Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Print E-mail

Тарифите се формираат на основа на потребите на пазарот од страна на авиокомпанијата и тие не ги вклучуваат аеродромските такси и други такси кои ги пропишува државата, доплата за гориво и сл.
Затоа вистинската цена на авионските карти е значително повисока од онаа која ја рекламираат авиокомпаниите.
Основна поделба на картите е бизнис и економска класа, a понатаму тие се делат кај повеќето авиокомпании на економска класа која има различни тарифи во кои не се разликува услугата во авионот но битно се разликуваат во цената. Генерално, основно правило е што пониска цена на карта значи дека е порестриктивна за резервирање, промена, откажување на патувањето и должината на престојот.

Промотивните тарифи спаѓаат во категорија на најограничени тарифи и за сите нив важат исти услови:

1. многу краток рок на резервација (максимално 72 часа)
2. не се врши промена на резервација  после издавањето на картата и не се враќаат парите во случај да се откаже патувањето.
3. ограничен период на престој

 
Copyright © 2010 . atlantis.com.mk.
JoomlaTheme.net