Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Печати Е-пошта

ДООЕЛ АТЛАНТИС е  приватна туристичка агенција, основана на 24-ти мај, 1995 година, како резултат на професионалната заинтересираност на нејзиниот основач и директор, господинот Сашко Дончевски, кој дипломира на Факултетот за Туризам во Охрид, Македонија.

Денес туристичката агенција Атлантис поседува Лиценца “А” за вршење на туристичка дејност одобрена од Министерство за економија на Република Македонија.

Т.А Атлантис има активно членство во  Сојуз на Стопански комори на Македонија, Господинот Сашко Дончовски е  претставник на Собранието на оснивачи, како основач на Стопанката комора на туристички и угостителки услуги - "Туристичка комора"; Меѓународна асоцијација за авионски превоз (IATAсо код  76-3 2029 6)- единствена светка авионска асоцијација.

T.A Атлантис е една од водечките туристички агенции во Република Македонија позната по професионалната услуга со користење на современи информатички технологии како и стручен и индивидуален пристап со клиентите. Соработката со голем број хотели, приватни изнајмители на приватно сместување и регионални туроператори насекаде во светот ја дополнува комплетноста на услугата и спремноста да се одговори на секое барање на странките.

Одделот за странски туризам работи со организирани екскурзии како и екскурзии прилагодени според барање на групи и поединци, индивидуални патувања со хотелско сместување, авионски, автобуски и бродски превоз, рент-а-кар...
Одделот за домашен туризам нуди услуги за посета на Македонија. Организирани патувања низ Македонија, хотелско сместување, превоз, туристички водичи...
Оддел за авионски карти: Т.А Атлантис е овластен застапник за продажба на билети на голем број реномирани светски авио компании.  Директно сме поврзани со системот за електронско издавање на авио билети – BSP како и резервациониот систем Amadeus. Нашите вработени поседуваат меѓународни сертификати за завршени IATA курсеви за резервација, продажба и издавање на авионски билети.


Т.А Атлантис нуди и услуги за превоз со сопствени возила и возачи. ТА атлантис поседува возила со различен капацитет: два автобуси (51 седиште), минибус (20 седишта), минибус (19 седишта), минибус (8 седишта) и три автомобила.

Т.А. Атлантис е официјален застапник на Western Unionи FedEx

Western Union – светска организација за брз трансфер на пари.
FedEx -екпресна  испорака на пратки низ целиот свет- за територијата на Македонија и со целосен сервис при увоз-извоз на курирски пратки до крајниот корисник во 211 земји во светот.

Главните канцелариии на Т.А. Атлантис се наоѓаат во Струмица, а покрај тоа свои претставништва има и во Скопје (повторно отворено во мај 2008), Битола (од ноември 2005), Охрид (од Јануари 2004) и Радовиш (од Октомври 1999). Канцелариите се компјутеризирани и комплетно опремени за навремено и внимателно извршување на целокупната работа. Во моментот се вработени 19 високо образовани работници со познавање на неколку странски јазици.

Во 2004год. Т.А. Атлантис е добитник на 1-ва награда за најупешна туристичка промоција и услуга на Р.Македонија.  Наградата ja доделува Минитертво за економија на Р.Македонија по повод свеченоста  “Сонце на годината”; Категорија: најуспешна туристичка промоција на Р.Македонија од страна на туристичките агенции.

Во 2004год. Т.А. Атлантис е добитник  на награда за најквалитетна улуга и највисока стапка на пораст за  2004год. Категорија: TOP COUNTRY TEAMS во Источна Европа на Western Union. Наградата  е доделена од WESTERN UNION, во Дубровник на 19 март 2005год.
 
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterToday894
mod_vvisit_counterYesterday1520
mod_vvisit_counterThis week9557
mod_vvisit_counterLast week10735
mod_vvisit_counterThis month4885
mod_vvisit_counterLast month55068
mod_vvisit_counterAll days165786
busyLoading Poll...
Copyright © 2010 . atlantis.com.mk.
JoomlaTheme.net