|
|
ВИЗЕН РЕЖИМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ДРУГИ ДРЖАВИ, СПЕЦИЈАЛНИ АДМИНИСТРАТИВНИ РЕГИОНИ И СУБЈЕКТИ И ТЕРИТОРИЈАЛНИ ВЛАСТИ НЕПРИЗНАТИ КАКО ДРЖАВИА Држава, субјекти и административни региони
НАПОМЕНА: 1*. Виза не е потребна за носители на македонски биометриски патни исправи.2*. Виза не е потребна за носители на дипломатски и службени патни исправи двострано. 3*. За државјани на Република Македонија и на Азербејџан, Белорусија и Украина ќе се применува Спогодбата склучена меѓу Владата на поранешните СССР и СФРЈ за взаемни патувања на граѓани, од 3.10.1989 година. Според Спогодбата виза не е потребна: а. за дипломатски и службени патни исправи и за граѓанските патни исправи клаузула “деловно” б. за туристички и групни патувања во организација на туристички агенции и поединечно со “ваучер” в. со заверка на покана ако се оди во посета на роднини или пријатели или со “заверена телеграма” во итни случаи (свечености, болести и сл.) до 90 дена. г. за посета на гроб на роднина што се докажува со потврда од Црвен Крст д. за патување заради здравствени прегледи или консултации, се приложува упат или покана од здравствена организација. Во сите други случаи потребна е виза. 4* Не е потребна виза за дипломатски и службени пасоши и пасош со клаузула деловно, двострано и за обичен кинески пасош за службени потреби-passport for public affairs). 5* За издавање визи за влез во РМ на државјаните на овие држави потребна е согласност од МВР, освен за носителите на дипломатски и службени пасоши на Р.Молдова. 6* 7* Доколку, се поседува Шенген виза или претсој во земјите од шенген зоната, не е потребна виза за влез во странската замја. 8* За овие земји не се наплатува такса при издавање визи за влез во РМ. Се наплаќаат само фактички трошоци. 9* Визата се издава на аеродром, со предходно обезбедување на: повратна авио карта, хотелска резервација или доказ на поседување на финансиски средства. 10* 11* Секој странец кој поседува важечка Шенген Ц виза, може да влезе во Република Македонија без да поседува македонска виза, но должината на престојот се лимитира со условите наведени во Шенген визата. Нагласуваме дека горенаведената Одлука не се однесува на национални визи издадени од Шенген земјите, односно Шенген визата треба да биде со важност за целата Шенген зона. 12* 13* За патување на државјани на овие држави во РМ, се применува Спогодбата наведена во точка 3*. За патување на државјани на РМ во овие држави, потребна е виза. 14* За туристички престој на државјани на РМ во Сингапур, до 14 дена, не е потребна виза, а за престој по други основи, виза е потребна. 15* За туристички престој на државјани на РМ во Хонг Конг, до 15 дена, не е потребна виза, а за престој по други основи, виза е потребна. 16* Визите за краток престој до 90 дена, за државјаните на РМ, бесплатно ги издаваат следните држави : - Бугарија - Романија и - Ирска 17* Согласно билатералната спогодба со Аргентина, државјаните на двете земји, носители на обични пасоши, можат без виза да патуваат во другата држава и престојуваат туристички до 3 месеци. За патување и престој по други основи и за носители на дипломатски и службени пасоши, потребна е виза. 18* Државјаните на РМ со обични пасоши, можат без виза да патуваат во Кенија и да престојуваат туристички до 3 месеци. За патување и престој по други основи и за носители на дипломатски и службени пасоши, потребна е виза, која се добива на граница (најава со нота). 19* Визи за државјаните на РМ може да бидат издавани на граница на влегување. 20* Такса не се наплатува за одобрување на привремен и постојан престој за државјаните на двете држави. 21* За носителите на специјални патни исправи на Перу виза не потребна. 22* За туристичко патување виза не е потребна, за студенти и деловно патување виза е потребна. 23* 24* Македонските државјани кои поседуваат шенген визи може да транизитираат низ Р.Бугарија и Р.Романија до 5 дена. 25* 26* 27* За државјани на Република Македонија и на Руската федерација се применува Спогодбата склучена меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската федерација за услови на заемни патувања на државјаните на Република Македонија и на Руската Федерација (Сл. Весник на РМ бр.119 од 19.09.2008 г.).Согласно Спогодбата: - виза не е потребна: а) носители на дипломатски и службени патни исправи на двете држави (престој не подолг од 90 дена) б) државјаните на двете држави кои имаат одобрение за привремен или постојан престој на територијата на другата државата в) државјани на двете држави кои патуваат на територијата на другата држава заради: *остварување на деловни контакти, размена во научно-техничка, образовната, културната, спортската област и новинарската дејност, краткорочен студиски престој и лекување, како и посета на роднини или познати (престој до 90 дена, врз основа на покана од физички или правни лица оформена согласно законодавство на секоја држава) * туристички патувања (престој до 30 дена, врз основа на оригинален договор за давање туристички услуги (ваучер) и потврда за прифаќање на странскиот турист од организацијата која врши туристичка дејност на територијата на другата држава Во сите други случаи потребна е виза. Од наплаќање на такси за издавање на виза се ослободени одредени категории на државјани на двете држави - За носителите на патни исправи на ООН не е потребна виза. - За сите држави, визите се издаваат единствено во ДКП на РМ во странство. Скопје, 01 Јануари 2010 година
|