|
|
|
ОДМОР НА БЛЕД - СЛОВЕНИЈА
ХОТЕЛ РИБНО 4* Зимска приказна на Блед
Во зимските месеци, кога природата е облечена во бело, пределот околу Блед е особено волшебен. Идиличното езеро со островце, опкружено со снежните врвови на алпските ридови, ве повикува да го поминете своето слободно време на свеж воздух. Можете да одберете да одите на лесна прошетка, на романтично возење во кочија околу езерото или да уживате на белите полиња прекриени со снег. Блед е идеално појдовно место за одење на скијање или на snowboarding, бидејќи е оддалечен само половина час возење од најдобрите словенечки скијалишта. Во центарот на Блед се наоѓа скијалиштето Стража кое погодно за лесно скијање и кое нуди можност за ноќно скијање, додека блиската висорамнина Покуљка е вистински рај за тркачите на скии.
Но, на забавата уште ѝ нема крај – по активно поминатиот ден под синото небо можете да се опуштите во велнес студијата и да уживате во незаборавните гастрономски искуства. Блед ќе ве исполни со посебна енергија. Хотел Рибно
Популарниот хотел Рибно е сместен во идилично горењско село во непосредна близина на Блед. Бидејќи е сместен на самиот раб на шумата, неговата положба ги воодушевува сите кои сакаат во мир да се опуштат во директен контакт со природата. Гостите имаат на располагање 61 пријатно уредена соба и ресторан кој е познат по домашниот амбиент и одличната словенечка и интернационална кујна и љубезниот персонал. Во хотелот се наоѓа ново уредено велнес студио со две сауни, базен за масажа со топла вода и со просторија за одмор.
Ценовник во евра за двокреветна соба за две лица – 5 дневен пакет
Доплата за ДДВ и такса за престој: 1,01 € за лице на ден!
ПОПУСТИ ЗА ДЕЦА ВО СОБА СО 2 РОДИТЕЛИ: |