника

 
Copyright © 2010 . atlantis.com.mk.
JoomlaTheme.net