Политика за квалитет |
|
|
|
ДТУ ДООЕЛ Атлантис Струмица, е приватна туристичка агенција, основана на 24-ти мај, 1995 година. Атлантис е постојана членка на IATA(International Air Transport Association), исто така е активен постојан член на разни асоциации и здруженија сврзани со туристичката дејност, моментално член на управниот одбор на Туристичка комора на РМ. Атлантис поседува и А лиценца за вршење на туристичка дејност. Седиштето на Т.А. Атлантис се наоѓа во Струмица а има и свои претставништва во:
Т.А. Атлантис одсекогаш завзема солидно место и сериозен пристап во туристичката дејност. Од своето постоење, па до денес Атлантис е препознатлива агенција по својот перманентен растеж во речиси сите сфери на локално и меѓународно рамниште.Се одликува со ексклузивни и висококвалитетни аранжмани и квалифициран кадар за различни профили. Стратегија на Атлантис е континуирано да ги подобрува сите свои процеси од својата дејност, од кои главни се:
Со воведување на систем на организација со квалитет се трудиме на поголема одговорност и свест на нашите вработени при исполнување на обврските и надлежностите, зголемување на степенот на задоволување на барањата на корисниците и континуирано унапредување на квалитет и ефикасност. Нашите обврски ги исполнуваме следејќи ги процедурите за квалитет и со тимска работа следејќи ги целите за квалитет сврзани со сите идентификувани процеси предводени од највисокото раководство.
|